За председател имаш две опции Стево Гордана За парламентарни можеш и погоре на анкетата да ги видиш , повеќето се наведени или па на лице место ќе си прочиташ на листот
зависи во која изборна единица гласаш, но на вратата на местото каде што гласаш се објавени листите со сите кандидати. Јас за парламентарни гласам за програма, мојот глас ќе оди за помала партија
Ни мене никој не ми помогнал од партииве но тоа не значи дека треба да седам дома и да гледам како ми пропаѓа државата. Никој не ве тера да гласате за Сдсм или Вмро. Имате и други партии. Ако може другарка моја да дојде од Холандија денес и да гласа и уште една исто што ја знам од Америка што не ги засегаат нашите закони затоа што живеат на други места а ги засега татковината можете и вие.
Тука се мајка и татко и . Сама е дојдена со син и без маж и( иначе секоја година доаѓаат заедно ). Иако звучи неверојатно да за избори е само дојдена вчера и се враќа назад ми се чини во сабота.
Еве и јас тргам од Австралија, само незнам дали ќе стигнам навреме xaxa. Чудна работа толкав пат за избори - иако ми се чини за друго е дојдена па избориве се погодиле. Јас знам луѓе што се дојдени од Европа во Македонија на одмор па викаат нема да одат да гласаат- али секакви не има.
Ваше е дали ќе верувате. За два дена четврток и петок што би завршила работа во нашава земја еве не знам . Живее во Америка веќе 7 години .
Од рубриката ,,не се десило". Од Америка дошла само за гласање.Ако веќе дошла од таму, дошла за празнициве, мај, Велигден. Заминала за Америка, ама се враќа да гласа и лупа едно 2000 долари за карта, пошто многу ја сакала татковината хахахха.
Вчера дошла не за празниците. Слушај немам намера да се објаснувам многу ми е гајле дали ќе веруваш или не. Битно ми е Дуи и Сдсм да паднат за друго не се замарам.
Да еве цела Фемина форум ќе гласа благодарение на мене зошто јас сум Гордана и ги чекам вашите гласови за победа. Господе боже .
Имало на едно место во Радуша општина Сарај на набљудувач од некоја партија му ги дупнале гумите не дозволувале да доаѓаат набљудувачи ги пцуеле. А мислам дека на Влатко Ѓорчев од Вмро му ги дупнале зошто он беше таму набљудувач баш слика има на фб.
Среќа па знам како функционираат ботови и на кои мрежи пишуваат случки кои не се десиле како твојата.