Парламентарни избори 2024

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Drageeu, 25 март 2024.

?

За која политичка партија би гласале?

Анкетата е затворена на 9 мај 2024.
  1. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

    79 глас(а)
    31,6%
  2. Коалицијата на СДСМ

    20 глас(а)
    8,0%
  3. Левица

    75 глас(а)
    30,0%
  4. ЗНАМ

    18 глас(а)
    7,2%
  5. Европски фронт (ДУИ, ДПА..)

    4 глас(а)
    1,6%
  6. Коалиција ВРЕДИ (Беса, АА, Алтернатива..)

    1 глас(а)
    0,4%
  7. Нова Алтернатива на Данела Арсовска

    4 глас(а)
    1,6%
  8. ГРОМ

    2 глас(а)
    0,8%
  9. Друга партија

    1 глас(а)
    0,4%
  10. Нема да излезам на гласање

    26 глас(а)
    10,4%
  11. Ќе го поништам ливчето

    20 глас(а)
    8,0%
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.402
    Допаѓања:
    260.103
    Сдсм си ја доби казната заслужено.
    Партијата ја уништија. Заев особено.
    Нема никој од старото членство.
    Оли и Заев се скараа, две или три струии имаше последно.
    Внатрешната политика им пресуди.
    Јас немаше да ги гласам, ама никогаш нема са гласам за ВМРО. Најверојатно ќе поништев ливче.
    Може ќе гласав за Пендаровски.

    Вмро се враќа моќна со цела власт во раце. Нека е со среќа оти ќе и треба на државата.
     
    На ArabellaStarfall, KuklickaSk, lia22 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Резултатов на сдсм не е за жалење, за смеење е. Жива брука.

    За жалење единствено ми е нашиов народ со меморија на златна рипка. Дозволивме на голема врата да се врати траорниот режим (членови на вмро ве молам изземете ме од превртување очи, знам дека вас ви беше убаво).
     
    На Amelia, DS10, deskarada и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Женски
    Кој сака нека честита :hug:
     
  4. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.192
    Честито нова дикататура, како беше онаа на Дапчевич, све је исто само њега нема.
     
    На Abeja, Amelia, DS10 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    91.234
    Пол:
    Женски
    Сега го слушав Ахмети, тој нема да се откаже лесно од власт.
    Еве и со првата изјава тоа го кажува.
    На прашање дали е спремен за опозиција одговара дека е потребна стабилна Мк.
    Ова е закана.
     
    На ArabellaStarfall, Sielo❤️, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    27.893
    Пол:
    Женски
    Честито, шо ќе частите? :rofl:
     
    На Anyshka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    20240508_233544.jpg
     
    На Amelia, Irreplaceablee, C-iena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    14.736
    Пол:
    Женски
    Нормално, и сосема очекувна рекација. Шиптарското копиле секако дека не се откажува така лесно и прифаќа пораз, мила му е фотељата и функцијата.

    Сеа на ВМРО останува паметно да изиграат. На сите ни го должат тоа. Ама ќе видиме таа работа, знаејќи ги добро нив какви се/беа..
     
    На *Amethyst*, Golden, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Јас прва ќе честитам победа на дпмне.
    Ама прва и ќе прокоментирам што беше дпмне од 2006та до 2017та, не сме заборавиле. А додека сме живи нема да заборавиме, никој.
    Факт е дека повеќето македонци гласаат за вмро дпмне затоа што дпмне се поистоветуваат со она вмро, креирано 1893.
    Она вмро што се даваше да ја ослободи Македонија од турците, а за жал не успеа.

