Не гласа ниту Агилар, ниту Лосон, ниту Гир на избори кај нас, нити некој од нив прави влада. Сами како народ сме одговорни за тоа што ни се случува. А знаеш зошто плус земаат албански партии во коалиција и тие и тие? Зошто со 2/3 мнозинство што сакаат можат да прават, да си гласаат, да си се богатат и сл. За идеале гину будале. На маса во собранискиот ресторан седат заедно тие 120 лица и заедно се договараат што им е од интерес нив. Ко што сложно си изгласаа 70% + покачување на плата.
Па внатрешен бунт против Таче имаше уште од кога тој стапи на функција. Како некој што бил, а и уште е член на партијата ти го кажувам ова. Реално кога се бираше тројцата кандидати беа кој од кој, ама Деспотовски лично ми стоеше за најспособен. Таче беше изгласан од членството по насока на Заев.
Ама и 62че не е на арно ,иако ги гласав. Зошто ? Затоа што, ке земат сила и ке напраат уште поголеми глупости. Али ајде да видиме.
Нормално, ХидроМицко е сојче на Грујо. Ама нека се мења власт на 8 години, многу залежување не е на арно
Точно, ама врие дека и Заев е разочаран од овој. Последниов период особено. Не признаваат јавно, ама јасно им е дека Таче им ја заеба партијата.
Ќе видиш како од утре ќе идат на баци рака кај Америка. И Грујо победи во 2017 ама не му дадоа да коалицира со Дуи .
Таче да, ама Оли посебно. Бљувотина што од себеси веројатно не гледа подалеку. Уште од локалните 2021 ги докрајчи, со Куманово посебно. Не знам со кој памет беше ставен за носител на ИЕ сега. До душа и не знам како пола од кандидатите за пратеници се најдоа на листите, од сдсм посебно тотално незаслужено и анонимуси за членството.
Кој ги навредува тие во странство? Алал нека им е што успеале, јас да можам уште утре би заминала, веќе немаме држава. За која држава се борите, за Северна или за Македонија? Македонија веќе не постои.
Ќе видиме, според Донтовиот модел до крај нема да се знае. Треба да бидеме реални. За прв пат во историја на Мк,во 6 ка СДСМ може да нема пратеник. Тоа е резултат на политиката на СдСм и казна каде Македонецот во западна Мк е измеќар во своја држава. Сами себе се утепаа,им дадоа власт на полужавник. Како ке се реформираат ќе видиме.