Параноја

Дискусија во 'Психологија' започната од SOVRSENSTVO, 3 мај 2011.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.542
    Многу често употребуван збор во секојдневието е зборот Параноја.
    Во психологијата овој термин се користи како основен а од него се развиени многу видови на психички пореметувања.Во основа значењето на овој поим е дека одредено лице пати од искривен процес на размислување,пореметен начин на обработка на податоците кои ги прима во мозокот предизвикано од страв дека некој му прави нешто зад грб или кова некакви планови со лош исход за лицето кое е параноично.

    Има многу видови и подвидови на параноја,од вообичаено “дување на ладно млеко“ откако сме имале некое непријатно искуство,преку чудни мисли предизвикани од делузија за некои работи,па се до тотално ирационален страв,манија од прогонување,гледање зад себе кога се оди по улица,барање скриена смисла во зборовите на соговорникот,пронаоѓање на непријатели и душмани зад секое ќоше и слично...а завршува со една од најтешките болести, параноидна шизофренија која често завршува со халуцинации и кататонија...

    Дали сметате дека сте параноични,до која мера,дали сметате дека мала доза на параноја е добар зачин во секојдневието,дали познавате луѓе кои се параноични и дали би сакале да сте параноични (во случај да сте од околината карактеризирани како наивни...)
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.560
    Паранојата е психоза и не би сакала да ја поседувам ни во најмали дози.
    Не би посакала ни на непријател живот во кој си постојано на аларм некој внатрешен изложен и само гледаш на сите страни некакви реализации на теории на заговор,како на филмот со Мел Гибсон не се сеќавам на насловот,ај неговите се остварија-во духот на американското филмско дејствие,ама реално стравот кој ја движи паранојата е нереален,плод е на фикција и тоа прилично набилдан.
    Под параноични особи ги сврстувам оние опседнати дека некој постојано ги следи,дека постојат заговори во кои тие се во централна улога,понатаму хипохондриците,има и повисоки форми на параноја во комбинација со шизофренија,кои се сериозни нарушувања и не би ги коментирала.
    Сега „дувањето на ладно млеко„ или извлекување поука од лоши искуства не прави внимателни,ама тоа не е исто со тоа да си параноичен.Да речеме претпазлив човек прави бебешки чекори,параноичен ротира во круг дури не се струполи-вака некако ги визуелизирам овие два типа луѓе.
    Паранојата сериозно го нарушува здравјето и ако и се дадат крилја може човек да заврши не дај Боже во ментална установа со луни кошулче или па хардкор хипохондрик да ги стекне сите дијагнози кои ги прогнозирал,бидејќи скоро секоја позната болест е психо-соматска.
     
    На Goticarka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    lugje ve molam za pomos ,nevideno sum bolna od ovaa bolest narecena paranoja i svesna sum za toa.se mislam deka me ogovaraat,me mrazat,me sledi nekoj,deka ke doznaat rab za koi gi krijam,deka nekoj ke mi nasteti ,za sve sum paranoja postoano samo filmcinja si praam i za sve se plasam ,iako ne veruvam vo natprirodni rab ke si zamislam nesto ke mi se uvrte vo glava i se plasam,isto taka mn se plasam dali e zaklucena vratata od doma,dali sporetot e isklucen edno dr iako znam deka e se iskluceno i sredeno proveruvam po nekolku pati ,kako da iskocam od ovoj vrtlog porano ne bev vakva sea sum mn navlezena dlaboko :worried:
    [mod-kirilica:ezs1i5ut][/mod-kirilica:ezs1i5ut]
     
  4. capricorn.m.gi

    capricorn.m.gi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    Јас ке ви казам пример мој:имав една другарка,таа е најмалата во фамилија и како дете многу ја галеле,имала се 6то ке посака итн.Но порасна си најде момЧе,минаа долго време заедно и за крај тој и раскина и отиде со една друга.И одтогас таа ја изгуби довербата во сите и стана така нареЧено параноиЧна...и кога и да се видиме таа ке поЧне со нејзините проблеми, 6то и направил газдата,како ја погледнала коле6ката,зо6то урово комсијата не ја поздравил ама цело време се жале6е и ги раскажува6е своите проблеми,сè и се Чине6е дека ја озборуваат дека и спремаат не6то зад грб итн. така да мислам дека тоа се слуЧува кога некоја доверлива лиЧнос не издаде или се сооЧиме со проблемите во реалноста од кои немоземе да избегаме..
     
