Пареза на лицев нерв (фацијалис)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од redgirl, 12 април 2011.

  1. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Пред 10 дена ми се вкочани устата од левата страна,потоа и левото око,увото...и така целата лева страна,веднаш отидов во болница,ми кажаа дека било пареза на нерв на лицето,кај веќе не ме водеа по болницата,секој ден по 3 инекции примам,антибиотици,витамини и што уште не,немав никакво подобрување па слушнав за една гатачка бев и таму кај неа,таа ми кажа под стрес сум била,ова она половина час ми баеше и ништо подобрување и од тоа ;( од утре ќе почнам и со физикална терапија,но никакво подобрување немам,постојано се нервирам целата лева страна од лицето ми е вкочанета се би дала наредното утро кога ќе се разбудам да ја мрднам устата :sweat: Дали вие нешто за ова знаете се сум спремна да направам многу ми е тешко ..... :doh: ;( ;(
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    Јас само можам да ти кажам дека на моја братучетката истото и се случи, односно имаше пареза која потраја неколку денови и на крај се нормализира состојбата! Не си единствена и не верувам дека нема да се подобри стуацијата во најскоро време! Немој да паничиш и биди трпелива бидејќи брзо ќе помине,се надевам! Со среќичка :)
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    навистина ми е жал кога ке прочитам дека 19годишно девојче има пареза ;(
    се надевам дека ке ти биде подобро, и дека ке ти дејствуваат сите инекции, и витамини кои ги примаш
    со срека, ти посакувам побрзо да закрепнеш :$ :*
     
  4. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    Ви благодарам за утехата :* а дали знаете како можам најбрзо да се излечам докторите ми кажаа да бидам смирена,да не се нервирам,но како лудило да ме фаќа кога ке се погледнам во огледало ;( многу ми е страв... :sweat:
     
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    526
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    Трпение-Спасение ;)

    Колешка моја имаше пареза на едната страна од лицето (Наводно од промаја)
    Плачеше, кукаше, се трескаше од земја попусто. Не знам колкав период помина, но си се врати се во нормала. Нема никакви последици од сето тоа.

    Време, треба време. Стрпи се, ќе се среди.
    Знам дека е тешко да ги оставиш работите такви какви што се, но мораш!
    Тешко ти е кога ќе се погледнеш во огледало, но побогу нема да останеш таква ;) Не се грижи.
    Те снашло, што те снашло Боже мој! Смири се, истото те советуваме и ние.

    Стресот и нервозите не ти одат во прилог.
     
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    17.915
    Пол:
    Женски
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    не грижи се со антибиотиците и инекциите ќе биди се во ред..само не се нервирајј и секогаш мисли позитивно :) ...Позз
     
  7. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    15
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    Немој да се нервираш ...верувај ќе помине :) само ти оди си на физикална и прави ги сите вежби што ќе ти ги кажат и биди упорна и со тек на време (може за недела,две) ќе помине. Само не се нервирај со тоа ништо не постигнуваш.
    Поздравче и ти посакувам брзо опоравување :)
     
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.417
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    На зет ми му се случи истото...
    Две недели беше искривен и така укочен, и исто како тебе одеше на инекции и витамини, само знам и дека пиеше пивски квасец, нели тој ги има сите б витамини , а тоа било потребно за нервот...
    Тоа што е сигурно е дека нема да останеш вака, барем јас не сум слушнала за таков случај...
    Тешко е, ама опушти се колку можеш, за кратко ќе се стабилизира, како што ти пишаа без последици... :)
     
  9. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    Избегнувај ветер и ладно и држи си топли облози на страната. Татко ми имаше ваков проблем и искрено кај него потраја, за околу два месеци тој целосно се опорави и сега нема никакви последици.Ама тој е сепак возрасен, да не кажам стар :$ , а ти си малечка, млада па кај тебе може ќе е побрзо, ајде не се секирај ќе се среди се. Само чувај се овој период, пиј си ги апчињата, оди си на физикална и се ќе биде ок. :*
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    Есента од промаја ми се разигра левото око и така цел месец. На лекар ми рекоа дека бил нервот , срека сум имала што не ми се вкочанила цела страна на лицето. Проблемот го решив со Б комплекс и Б6 витамин. Треба само упорност и време да помине, не поминува од ден два .
     
