1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Папаниколау (ПАП) тест

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Miss.Sweet, 20 март 2012.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.010
    Пол:
    Женски
    На последниот ПАП пред 5 месеци резултатот покажал ХПВ матичната не ми се ни јави да ми каже, сега бев да си го видам резултатот и ми вика ќе го повториме за еден месец и ако покаже пак ќе правиме типизација, ова е прв пат да ми покаже ХПВ, редовно правам контроли барем еднаш годишно и досега само еден партнер сум имала, ме изнервира дека ме ми се јави да ми каже за резултатот. Немам јас никакви симтоми, уште ова ми фалеше. Што да правам?
     
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    32.556
    Пол:
    Женски
    И јас како тебе на ПАП тестот имав резултат за ХПВ. Направив веднаш типизација и испадна дека сè е во ред. Така што, не се грижи, можно е и кај тебе да е истото.
    Огромна грешка и е тоа на матичната, во најскоро време направи го тестот и типизацијата ако е потребно.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Работи на појачување на имунитетот. Во билна аптека Стојанови има чај за ХПВ ако си во можност земи си. Штом нема клеточни промени на грлото на матката нема што да се секираш.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.010
    Пол:
    Женски
    Не знам дали смеам да земам нешто за појачување на имунитет поради автоимуна болест, мислам дека не се препорачува, ама ќе чекам уште еден пап па ќе видам што како. Фала
     
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Како што се сеќавам, хпв како таков не може да излезе на пап. Мене ми излезе клеточни промени што асоцираат на вирусна инфекција и допишано со пенкало хпв до него. Испаничив нормално и правев типизација, ништо немав. Штом немаш цин промени, добро е. Направи типизација и ќе видиш дали воопшто имаш хпв. Сепак вирус е, со јакнење на имунитет ќе го потиснеш (ако излезе на типизација) .
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Хпв има околу 100тина типови, најголем дел од нив не предизвикуваат проблеми, тие што предизвикуваат се околу 10тина, така да голема е веројатноста да имаш безопасен хпв кој не прави проблем.
    Партнерот доколку бил изложен на вирусот од претходни партнерки, така си и ти изложена најверојатно, ама толку е чест што најчесто е невозможно да се улови почетокот на инфекцијата и плус што доколку воопшто некогаш се појават симптоми, можат да бидат и по 10-15 години ама може и никогаш.
    Не се загрижувај, неверојатно чест е, на многу жени им излегува на пап ама најчесто се тие безопасни типови и во најголем број од случаите имуниот систем го чисти за година дена од организмот, без никакви посебни појачувања на имунитет, само со редовна здрава храна, без стрес и всушност се она што вклучува здрав животен стил.
    Не се замарај, прави си прегледи, направи пак пап, типизација, ама имај на ум дека статистички си во супер ситуација, иако страшно звучи прв пат кога ќе слушнеш позитивен резултат на хпв.
    А на матичната побарај и објаснување зошто направила таква грешка да не те извести.
     
    На Dodo1 и 1209 им се допаѓа ова.
  7. Lolita7

    Lolita7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    После колку време од ризичен однос пап тестот може да детектира присуство на хпв вирус? Сестра ми имала ризичен однос пред 4 месеци,сега се добиени резултатите од папот кој е правен пред 1 месец,папот е чист. Дали се резултатите веродостојни?
     
  8. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Сакаш да кажеш дека сестра ти имала не заштитен сексуален однос и дека нејзиниот партнер со сигурност е носител на хпв? Да речеме дека е така, не мора да значи дека мора одма на пап тестот да покаже присуство на хпв, може после 1, 5, 10 години а може и никогаш. Штом папот и е чист нема место за паника, друг пат за секој случај нека си користи презерватив.
     
  9. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    3.299
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ме интересира за колку време ви биле готови резултатите на пап тестот?

    Ми падна чудно бидејќи докторката ми рече за месец дена, додека пак на другарка ми за две недели и беа готови кај друга докторка.
     
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Зависи кај го праќаат брисот да се испита. Јас на приватно чекав 7 дена, државно е месец
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Кај мене за два месеци излегоа резултатите.
     
  12. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    5.534
    Правев ПАП и се јавувам за резултати сестрата ми вика супер е има вирусни клеточни промени. И викам што е тоа вика ништо добар е папот. Јас се испаничив до понеделник дур ја слушнам докторката да ми објасни. Некој искуство?
     
  13. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Ако има вирусни клеточни промени не може да биде супер. Во секој случај почекај до понеделник,резултатот најдобро ке ти го објасне докторката.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Мене со ваков резултат ми рекоа имаш хпв, ме извадија од памет. Во секој случај резултатов како таков ништо не значи, треба типизација да се направи за да се детектира со сигурност хпв
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    5.534
    како и каде се прави типизација, која е постапката?
     
  16. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Ти зема пак примерок за типизација докторот. Знам во Ману прават државно и по приватниве. Околу 4000 беше пред 2-3 години на приватно. Јас пошто не ми беше матична докторката фаќав врски за на ГАК, таму правев, ама мислам дека во принцип нема можност за таму. Тогаш сама си носев примероци, сега не знам како е со коронава.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Матичниот гинеколог ти зема примерок, и ако не сакаш да чекаш во државна цел месец, доколку си во можност однеси го примерокот во некоја приватна лабoроторија. Јас го носев во Биотек, за 24ч ми беше готов резултатот и платив 3 500, за неколку денови мислам беше околу 2500-3000.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Матичната ти зема брис исто како за ПАП. Со упат на Микробиологија на клиника е 250 ден, резултати за околу 3 недели.
    Исто и на ГАК може со упат од матичната.
     
    Последна измена: 26 март 2021
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    5.534
    Се преплашив... а сестрата ми вика немаш ни цин нема ништо, ова е уреден пап и земи една недела ставај бетадине вагиналетки.
     
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Па поверојатно е дека стварно немаш хпв затоа што и да имаш не предизвикал цин пример, но еве ти викам, мене ми се јавува и ми вика имаш хпв, и тоа беше вадење од памет.. Јави се кај матичниот и види што ке ти препорача. И да имаш хпв, ништо страшно не е.
     
    На eli.karameli и AngIv им се допаѓа ова.