1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Папучар

Дискусија во 'Врски' започната од Unfaithful18, 29 септември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Кои особини треба да ги поседува, и како треба да се однесува еден маж за да биде со право наречен папучар? Како го дефинирате овој поим?
    Колкава доза на папучарство содржат вашите дечковци, и дали тоа ви годи?
    Може да наведите пример.
     
  2. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Секој дечко кој ја сака девојката содржи доза на папучарство иако јас тоа не го сметам за папучарство туку за внимание :) . Според мене тоа е многу нормално доколку е во границите на нормалата. Како што ние девојките им угодуваме, правиме се за нив така и тие. Е сеа има екстремни случаи каде сето тоа е пренагласено и делува невкусно. И многу ми е смешно кога некој другар ќе му каже на другиов колкав папучар си, а после 5 минути му се јавува него девојката и овој веднаш трча без А да каже. Значи сметам дека секој дечко е папучар и нормално тоа им годи на сите девојќи како што и на машките им годи ние да бидеме папучарки :lol: хахаха
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.442
    Има лигуши,нема папучари.Тоа се оние истите кои во првиот момент ќе ја откачат девојката за нивната мајка.Молат за љубов од што немаат самодоверба затоа што морале мајка им да ја молат и да и бидат покорни и послушни за да не изедат ќотек или да добијат внимание додека биле мали.

    А инаку,глупаво ми е да речам дека има папучари.Не сакате балканци,не сакате папучари,па што сакате?!
    Нормално е во врска која е сериозна девојката да има предност пред другарите,не да ги занемари целосно и да заборави на нив,ама сепак...
    Јас си го почитувам мојот,не сметам дека е папучар,до душа реков папучарство ко категорија мислам дека не постои.Ме почитува,ми прави услуги и ми помага ако имам потреба за нешто,ми пружа разбирање и љубов,имам предност пред неговите другари,но ни јас не сум захтевен тип,хировит кој дава забрани и желби во лоши и неочекувани моменти,па така што сите страни се задоволен.Но,ако дојде да бира (што и не е некој опасен избор) мене ме става во прв план,потоа нив,но му имам нагласено,помеѓу мене и него,секогаш да се избира себе,па потоа ако има време за мене...затоа што и јас се трудам да го правам истото,иако порано не беше баш така.

    Во секој случај не почитувам девојки кои не почитуваат мажи кои умеат да заплачат кога се искрени и им е тешко...не од оние самоубијците кои кога ќе ги оставиш со кечап се мачкаат,одат на приземје на балкон за да се џиткаат од него,кршат пластично шише за вени да сечат...
     
  4. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Мразам папучари, ја коа зиам да пеглам она не смее да зуцне, 100 пати сум и рекол - Ти се мешам ја коа глеаш спортски преглед?
    http://www.youtube.com/watch?v=z_LmKAPUt_U
     
    На Zoza и girl1985 им се допаѓа ова.
  5. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    Денеска гледав неколку групи и страни на форуми натаму наваму .. и една имаше дечкото папучар направил пат од рози или нешто слично ( не ми текнува што беше точно :^) ) ..
    тоа ти е папучар? бог да чува .. според мене ова нема п од папучар!ако сака да и покаже дека таа му е единствената, дека ја сака, дека сака да биде само со неа, дека се променил, дека ја засакал, дека сака да им трае врската, дека е среќен со неа, сака да ја изненади со тој гест или сака да предизвика задоволувачка насмевка кај својата девојка не значи дека тој е папучар. Ако овој е начин на папучар, тогаш и јас сакам папучар.. во ред, сите бараме руд бојс, но што ќе ти е дечко ако не ти покаже дека му значиш барем малце? всушност денес нема многу такви внимателни "папучари".. повеќето или гледат користи или гледат со било-која да одат "кога нема со која".. глупости.. ;)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.497
    Пол:
    Женски
    Папучар... Според некое недефинирано правило за мене е дечко што и оди по г*зот на девојката.
    Ама поимов повеќе важи кај машкиот пол, види го папучаров |( А во некој период од животот сите биле, се или ќе бидат папучари :)
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    :devil:

    Што подразбирате под папучарење? Дали ако вашиот партнер настојува цело време да ви удоволи тоа го прави папучар? Или едноставно имате поинаква дефиниција за папучар? :)

    Според мене папучар не е човек што и удоволува на девојката и настојува таа да се чувствува убаво. Туку папучар е оној што девојката го `командува` а тој слепо ја слуша и ги исполнува нејзините барања :lol:
     
  8. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Папучар...

