1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паразити во внатрешно уво

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од НеЗнамНиСама, 25 август 2020.

  1. НеЗнамНиСама

    НеЗнамНиСама Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Пред почетокот на “кризава“ имав воспаление на десниот крајник кое ми се прошири до увото. Направив два тестови со крајникот и увото потечени, ама “лабораторииве“ наши имаат само реагенси кои покажуваат дека си здрав. На своја рака докторката ми даде да пијам антибиотици, ама ништо. По една недела отокот скоро помина, ама увото однвнатре, позади тапанчето ми остана како полно со шлајм, ист како тој што тече кога ти се затнати синуси. Чувствував како ми тече шлајм од увото во грлото. Однадвор немам ништо. По неколку недели ми префрли пополека и на другото уво, веројатно низ каналот од едното, преку грлото, ми префрли во другото уво. Потоа фати ова со кризата, не работеа, знаете, па долго време не можев да направам тест. Сега не сакам да одам да правам тест затоа што знам дека се луди и недај боже ќе го извадат тестот позитивен, па уште тоа ми фали. Во меѓувтреме во овие 6 месеци пиев на своја рака 4 антибиотици кои веројатно ги убија сите бактерии, ама не и тоа што ми е во ушите. Ушите ми се полни со шлајм кој клокоти секогаш кога ќе подголтнам. Читав на интернет, имаше некои тестови за како да провериш дали имаш Кандида со чаша вода и како се тегни плунката надолу. Баш тоа ми се случува. Знаам со сигурност дека се паразити, односно веројатно некои габи и дека џабе ги пиев антибиотиците. Следно пиев фулконазол, ама не го реши проблемот, мислам дека или е слаб лек или грешен комплетно. Размислувам за Флажил. Дајте ми совет?
     
  2. НеЗнамНиСама

    НеЗнамНиСама Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Како си тргнала со антибиотиците на крај ниту еден нема да ти делува. Престани да гулаш и иди на лекар. Побарај упат за уво, нос и грло и тие ќе ти кажат што ти е. Може е потребно само едно перење на ушите да ти направат за да ти помине.
     
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    13.759
    Пол:
    Машки
    Од 2020 год. се уште не си го решила проблемот?

    Не пробвај секакви глупости од интернет, убаво ти кажаа оди на болница нека те прегледа специјалист.
     
  5. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Машки
    Уши не се перат. Постои надворешно, средно и внатрешно уво. Овде веројатно се мисли на средно уво. Затоа и гугл некогаш може да биде соодветен пред да давате и совети.