Влечкар е литературниот назив. Имам таков во фамилија. Не смее да писне на жена му. Не ги сфаќам таквите мажи.
А зошто папучар ако некој е нежен, внимателен, сака да купува подароци, да прави изненадувања. Тоа што се наредува на запад е џентлмен а овде папучар хах
Другите треба да не достигнат нас ако подобро размислите. Се знае кој е маж а кој жена у куќа. Жената треба да го почитува мажот и обратно. Да си ги врши домашните работи а мажот надворешните. Има исклучоци во работите посекако но треба да се знае нели. Случај: идам на гости и наоѓам кај едни пријатели неизмиени чинии во кујната, кафе шољи... скоро мажената девојка не миела чинии па младоженецот немал време да ги измие, неубаво секако ќе се сложите. Го знам мажот и работи приватна фирма и е таму по цел ден а женчето у јавна администрација. Убаво е понекогаш и мажот да ги измие чиниите ама не и секогаш, се знае дека жената треба да се грижи за чистотата у домот. Зборот ми беше дека кај нас на балканот мажите сакаат да ја покажуваат својата доминантност над жените кога се излезени во јавност, дома се доста пристојни со своите жени. Има исклучоци секако но у глобала е така шо не значи дека кај нас е полошо отколку во европа или што знам каде.
Па немаат време маживе, гледаш какво време дојде, и јадење сами на маса си ставаат...за срамота. И после невремиња имало, па ќе има, се лути дедо боже.
Не се тие политичари, бистрат политика од хоби, у слободно време (а слободен им е цел ден коа ќе се вратат од работа). И мезат по дома, онака оптегнати у синдикалка пред телевизор, дур жена им усисава или готви. Кој што сака нека каже, ама не се лесни машките работи.
Обично некој мачо балкански мен што ја понижува жената, ги нарекува тие што се грижат и ја почитуваат жената папучари. Глупости е воопшто целиот назив, а и тоа кои карактеристики требало да ги поседува, само тука на Балканот маж што си ја цени жената е папучар.
Како мислеш жените да се грижат за домашните обврски а мажите за надворешните? Во денешно време ретко некоја жена да седе дома и да чува деца и двајцата работат надвор и двајцата и дома ке работат многу ти е шовинистичко ова и овд вакви мислења произлегува нееднаквоста и омаложување психо физичко кај жената
Кога го прочитав постот прво се помолив за твојата идна или сегашна жена. Навистина ми е тешко да го делам воздухот со личности како вас а не пак креветот . Доста се понашате како жената да ви е слуга! И да дај боже да цркнете сами.
Според Борат , поголем папучар од маж ми , моментално нема . А не дека е некој што ми мие нозе па после водата ја пие . И предходно помагаше по дома , ама сега дека сум бремена , не ме остава ништо да чепнам , освен ручек и децата што ги гледам и садови што мијам . Друго скоро се он работи , дури и дворот го мете . Обично јас си работам по дома ( не дека " да се зна ко је муж у кучи " ) , бидејќи јас сум невработена и имам повеќе време од него за да се грижам за обврските дома . Секако , поправките се негова обврска .
Папучари се оние мажи кои ги ценат своите жениа а не мажи кои се мулиња. Само кај нас таквите мажи се нарекувани папучари.