1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Папучар

Дискусија во 'Врски' започната од Unfaithful18, 29 септември 2010.

  1. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Каков папучар бе, сакам дечко кој има цврст став, кој знае што сака и кој нема да трчка како мало кутре и да се умилкува.
    Сакам дечко ми кога ќе ми се спротистави за некои работи, понекогаш знам дека не сум во право, но ете пусти инает и не попуштам. Е, сега ако тој се ми иде по ќефот нема да биде интересно, вака мора да се рчнеме, да се испокараме па после тоа љубовта ни е послатка. Се знае до каде треба да се оди, се си има граници.
    Воопшто не ми се допаѓаат ситуации во кои девојката глуми односно се замислува дека е принцеза, а машкото го следи секој нејзин чекор, ко недај боже ако и преречи нешто крај на светот ќе биде. Ни од далеку не ми е привлечна ситуацијата.
    Имам една другарка која дечкото го влече за нос, буквално прави се што таа ќе посака. Значи тој не смее да излегува со другарите, секогаш мора да и титка, да и се јавува милиони пати во денот....и ред други работи. Но како и да е можеби че се освести еден ден па ќе види каква будала од себе прави.
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.095
    Пол:
    Женски
    Папучар - маж без свое јас, маж кој не мисли за себе, туку го прифаќа целосно мислењето на својата сопруга, маж кој го командува својата сопруга. Еве и пример што за мене е папучар, бидејќи имам во блиска околина.
    Таа седи се лади и му вели- Коста оди стави ручек! Тој- веднаш женче само ти не се мрдај. Коста прашина треба да избришеш, алиштата да ги здиплиш, дојди да ми ги покриеш нозете, дојди да ми ги облечеш чорапите... да не должам, значи таа наредува,а тој одговара со добро женче, само ти не се нервирај.
    Абе сакам маж да ми рече, а тебе зошто ти се рацете, жено не те земав за јас цело време да готвам, пеглам и се сам да правам, а ти да си ја прчиш дома.
    Друг пример - дечко на другарка, секаде оди со нас, а ние 5,6 жени. На нјезе не и се допаѓаат некои негови другари и сега он не се дружи, неа не и се допаѓаше неговиот факултет, дечкото се запиша на друг.
    Не ми треба некој за да живее јас како што сакам, ми треба некој за да бидеме заедно, да прифаќаме , но и да правиме компромис за некои работи.
     
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    За мене дефиниција за овој збор е кога едно машко оди по гзот на женското. Кога за нешто е бело а таа вели Не црно е и он ке каже да сонце црно е !

    Машко кое нема свое јас, машко кое од егото си направил тепих, машко на кое гордоста му испарила, машко без мислење и све остало.

    Искрено мрзам вакви машки, а ги има, не се по своја вина туку најчесто по вината на партнерката зашо факт е дека има и женски кои ке видат дека некој може да им служи како тие бараат го прават партнерот безличен.


    Се знае што е дефиниција за партнер односно машко. Со свое јас, свој став, свое мислење, со его (не кренато над облаци, ама да си го има и негува,) со гордост, со карактер.

    И да, не е папучар машкото кое ке одвои дури и ден за својата женска. Тоа е почит, не папучарење ! :!:
     
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Сите тука што тврдат дека сакаат машко со свое јас, мачо мен уаауууу цврст тип, очигледно не сретнале машко кое е до уши заљубено во нив. Тогаш секое машко гледа да и угоди на девојката на секој можен начин, додека она не почне тоа да го користи па да му пукне филм. А ако е паметна и рационално го „искористува“ тоа разнежнување на типот врската може да биде блиску до совршена. Одговорно тврдам дека се сите такви кога ќе се заљубат вистински.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Според мене папучар е оној кој ја слуша девојката ама баш за се’! Јес да сакам да ги почитува моите мислења и понекогаш да ме слуша што му зборам, ама ако не крене глас - не е муж бе! :D Сега ова крене глас сфатете го на метафоричен начин. :)
    Папучар е оној кој во врската и општо во живтот нема свое јас, свој став, свои размислувања и свои желби, туку целокупноста на неговиот карактер се темели на законот на зборот на девојката. Каде одат, што прават, каде ќе живеат, со кој ќе искочат, што ќе јадат, со кој ќе се дружат - за сите одлуки се консултира, во превод: оди според желбата на/со девојката.
     
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    А оној кој сака да ја почитува жената или женската да и помага не е ПАПУЧАР ! ами мене повеѓе ми пречи некој МАЖ да е ЛИГУШ!!! отколку оние кои сакаат да и се најдат некогаш на женската половина !
     
  7. Slatko-Malo

    Slatko-Malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    12
    Многу се нервирам кога ќе го слушнам тој збор папучар. ]:) Дечкото не е папучар,ако си ја сака девојката! :) А сите машки си го зборат тоа еден на друг. :^)
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Да и јас имам приметено дека некои момци не прават некои гестови кон женската јавно,чисто ради тоа да не излезат пред другарите папучари..Јас исто така искрено не гледам ништо чудно во тоа дечкото да и посветува внимание на девојката..Јас не очекувам од него да се лигави,него од време на време и пред другарите да покаже некаков гест..Абе машкиии БОГ ДА ЧУВА ЕЈЈ!!!
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.048
    Пол:
    Женски
    Папучар е израз кој го користи оној кој не знае како се сака девојка кон оној кој знае. Толку.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека дечко ми е папучар само пошто ми оди по ќеф, ми готви вечера, ми ги купува омилените јадења итн... Туку тоа го прави од љубов кон мене. Му викам: Ептен ме разгали... А, он се смее и ми вика: Не си разгалена, туку тоа го заслужуваш. :)
    Инаку не трча по мене (слепо да ми следи „наредби“). Јас му давам совет, негово е дали ќе го прифати или не. Он е доволно возрасен да знае дали тоа што го прави чини или не. (пр. искачања со другарите кои траат неколку саати, седење долго време на компјутер итн.)
     
