Размисли, можеби ако рекол дека нема потреба од антибиотик стварно нема. Не е убаво да го труеш телото со антибиотик само да си мирна. Подобро би било доколку постои нешто на природна база или бабин лек
Zdravo devojki denes bev na ginikolog i zemajki brisevi primeti deka imam krvarenje od grloto na matkata i otkri i infeksija koja ja zabelezav i jas, mi kaza deka se somneva deka e virusna infekcija. Kolkavi se sansite da imam hpv?
Не мора да значи има мног вируси. шансите сепак ти се 50-50 или имаш или не. Се ќе ти се открие преку брис и пап. Немаш потреба да се грижиш и да е тоа се лечи
Технички не, треба да биде бесплатен папот еднашка во годината и државно и приатно, меѓутоа сегде го налаќаат....
Искрено не знам. Сигурно може негде но е верувам дека нешто ќе постигнеш. Сто пати се зборело на оваа тема и по порали и телевизии но не гледам дека нешто се сменило
Godisno ednas ili na dve godini pap testot e besplaten? Dali ima nekoe ogranicuvanje vo godinite na zenata za plakjanje?
Здраво на сите, јас правев пап тест и хпв типизација. Резултатите од хпв типизација ми се со уреден наод. На резултатите од пап тест ми пишува бенигни клеточни промени. Дали некој има вакво слично искуство или да тражам мислење кај друг доктор? Фала ви
Здраво девојки. Јас правев ПАП тест предходниот месец, ми се јави сестрата за резултати и ми кажа дека на папот има клеточни промени што асоцираат на вирус и треба да одам за да се земе уште еден брис за да се утврди дали има вирус или не. Дали некој имал вакви резултати и што значи ова поточно. Јас како за беља сега имам циклус и неможам да појдам на преглед, ќе почекам уште некој ден...
Хпв типизација треба да правиш. Контактирај ги да се договорите кога да отидеш, мене ми кажале дека најдобро 10 дена по добивање да се земе брис.
Што значи хпв типизација? Може ли да укажува на нешто сериозно и дали кај гинекологот се прави само со брис?
Ќе ти земат брис од кој ќе утврдат точно кој ХПВ го имаш, но не мора да значи дека е и ХПВ, оносно ќе се испита што точно ги прави тие клеточни промени. Прашај си го докторот/ката кога да појдеш со оглед на циклусот. Кога ќе ти стигнат резултатите ќе ти дадат соодветна терапија. Немој да се секираш се се решава и лечи, затоа и се важни ПАП тестовите. Со среќа и лесно, те чекаме со убави вести
Два пати правам до сега HPV типизација бидејќи на папот покажува дека има некои промени, но два пати испаѓа дека резултатот е добар и нема ништо. Кај мене најчесто е поради паднат имунитет. Јас сега сум на витаминска терапија па повторно треба да го повторам папот. Не се грижи може нема ништо.
На резултатите од пап тест ми излезе атипични плочести промени? Докторот не ми даде терапија ништо само контола за шест месеци? Не ми кажа ништо. Што значи ова?
Можеби си требала да прашаш што понатаму. Можеби докторот смета дека тоа и не некоја страшна работа, бидејќи многу често организмот сам се изборува со овие промени. Мој совет, да си отидеш или да се јавиш и да си прашаш