Не знам искрено, така сите велат тука, затоа се разочарав. Јас денес не пратев шо се дешава, работев.
Дојдов да го пофалам членството на форумов. Од претежно шарени сега станале патриоти. На анкетиве води вмро дпмне со Гордана. Ова не било никогаш на фемина форум. Се разбуди народот Македонски. Нека трепка.
Убаво е што се мењаат некои работи. Најбитното е што се сплотува народот конечно и да се надеваме дека и во иднина вака ќе биде.
Влен (Вреди) се: 1. Алтернатива, 2. Демократско движење („незадоволни“ од ДУИ), 3. Движење Беса, 4. Алијанса на Албанците (само фракцијата на Арбен Таравари)
Еее сдсм сдсм, до кое ниво спадна. Заслужено до душа. Од внатрешна несложност, инает и реваншизам. Браво. Ум за другпат, ако постои за партијата како таква другпат.
Ако не ти е сеедно што ќе изгласаат македонците, зошто не си дојдеш тука. Зошто гастербајтерите што со години живеете во странство да можете да одлучувате за тие што останале да живеат тука? Мене на пример ич не ме интересира кого ќе изгласаат швајцарците оти не живеам таму. Супер, тетка ми што скоро 40 години живее во Австралија ќе одлучува кој да биде на власт во Македонија.
Сите партии се исто г.... Да не е казниво ќе го искинев ливчето, ниеден не заслужува да биде на власт. Ко ќе почнат функционерите да работат за минимална плата тогаш ќе почнам да верувам дека можеби сакаат нешто да променат. Вака, за приходи од илјадници евра само сопствениот интерес им е важен.
А ние шарените не сме патриоти ? Или помалку си ја сакаме државата ? На долна карта играте - националозам и патриотизам ама тоа пали кај народот.
ВМРО-ДПМНЕ патриоти.Урлам. Гордана е инаку идеолошки либерал. И ,,шарените" имаат гласано за неа. Се гледа дека педигрето не и е од ВМРО, можеби е единствениот асален лик во таа партија, затоа и два пати ја кандидираат за претседател.
па ни приватното не е сјајно веќе, тоа е работата што некои лекови ниту на приватно неможеш да ги купиш.. Зошто ги навредувате и сте против сите заминати во странство, па тие не се таму заради тоа што тука цветаат рози туку секој сака подобро за себе и најблиските.
Да ги запаметиме избориве како едни од помирните и демократски избори. Вака се организираат, дури и кога партиите на власт (зборувам за СДСМ и ДУИ) беа свесни за потопот што им следи. Мирно, достоинствено. Мене иако не ми одговара опцијата што победи, искрено мило ми е што ќе се смени власт, здраво е и демократки. Немаме потреба од заробеништво. Е сега вакви избори и менување на власт во иднина (будучи деценија - две) веројатно ќе гледаме само некаде далеку и ќе се навраќаме тука да се потсетиме како изгледало, ама тоа е
Не ги навредуваме, ама кога веќе одлучиле да живеат во друга држава заради подобар живот, тогаш нема што да продолжат да одлучуваат за таму кај што веќе не живеат.
Воопшто нема да ме чуди, особено доколку освојат повеќе гласови од ВРЕДИ. Ќе прават вонсериски притисоци.