  11. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    помагајте незнам каде веќе да се обратам :((

    Ви благодарам на сите,секој убав збор е голема утеха за мене :) постојано се нервирам ако не сум во болница сигурно сум пред огледало или барам некој лек по интеренет,чувствувам како да полудувам,но ај ќе пробам помалку да мислам на тоа ;) фала на сите :*
     
  12. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    496
    Редгрл, зимава братучед ми го имаше истиот проблем. Нему му беше десната страна. Си одеше на терапија, инекции, антибиотици и полека нервот му попушти и се си се врати во нормала. Слушај како ќе ти рече лекарот и не излегувај на ладно, седи дома и најди си занимација, така помалку ќе мислиш на лицето и побргу ќе ти мине времето. Издржи, ќе ти помине. И без нервози, само со позитивна мисла!
    Ти посакувам најскоро оздравување.
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    Mислам дека стресот не ти влијаел да добиеш пареза туку си била изложена на промаја,топло-ладно и така...на дечко ми мајка му има добиено пареза од промаја,и не се секирај ќе ти помине со инекции,таблетки..... ќе се среди све,за недела две,нејзе толку и траеше
     
  14. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    269
    Жал ми е што ти се случило тоа,но еве како утеха ти кажаа девојките дека не е многу редок случај а и ништо страшно штом поминува со терапии.Следи ги упатствата од лекарот и не се нервирај кога знаеш дека ќе помине,само треба време.И јас мислам дека е од промаја,имам слушано за такви случаеви како твојот,па седи си дома,имај трпение,најди си нешто што ќе ти ги насочи мислите на позитивни работи.Читај некоја убава интересна книга,гледај филмови или еве читкај по темите на фемина има доста интересни и поучни работи.И јас да сум на твое место мислам дека ќе се чувствувам исто затоа што многу сум нетрпелива,но ете за некои работи е потребно време,а најважно е дека ќе помине.
     
  15. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.496
    Been there, done that. Ц-ц-ц кога ке си помислам низ што све имам поминато....

    Значи и фацијалис ме снајде на мои 24 години. Се случи неполна година по смртта на татко ми, а факт дека имав и отворен прозорец во собата па сега дали е на нервна база или е од промаја, Господ знае.

    Пред десет години фацијалисот се третираше со инекции (блокади) кои се удираа два пати на ден директно во лицето, во три точки на оболената страна: до носот, до увото и до брадата. Плус мускулни инекции витамиски комплекс со дексаметазонче. Носев големо парче газа замотано со завој на лицето за да ме топли и после извесно време правев физикална терапија, благи електростимулации ако добро се сеќавам. Парезата се повлече после 2-3 недели.

    Истото му се случи на тетин ми и неговата стара мајка и кај сите се повлече. Значи кога се повлекла пареза кај баба од 80 години, сигурно ке се повлече и кај девојче од 19, не е трајна промена, само опушти се. Не се гледај во огледало туку најди занимација, гледај филмови и сл. КЕ ПОМИНЕ ти гарантирам :hug:
     
  16. angelat

    angelat Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    red girl
    нема потреба да бидеш загрижена ..еве јас имам учено за тоа сигурно ќе се излечиш со помош на физикална терапија..и не знам дали ти применуваат и масажа за пареза на лицевиот нерв ? и тоа е добро но само од стручни лица да побараш во болница..а во тие бајачки искрено не верувам воопшто и не ни сакам никогаш да појдам кај нив.. сепак ова е медицински проблем кој секако ќе се излечи и не губи време по тие работи ...ти посакувам побрзо да оздравиш поззз
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.882
    Cакав да отворам нова тема,но еве имало,барем ке прочитам искуства :)
    Hа мажот ми му се случи истото пред два дена,се разбуди и цела лева страна од лицето како змрзната му му беше и уште му е,не може убаво да зборува,окото не може да го затвори,едноставно ништо од левата страна не му реагира.Mу дадоја да пие стероиди ако не грешам така ми кажа,тоа се дешавало од премногу стрес....ме интресира вас колку време имавте пареза т.е ви беше смрзнато лицето? :worried:
     
  18. xxxx1

    xxxx1 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo ima eden covek se naoga vo zelezara vlado se vika. Imam eden drugar so pareza mu pomogna bese na terapija i mu pomina. Kade ne bese na lekar i mu vikaa nisto nemoze da se naprai, probaj so sreka.
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    кога читам вакви нешта(фацијалис, или парализа во сон) се ежам целата, и дури и срцето почна да ми трепери од страв :worried: :x
    а тоа дека стресот е причинител на многу болести и пореметувања во човечкото тело е непобедлив факт
    само полека, смирено се ке биде во ред :)
     
  20. ivka-slivka

    ivka-slivka Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki, jas go imam istiot problem. Pred 1 nedela se porodiv, si dojdov doma i vecherta imav glavobolka jaka. Utredenta koga se razbudiv osetiv deka neshto ne mi e ok so desnata strana na liceto. Vednash se isplashiv da ne e neshto NE DAJ BOZE, i pojdov na nevrolog. Dr. mi kaza deka toa e pareza facialis. Mi dade vitamini (so ogled na toa shto dojdam) mi dade i antibiotik plus i nekoi vezbi, ama eve 5 dena nemam aber od pominuvanje. Nekoja od vas da spodeli iskustvo na ovaa tema?