    Многу често папучари ги нарекуваат момците што се грижат и ги сакаат своите девојки, а најчесто тоа го прават нивните "другари" кои се на некој начин исфрустрирани што не можат да си најдат женска со која ќе развијат нормална врска (барем во повеќето случаи кои ги имам забележано). Значи не си папучар ако се трудиш врската да ви биде поубава, туку како што кажа Офспринг, цитирам:
    Многу често се случуваше такви дофрлања и коментари да му бидат упатени и на дечко ми, ама на крај беа игнорирани бидејќи јасно се знаеше меѓу нас како стојат работите. :)

    Од друга страна, тука е дечкото на моја блиска другарка која ненормално го злоупотребува во секоја можна смисла, а тој како да не е свесен за ништо што се случува. :lol: Се прашувам дали воопшто ќе му светне сијаличката и што ќе биде кога ќе се случи тоа... Бидејќи неретко оние молчливите и срамежливи типчиња изгледуваат најопасни! :!:
     
    На UnIquEee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    Папучар...

    според мене папучар е мажуле што му наредува жената а тој се прави како таа ќе му каже... како да се плаши од жената, како да живее во срав.. никаде не излегува без дозвола од жената итд...
    многу ги жалам ваквите мажи(не заслужуваат ни мажи да ги наречам)... а уште повеќе ги жалам нивните жени/девојки.. јас искрено никогаш не би излегувала со ваков тип на машки, несакам во врската да преовладува командовање ни од машка ни од женска страна... некои женски уживаат да им кумандоваат на мажите, со тоа мислат дека ќе постигнат мажот повеќе да ги сака, да ги почитува, и најважно мислат дека ако му наредуваат и ако тој има страв од неа дека нема да ги изневери, ама грешат.. некогаш ќе им пукне филмот и на овие папучари. :rofl:
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.095
    Допаѓања:
    56.325
    Пол:
    Женски
    Папучар...

    За мене папучар е лигуш. Срце мрце, златичко, џигерче ти си ми се’ на светов, не можам без тебе ни една минута... :puke:

    Еден соученик во средно носеше маица испринтана со зборовите "Стојне те сакам" (добро не беше Стојне името ама сфаќате што сакам да кажам).
    Па откачување на другарите за да бидеш со љубовта на твојот живот (што ја знаеш само една недела), љубовни пораки на српски јазик најдени од интернет или запишани во тетратка, па ги препраќа на секоја нова девојка... Папучар.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Папучар...

    Папучар за мене е дечко без свое јас.

    Некогаш погрешно се интерпретира овој епитет, се прилепува на сосем ок дечковци, кои ги почитуваат и ценат девојките.
    Не, убаво кажаа девојките погоре, папучар е некој кој слепо се води по мислењата на девојката, и неразумно и удоволува по секоја цена.

    Срце, титни ми од фиксен кога ќе си дојдеш дома.
    Златичко, купи ми ја онаа маичка, те молааааам.
    Не може вечер со другарите , ќе излегуваш со мене.
    Носи ја црвената кошула, не зелената.
    Ваков си , онаков, си, смени ова, направи ова...

    |(
    А тој како некое кутре, само си слуша и си молчи.
    Папучарче.
    И пол.
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Папучар...

    Јас не сметам дека е папучар оној што сака да и угоди на девојка си/жена си. Маж ми и јас совршено си се разбираме и мајка му милува да каже дека ќе му купи поклон за роденден папучи до колена. Она мисли дека јас го командувам , а навистина не е така, па зошто да не прифати тоа што е разумно, па иако е моја идеја, се ли мора тој да планира.
    Инаку папучар жив е оној маж што нема свое јас, што дури ја прашува жена му дали и во WC смее да отиде без таа да одобри. Тој што не излегува со другарите ни на едно кафе , само затоа што жена му така сака, што дури и кога знае 100% дека е во право и попушта.
    Колку и да изгледа дека е ок, мене ваков би ме нервирал,лигле не ми треба :D
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Папучар...

    Па нели папучар е оној чичко што оди по улица и вика папучи за 60 денариии ... папучииии :?: :D Се шалам.

    За мене папучар е лигле. Ти а тој на ... Да ја слуша девојката за се што ќе му се рече ... Да батали и другари и се ... да нема повеќе свое јас ... да се влече по неа ... цело време лизни мазни да им биде се ... се плаши од неа ... срце мое цуце мое ѕвездите би ти ги симнал ... да не си раат од него ... и такви слични работи на овие.

