Гордана не е за претседател, Стево пак ич. ДУИ станува втора партиска сила во Македонија. Простата раја се радува на победата на ВМРО и жали на поразот на СДСМ, ама ова изгледа ко никој да не го перципира. Полека, но сигурно. Ма да, не ми е верно да се веродостојни тие гласови.
Затоа што немаат доволно освоени места сами по себе, плус мора да има малцинска застапеност во собрание. Малцинска застапеност не мора да е преку коалиција, ама ниедна партија нема доволно ни гласови, ни малцинства. Едноставно и албанските партии си имаат доволно гласачи, добиваат места и мора со некоја од нив да се коалицира. Во ситуација само една партија македонска да добие доволно поддршка, не мора да коалицира со никого.
Многу сакам да знам на раководството на сдсм и нивни пратеници, шо им минува моментално низ главата?! Едвај 20 пратеници да би имале… Каде “погрешивме”? Бидејќи еве викате “имаат мозок”.
СДС нека чукнат глава зошто е тоа така. Јас ги гласав пред 7 години. Сега побрзо рака ќе скршев него да ги гласам. Не сме имале поочајна влада никогаш. Мала дигресија - Дали некој ја гласаше Данела ме интересира? Нема врска со СДС таа, само исто така Скопје полош градоначалник од неа немало.
Вмро да колацира со Знам или Левица го има мнозинството . Ама прашање е дали Калето ќе дозволи да нема ниту една партија од браќава.
Ним ништо не им се врти, многу веројатно. Тие си се осигураа за следни генерации, сега уште само да договорат да не ги чепкаат од новава влада со криминали. Јас не верувам да се договорат, не се вмро толерантни ко сдсм, а патем и ради таа толеранција им се случи ова што им се случи. Членството ќе страда, тие на врвот не. Сите знаеме како вмро третира народ кој не е дел од нивните списоци кога се на власт. Ќе страдаат и сите вработени од 2017 навака, ќе ги зачистат во првите 20 дена власт, ко на времето И сигурно се мислат сега кој друг од таму да формира партија, оти од оваа како ваква тешко дека ќе биде нешто пак.
Во ред е тоа ,јасно ми е. Само ке се одрази лошо на сите нас што како што спомна некој погоре ,ДУИ ке биде втората политичка сила во државава.
Според досега избројаново веројатноста е голема дека на крај Вмро ќе има 62 пратеника. Ако е така тогаш голема коцка народот им фрлил,нека берат памет. Сдсм за политиката што ја водеше е казнет и уништен. Да имаш 20 пратеника најстара партија во Мк е голем пораз. Потребни им се големи реформи во членството. Партии како онаа на Максим ќе е за еднократна употреба,оваа сега. Исто очекувам и за Левица.
Е арно де, така е, ама тоа што го правеа сдс доведе да се кај што се, не е до нас. Нивното сопствено членство ги казни, ние што не припаѓаме никаде во принцип гласаме за опозиција. Ама сопственото членство да ти откаже поддршка, јебајга, реформирај се, размисли кај ја ебааш работата. Колку што беа корумпирани вмро, овие без преседан се. И ми е мило што најголем дел од народот тоа го виде.