И јас сум дел од оние коишто сметаат дека голотија, провокативна порака, интима не е за на улица. Ако се прашувам јас, ни Лискоици треба да парадираат по улици кадешто мали деца гледаат. Не сум сведок на овогодинешниот Прајд, на одмор сум на друго место, па затоа не можам да кажам каков бил, но можам да кажам мислење за тоа каков треба да биде. Голотии, споделување интимни моменти во јавност, или какви било премногу провокативни пораки ми се ноу ноу. Истите и од стрејт луѓе ми пречат. Пред сѐ ради таа младина којашто треба да се просветли за разликите. Не знам сигурно, но сигурно има и такви работи. На една таква парада, да се организира нешто како мини театар во врска со нечие аутување на пример и истото да нема PG содржина, сметам дека многу ќе се засили емпатијата и ќе наиде на позитивни реакции. Или, на пример мини изложба или поетско читање. Да можеш да си одиш и со детето оти истото треба да знае нели за разновидноста околу него. Настрани и неприродни интимни моменти има и во хетеросексуални односи, да не се лажеме. Ама, никој не протестира против истите. Како истите да не влијаат врз младите. Но, многу сум против кога се користат за напаѓање на верата. Јас сум Христијанка, верувам во Господ и не мразам никого. Една од личностите којашто најмногу ми помогнала на образовен план не е стрејт. Не ги гледам како ништо пониско од мене. Немам ни право да носам каков било суд за нив за она коешто не го гледам , затоа што не сум во нивна кожа, не ги знам нивните побуди и не се соочувам со нивните дилеми и притисоци. Емпатија е многу важна работа. Што се тиче провокативна гардероба, тоа е лична работа на вкус, погоре споменатиов мој познаник имаше подобар осет за мода од повеќето жени кај нас. Како од Бурда искочен, секоја боја, детал усогласени, шалчето, мантилот...
Слоганот на минатиот прајд беше ,,Вон ѕидовите" затоа што човечкото достоинство не се наоѓа меѓу четири ѕида, тоа е на улица, меѓу други, слобода. Никој човек не е направен и не смее да живее скриен внатре за нечиј комфорт.
Зошто треба да се шеташ за рака со дечко ти/ маж ти? Зошто треба да прајш свадба? Зошто треба да се шеташ трудна? Зошто треба да го шеташ детето? Потреба за центар на внимание?
Ако нормално шетање за рака со дете и сопруг можеш да го споредиш (некако било како) со шетање на голи задници, пренашминкани, пенисот и тестисите напикани во танга ѓомити скриени, а се познава, тогаш навистина имаш сериозен проблем.
Не споредувам со голи задници. Не одам гола на Парада. 99% се пристојно облечени. И голи задници има секаде. Во дискотека во сабота навечер... пример. *Мажи по бермуди без маица има и дење... на улица
Ама не, не се разбирате поради едно основно нешто. Они сите што се лгбт ги гледаат стриктно низ призма на секс и фетиши, а не низ призма на кој во кого се заљубува и како се идентификува. Едноставно, не поседуваат перцепција дека некој друг таму има врска со човек од ист пол што вклучува љубов, секс, караници, убави моменти, токсичност, тага, среќа, загуба итн. Не, во нивната глава постои само второто. Парадата ја ставаат на исто ниво како излагање на сите луѓе кои имаат некој заеднички фетиш и поради тоа ја гледаат како рекламирање, барање внимание, "секој нека си прави што сака во кревет". На таа извртена слика што ја имаат си додаваат и (сопствена) фантазија, додека преувеличуваат за честотата на голи газови , голотија и вулгарности на една парада. На крај сето тоа го претставуваат како "аргумент". Пример, статусов перфектно го доловува ова: Спојлер Значи не само што се чисто злобни, туку немаат ни некој капацитет да разберат што е што, па затоа аргументиве ко овие два пред мене се мешање баби и жаби.
Во Осло откажана парадата поради насилен инцидент чудно ова во Европа да се случи,а не на Балканот Но спонатано се собрале после тоа. Таа спонтаност е вистинска парада. Оваа нашава и останатите само контролиран маркетинг во која учесниците се вовлечени што на парада што по социјални мрежи.
Како сме 'вовлечени', жити очи? Настан е. Ко за било кој друг натан на соц. мрежи, одбираш дали ќе присуствуваш, или не
Толку обезбедување за оваа парада..ваууууууууууу!!!!!!! Што е многу, многу е......мислиш цела полиција од државава дошла, па коли полициски, па брза помош...бреееееееееееееееее...а не беше потребно толку, искрено. Впечатоци мои : Прв пат присуствував на ваква парада, заедно со друштвото мое, повеќе од радозналост, не дека ги подржуваме 100% во нивните барања. Имаше многу луѓе, исто и многу радозналци ко мене. беше убаво, весело, позитивна атмосфера...па дури и јас заиграв, викав и свирев.... Мирна весела парада. Само така, напред!
Не ја следев парадата. Лично јас нема да се придружам кон неа што не значи дека не ги поддржувам.Ете, мојата поддршка се состои од тивко прифаќање и не негодување/бојкотирање на парада. До пред година-две имам сосема друго мислење за геј-парадите, но го сменив.Никој не ме убеди, но бев сведок на некои настани и ми стана јасно дека луѓето треба да се остават на мир да си живеат со својата определба. НО...нека не се наметнуваат и нека не убедуваат, бидејќи секаков народ има со секакви размислувања. Терај си љубов, бори се за истополов брак, усвојувајте си деца.....ама не пробувајте да се наметнувате. Ова е мое мислење.
До пред некое време се замарав со вакви безмозочни суштества... Више не. Нека продолжи да си живее у злоба, пелин и отров, нека си тера Мали, злобни, ignorant човечиња.
Имам поделени ставови во врска со парадата не само кај нас туку и во светот. Од една страна за затворено општество како што е нашето сметам дека е навистина потребна. Но од друга страна, сметам дека парадата не ги претставува достоинствено хомосексуалците туку баш напротив ги претставува како чудаци. И мене реално тоа ми смета. Хомосексуалците се нормални луѓе. И тие имаат осет за морал, за срам, за добро и лошо. И навистина не изгледаат така како што се прикажани на парадата. Тие се далеку од натапирани тетки во миниќи со изразена шминка и некотролирани движења.
Не знам шо беше парадата пошто не бев слики гледам само. Можда било плажа, шо знам ... Небитно уствари.
Parada zborot znachi svecena povorka, smotra, so cel da se pokaze nesto pred drugite. Shetanjeto trudna, so dechko, svadba Ili shetanje na deteto e daleku od pokazuvanje na drugite I povorka od mnogu lugje. Parada ke bide grupa organizirani na majki koi drzat govor, gi ima na televizija, animiraat novinari, doagjaat majki od drugi zemji so deca so nekoja cel. Parada na gordost e daleku od se toa sto nabroja. No sekoj chovek si ima svoe mislenje, moze za tebe se e toa isto, za mene ne e.
Вовлечени во добро контролиран маркетинг. Како за партиските митинзи. Стои организатор позади и луѓе кои мора да одработат да излезат и ракоплескаат. Поголем дел од присутните од нво одработуваат. Мал дел ко тебе излегуваат за нивните права и слично.