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    623
    Незнам како се вика мојата болест.
    Значи во последно време ја сум во постојан страв дека нешто лошо ќе му се случи на моето дете. Бидејќи често добиваше/добива опструкции на алергиска база, при секое негово закашлување јас се стресувам дека можеби ставил некое страно тело во уста. Детето ми е 3 години и 2 месеци, а јас уште се потресувам за тие страни тела, кога беше мал се грижев, ама тие грижи ми беа во одредена, нормална мера.
    Тој е многу совесен, знае што треба што не треба да се става во уста, дури пред некој ден ми вели "мамо некое дете ставало во уста нешто и докторите му ставале цевка во уста, нели мамо така не треба" - мислеше на бронхоскопија што некогаш така сум му ја објаснила, некогаш во некој мој параноичен испад :!:
    Ми има влезено некој страв, страв кој полека ама сигурно почнува многу да ми влијае на секојдневниот живот.
    Како да се контролирам? Го поттиснувам тоа во мене, станувам уште по нервозна.
    Да барам стручна помош???
     
  6. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    142
    мислам дека сите во себе содржиме мала доза на параноја. Е сеа кога е надвор од раниците на нормалата и нели психолошки проблем. Сметам дека во себе имам мала доза на параноја но не е ништо страшно далеку од тоа
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    како можеме да се справиме со паранојата?
     
  8. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    имам другарка кој боледува од параноидна шизофренија!
    Со што се карактеризира и како се лекува?
     
  9. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    1.702
    Пол:
    Женски
    треба да се бара стручна помош или?
    Инаку јас имам забележано дека секогаш, ама секогаш кога се враќам од излегување се вртам и гледам наоколу некој да не има зад мене.. Не верувам во духови, но премногу се плашам од луѓе! Убедена сум дека не постојат такви ствари и не се замарам мн, али човек макари да оди на др страна на улица се вртам и брзам, незнам, ноќе особено уште шо не трчам по улиците.. Дека точно пред нашата куќа еден се имаше обидено да киднапира едно жена, и од тогаш кога се враќам дома, макар и 8 саат да е јас како неарна се вртам.. и се мислам дека некој ме следе, дека некој ми проверува на фб со кој си пишам, дека некој во пц ми проверува што имам, по долна облека ми гледа.. ми е страв луѓе, дали треба да барам помош? ;(
     
  10. FotoLina3

    FotoLina3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Единствено решение што не вклучува медицина или плаќање пари, сметам дека е вербата во Бога. Лично немам искуство со параноја, но како мала сум била премногу исплашена, постојано имав кошмари, па кога ќе си легнев ми требаше време да заспијам бидејќи цело време тие лошите од цртаните ми идеа на ум... А кога не спиев па понекогаш си замислував дека некој може да ме следи и да се вртам назад, ама тогаш си велев „и да ме следи ќе ја соберам сета сила и ќе го удрам“, а јас слаба стапче. Ама па и си велев, нема зошто да се плашам толку, има некој на небото што ме штити, судбината нема да дозволи да се случи нешто лошо... Знаете, кога станува збор за религија многумина се скептици или пак болно верни во мера што убиваат луѓе со поинакво верување... Но јас лично почнав да верувам во Бога не како човек, туку како енергија.. Она што некои го нарекуваат Универзум (Универзумот ќе нареде се на место, нели). И навистина, човек може да верува во што и да е, дали некој починат роднина што од горе го гледа, дали во природата, дали во универзум, дали во некоја внатрешна сила што не доаѓа од никаде, или едноставно да си верува себеси... Она што дава сила и што го брка стравот е самата верба.

    Аа да, љубовта исто така ми помогна многу да престанам да се плашам. Едноставно пробајте да мислете на нешто позитивно и со тоа да го тргнете фокусот од параноични мисли.

    Не се сметам за некоја што може да советува, но ако едно мислење на обичен човек може да помогне, мило ми е.

    Верба, надеж и љубов o:)
     
    На Inas& му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Хмм тое е еден од најтешките облици на ментална болест, се карактеризира со удвоена личност, личноста ја губи смислата за реалниот свет и влегува во свој замислен свет, тие личности се изолираат, параноични се (се плашат), халуцинираат, имаат суицидни мисли и неопходна им е стручна помош, со одредена терапија препишана од психијатар тие личности можат да живеат речиси нормален живот.
     
    На marijaz му/ѝ се допаѓа ова.