  11. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Абе папучар, ти е некој, поторко така, подибек.Што не знае што со себе, па цмиздри околу.
    Него треба да му се каже, или да види нешто од некого.
    Не знае сам, нема свое јас, ништо свое. Свет свој, не.
    Тоа не е пружење на внимание, или угодување на жената, ниту па послушност.
    Мажот треба да е поагилен, или и тоа од жената зависи, не знам.
    И грешат оние кои велат дека жената го направила мажот таков, не. Него штом му е убаво некој да го "тефтиши" и му одговара, супер.
    Изборите сами си ги правиме, нели рековме?
    Не дека треба па да биде он шев, а жената маченица...:D
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам со @Ginger^ . Папучар е тип кој е изгубен во времето и просторот, па му треба некој да го гурне и да му каже како треба.
    Папучар не ја размазува девојката, тој и е слуга.
    Во една здрава и нормална врска луѓето функционираат совршено и чувствуваат љубов, без притоа да има потреба од она типично "одење по нечиј газ". (со извинување)
    Да, кога чувствуваш љубов кон некоја личност, било родител, брат/сестра, партнер, другар(ка) тоа го искажуваш без "пренамагање" и оти ти е кеиф и убаво на душата да видиш дека личноста ужива во твојот гест.

    Јас во принцип не почитувам луѓе кои немаат свое јас и се само една безгласна буква. Било мажи, било жени.
     
    На Cinderfakinrella и Ginger^ им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.048
    Пол:
    Женски
    Колку погрешно сум го толкувала изразов, значи страшно. (facepalm)
     
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    На мм еден колега му се јави за да оделе некаде не знам каде , а реално од нашиов град е далеку многу . Е сега овој ми вели да одам ми се оди ама не ми се вози толкава релација .. ти што велиш ? И ја на шала му велам не смееш да одиш , а телефонов отворен бил и колегава слушнал . И да не должам му објаснува мм а колегава : Абе ПАПУЧАР еден без жена ти не смееш да ПРДНЕШ ( извинете на израз ) :rofl:
    Леле кога фати мм да се препотува да се објаснува хаха , а не дека секогаш ме слуша или му наредувам ама ете така се погоди тогаш хаха и сега проверува два пати дали е телефонот уклучен или не :rofl:
     
  15. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Ако мажот сака да и угоди на жената не е папучар туку крал.
    Јас на пример обожавам маж да знае да готви, мојот знае многу работи да направи и солено и благо и сукано.
    Кога и кажав на една колешка дека правел благо она искоментира: Па тој папучар бил.
    Абе може да сонува за таков папучар што готви, чисти, почитува мислење.
    Не ми се свиѓа кога некој маж ја прашува жената за се, па и дали да излезел со друштво, тоа е дно.
    Или кога жената го команда мажот, а тој не може да се спротистави, тоа не е маж туку маже.
    Исто заебано е тој прави што сака, а таа не смее да мрдне, исто маже.
     
    На poenta, Someonespecial, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Папучар е патријархарлна измишљотина.

    Во светот на мажите:
    - не смее маж да послуша жена за ништо, бидејќи е таа битие од подолен вид,
    - да учествува во домашните обврски како што тоа го прави жената
    - или не дај Боже, да покажува емоции, посебно спрема партнерката.

    За истите тие карактеристики, жената е доживувана, како вистинска жена.

    Ова е проблем на еднаквост на половите.
     
    На Papillon.Papi, ilyan, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    „Чудно“ зошто нема во нашиот јазик ваков дерогативен назив и за жени кои немаат свое јас, го слушаат за сѐ па и се моделираат според дечкото/мажот, преминуваат преку сешто од негова страна наспроти своето достоинство, дозволуваат сите обврски да се на нивни плеќи итн. :D

    Сфаќам која е поентата и концептот, ама многу зборува ова, како и фактот кои и какви луѓе најчесто го користат терминов. А оние што се папучари (или исфеминизирани) за луѓето кои денес најчесто користат вакви поими - обично според мене се всушност баш исклучително фини, воспитани и позитивни машки личности. (fingers)
     
    На Nigredo Odor, DAngel и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Оти папучар, нели влечки е на македонски!???
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Иритираат овие личности по малку, познавам такви кои го носат епитетот, иако не сум го употребила (зашто не се замарам со тие луѓе). Безгласни букви, не прават ништо без дозвола од женска страна, жените секојдневно им викаат во присуство на други. Веројатно произлегува од во некоја мера неправилен однос со мајката, што знам, само давам мислење на темата, инаку не се мешам во туѓи животи. Јас не би избрала таков дечко/сопруг, иако на одредени жени им е сон да имаат на кого да ги лечат фрустрациите и да ја празнат нервозата :| Во мојата замисла, домот е за хармоничен однос меѓу двајцата партнери, а не едниот да се изживува, ама ајде, тие си знаат како им е убаво, who cares.
     
    Последна измена: 10 мај 2018
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Папучар не е исто со исфеминизиран. Исфеминизираниот, може да биде поголема 'принцеза' од Парис Хилтон.


    Папучар го викаат и маж кој, (пример) ако му се јави жената дури е со другарите, овој си отиде дома. Може и причина да има што го бара (дете дигнало температура), ама другарите, ќе го убијат од зафркавање. Не нужно е папучар некој кој е 'безгласна буква', туку баш тој кој е рамноправен со партнерката и не се натега околу муабетот: машки/женски обврски.