    Се на се дечко влечко ... без свое јас во врската ... без свој живот и размислување. И да има размислувања од девојката се плаши да си ги искаже :)

    Јас вака си го сфаќам овој поим :)
     
  14. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Е кој да не разбере и нас женските, се нервираме кога не не слушаат а кога го прават тоа се лигловци и папучари. Не мислам дека некој е папучар ако си има разбирање со девојката/сопругата и ја почитува пред се, и ја става на прво место. Да ја слуша не мислам да нема свое мислење и слепо да оди по се што ќе каже таа, но кај нас како папучари се сметаат оние нормалните мажи кои ќе се јават на сопругата да и кажат дека ќе задоцнат од работа на пр. бидејќи ќе поминат со другари на кафе, кај нас се цени ако си фраер и ајде лутај по цел ден не се јавувај дома, па ти си маж а не папучр 8) . Или ако за нешто кажеш дека прво ќе се консултираш со девојката/сопругата пак си папучар, а не совесен и одговорен маж кој е свесен дека не е сам и слободен дечко.
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ви текнува на филмот The Shape of Things? Со Paul Rudd и Rachel Weisz? Епа Пол е за мене дефиниција на папучар.
    Муле. Бубаче. Турни ме да кинисам. Дечко без сопствено јас - дефинитивно. Како сакаш така ќе си го обликуваш, ко пластелинче. Море и поарно - ко тесто, само не знам дали ќе излезе од тестово некое асално лепче или кифлички, ама по вкус на девојката секако ќе биде.

    Не е папучар тој што готви, ниту тој што пегла, ниту тој кој прави ред работи за својата драга, од љубов, затоа што сака, затоа што милува да ја изненади, да ја израдува, да направи да се чуствува добро.
    Туку баш е папучар оној кој допушта девојката да му се дере, да го навредува, да го командува - без тој да изусти една буква. На се што ќе каже жената одговара тивко со - ОК.
    Ајде брзо дома, што е ова толку касно седење со другари?
    ОК.
    За кај си се спремил вака? Ајде брзо да промениш облека!
    ОК.
    Добро, ти поклон за мене немаш? Ајде трк до цветен!
    ОК.

    За мене е ова папучар. Плус со папучи - капак на све, добро е :)
     
  16. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Тоа освен ГЛУП, МУТАВ, ЗАБЕГАН, не би го нарекла на друг начин, ни папучар.
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    ^^Па сега, може и така де, повеќе синоними има за дефинирање. За мене терминус техникус ми е - папучар. За се тоа што опишав погоре.
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Е не знам зошто многу девојки папучарот го истоветуваат со романтичен дечко. (макар и што тоа “романтичен дечко“ може на многу начини да се сфати и толкува)
    Им подарил ружи, им донел појадок во кревет, им спремил вечера, ги измил садовите....и папучар бил. Ако дечко ми направи убав гест за мене пред другарите, ќе кажат папучар бил. Ајде бе!?

    Јас го разбирам поимот папучар како дечко кој се влечка по неговата девојка како папучка! :D шала на страна, за мене тоа е дечко кој како што кажаа веќе неколку девојки, нема сопствено јас.
    Дечко кои ги губи своите принципи заради оние на својата девојка, кој инстантно го менува своето мислење ако тоа не е исто со тоа на девојката, дечко кој е способен да ги прегази своите доблести и квалитети, ако тоа и одговара и ако тоа го бара девојката.
    Не е тоа заради доминантнта улога на девојката, туку заради глупава покорност на дечкото, кој е....па да, папучар!
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Папучар е дечко без свое јас. Што дозволува девојката да го командува а тој трчка ваму таму само да и удоволи. Ма таквите се глупаци, нема ништо убаво, скеси или шармантно во нив. Спротивно од тоа, големи дебили и здодевни личности. Ич нејќам таков дечко, мислам тоа зависи колку од девојката толку и од дечкото. Ако е некоја што сака да командува а овој па има симптоми на папучар е дури тогаш се нашле. Целата врска ќе им биде монотона и здодевна |( |-) . Таквите се исмејувани од целата околина, го губат карактерот, пријателите, својот живот. Стануваат програмирани а од страна некој друг ги управува.
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Папучар ти е дефиниција за еден од моите бивши.. |( Да биде уште полошо не беше таков кога тргнавме, ама после некое време стана неподнослив. Барем јас до толку лигавење не сакам. Јас ќе станам да си се напијам вода тој седи душо јас зошто сум. Јас ќе кажам вечер одам со другарките тој готов со солзи во очи, да дојдам и јас ќе ти пречам.. |( WTF? Кога седевме во кафич мораше да бидеме гушнати или за рака оти ако само си седиме тоа значи дека не го сакам јас. :!: Никогаш не одлучи за нешто сам, јас ќе го прашам каде одиме вечер, секогаш беше каде сакаш ти, ајде кажи ти што сакаш да правиме. Се чувствував ко Хитлер, само по мое. Ко јас да бев мажот во врската. Немаше компромис, за него компромис беше тоа што јас го сакам. :| Па по сто пораки на ден, сме се разделиле пред 5 минути тој фрчат смс. Па згора почна да и се јавува на мајка ми, да не и треба нешто кога оди на пазар. Никаде не мрдаше сам, се јавуваше да ме праша дали ќе ми пречи ако оди на фудбал. :fubar: Е кога раскинувавме може да замислите што плачки беше. :|