Зошто толку гласови доби Максим наспроти Левица. Има некој некакво размислување? Не сум ни за едниот ни за другиот, но не сум ни против. Ме интересира од каде Максо извади толку гласови, барем другиве колку толку беа повеќе актуелни во политиката.
Епа ЗНАМ е креација на ВМРО, да земе гласови од ездеес, а Левица е креација на СДСМ, да земе гласови од дпне. Не знам, останува да видиме.
ЗНАМ долго време се има крчкано како проект/партија. Во позадина се шушка дека е Бранко Црвенковски, голем дел од претходното раководство на СДСМ се шуња во ЗНАМ. Весна Бендевска беше дел од претходниот состав на СДСМ, сега е до Максим Димитриевски. Софија Куновска исто се мота околу нив, а и Наташа Савова. И уште многу други ликови од транзицијата. Јас помнам дека долги години се збореше за тоа дека Бранко ќе прави партија. Како политичар е истрошен, али можно е да стои во позадина. Зошто ЗНАМ доби повеќе гласови од Левица? Пошто повеќе ќеш се влева таму ваљда. Како за нова партија имаа доста реклами, гостувања. А и го собраа разочараното гласачко тело на СДСМ. Како ликови не ми се чисти. Јас лично Бранко го доживувам како најголемото зло што и се десило на државава. Транзиција, примање на бегалци и менување на демографија, нова територијална поделба. Се шушка дека како партија се блиски до српскиот свет. Бранко на времето беше етикетиран како србоман, а ЉуБчо како бугарофил. Не се трета опција, туку фракција. Ќе видиме колку ќе опстанат на политичка сцена. Максим доби големи симпатии кога се појави на бугарската БНТ, во тоа време беше актуелно ветото од страна на Бугарија. Тука стана херој пошто им рипна на Бугарите, иако истиот тој беше дел од владата на СДСМ која смени име и потпиша договор за добрососедство со Бугарија. Али народ има меморија на риба.
https://rezultati.sec.mk/mk/pres/t1 Еве ви пак линкче. Тука горе може да си одберете дали сакате да следите парламентарни или претседателски избори.
Дуи ги бојкотира претседателските избори. Значи Сдсм не може да се надева на гласовите на Дуи за претседател. А Дуи чим иде на ваков потег јасно им дека е дојден крајот за нив. Одкако Мицко јавно излезе со став дека нема коалиција со нив јасно е дека им дојде крајот. Затоа излезете и ГЛАСАЈТЕ !
само спореди колку беше присутен по тв емисии и дебати Максим, и кога си видела некој од Левица каако гостин. Левица се забранети скоро кај сите медиуми, со Канал 5 се скарани, со Алфа, сител непамтам, само со телма мислам дека се ок.. Кампања тераат на социјалните мрежи и воглавном за нив гласаат младите. Инаку Максим си има поддршка и амин од позадина,премногу е фејк, глуми патриот а од друга страна е европеец и се ќе прифати.Зарем мислиш дека така самоиницијативно излезе на избори на пример како Стефчо кој се беспотребно се залета.
Моја проценка - ВМРО над 55 пратеници, Сдсм околу 23-24, Дуи 18-19, Влен 10-11, Максим 5-6, Левица 4 до 5.... данела арсовска (ИЕ 1) околу 4000-4500 гласови, токку и гром, останати партии под 1%.....
Изгледа само јас не се замарам со гласање ич мува не ме лази ме мрзи да идам да гласам а и ништо не ми значи ако гласам. Све сама сум се снашла досега во животот ниту пак на моите нешто некој помогнал, напротив ни одмогнале сите се лажови.
и мене мува не ме лазеше додека не почнав да одам по институциите и болници и видов какви све неспособни и неписмени работат. Речи му фала на бога што не си се нашла во ситуација да ти зависи животот од таквите. Е тогаш ќе сфатиш каде и со какви живееш.
Пола од нив и поише албанци, кои не ти зборат на македонски, примени партиски и се држат едни со други а ти се осеќаш како туѓ во своја држава. Е тогаш дури ќе одиш да гласаш. Ги мрзело бе. Од такви си патиме
Ако си ја сакаш татковината ќе излезеш, ако не седи дома, прифати да бидеш граѓанин од втор ред во сопствената држава!!!!
За жал ништо чудно, заради изборна единица 6. Што мислиш зашто се поделивме на 100 изборни единици.. само вака ќе добијат повеќе пратеници.
Не знам што луѓе ќе бевте тие што не сакате да излезите да гласате. Толку не сте почувствувале ништо кога сте оделе по институции, не сте увиделе во каква состојба се наоѓа државата? Или некој друг ви ги брка тие работи, или имате јаки врски, или стварно живеете под камен. Нема друго логично објаснување. Кој пекол го поминав годинава за да извадам едно е*ано ливче што ми беше стварно потребно, оти едноставно им се можи да не сакаат да ти завршат работа. Излези макар и неважечко напрај го ливчето, битно излези. Многу е клучно сега да има излезеност на Македонци. Еве ги гледате браќава колку се сложни ко ќе одлучат нешто, ние очи си вадиме меѓусебно после ќе плачиме оти сме граѓани од втор ред и оти тој таму на шалтер ти зборувал албански. Епа ко им се можи ќе зборуваат! И не само тоа. П.С. гласано, да не биди дека на празно лаам.
Абе знам се ми е јасно, Маврово и Дебар до 2016 беа во шестката, 2020 ги префрлија во петката за да има повеќе албански пратеници во петката.