    Вмро дпмне од 1990та, она на Љубчо, најомразениот во моментов, според мене беше најдобрата верзија на вмро 1893та. Во периодот од 1998ма до 2002ра живна народот, иако баш во тој период се случи војната.
    Од 2002ра навака се е Потоп за нас македонците.
    Од 2006та уште поголем Потоп, со потпис на вмро.
    Може вие што сте биле во партијата тоа не го гледате, ама го гледавме ние без партиска закрила.
    Вмро дпмне од 2006та на чело со Груевски направи Потоп на македонците.
    Сите знаеме која плата се земаше во негово време, како се вработуваше, како малтретираа народ на избори да излезе, како се правеа списоци од 15 сигурни гласачи...
    А најважното, вмро дпмне и Грујо се најголемиот кривец са сите извадени бугарски пасоши.
    Ја сардисаа источна Македонија, онаа што редовно им гласа 12+ пратеници.
    Немавме фабрики, немавме патишта, ветуваа а не остваруваа, сите не тапкаа по рамо, додека не отворија ни една поголема фабрика за да вработат народ.
    Еден по еден одевме во Софија да го земеме тој бугарски пасош што ќе ни отвори пат до запад. Свесни бевме дека по 20тина години тоа ќе ни се удри во глава, ама празен стомак не трпи.

    Е, тие 20 години побрзо поминаа и тропнаа бугарите да "ги бранат своите бугари".
    За среќа или жал, само 3500 бугари имаме од над 150 000 со пасоши.
    Оние другите "бугари" сме на запад, заедно со нивните бугари работиме во туѓи држави за неколку илјади евра.
    Ние сме одредени, и ние и тие, и бугарската и македонската дијаспора се дистанцира и воопшто не се интересира за балканот.

    За уште 20 години, уште луѓе ќе се иселат. Истокот што ги гласа вмро дпмне ќе стане попразен и полека ќе се населува со немакедонско население.
    2006-2017та се селевме тие што не бевме дпмне, 2017-2024та се селеа оние што не беа сдсм, 2024та па натака ќе покаже времето кој ќе се сели.
    Ќе остане возрасното население, пензионерите да гласаат, сега се радуваат на 5000 денари покачена пензија.

    Ќе славиме победа на секои избори, додека бројот ни се намалува.
    Ќе славиме додека полека умираме
     
    Последна измена: 8 мај 2024
    На La-loca, Amelia, eliesaab и 15 други им се допаѓа ова.
  10. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.192
    Многу сте ми интересни ВМРО приврзанициве, ќе бидам искрен, за мене лично ВСМРО се многу пофина опција, особено делот со даноци, затоа што прогресивен данок би не осакатил, исто така економските политики им се насочени кон крупниот капитал на сметка на обичниот работник, повторно ова ми оди во прилог, АМА јас со ВСМРО никогаш нема да се согласам за тоа како се гради економија, ВСМРО имаат погубни политики во економијата кои уништија генерации работници. Наведов еднаш дека пробаа и минималната плата да ја укинат, до ден денес се знаат малверзациите на претседателот на ССМ од режимот на Никола Груевски, кој сака нека потпраша за Жиле-Живко Митревски.
    Не знам како вие наша рајо, обични граѓани сте среќни што капиталистите ве водат, ова важи и за СДССМ и ВСМРО. Па пријатели, тие никогаш нема да работат за вас, тие секогаш одработуваат за нивните лични интереси, еве еден пример.

    ВМРО Скопје 2014, сите уметници кои се ангажираа беа блиски до тогашната власт, испумпаа милиони евра од буџетот и ги дадоа на свои луѓе притоа присвојувајќи дел. Пари, наши наменети за капитални проекти а не шлајм во Скопје. Да ве потсетам Скопје уште нема пречистителна станица, а депонијата Дрисла се потешко се справува со отпадот, всушност за некои 10 години не верувам и дека ќе можеме да го управуваме соодветно.

    СДСМ немаа вакво капитално цицање на буџетот, но се донесоа закони за соларните електрани, колку хектари земјиште земјоделско беше пренаменето? Која класност? Дали податоците за класноста биле веродостојни со оглед на тоа дека дел беа во многу плодни подрачја? Никој не знае и тешко и да се дознае, затоа што не можете денес да отидете и тоа да го проверите, почвата е трајно деградирана, а парите си ги штанцаат на наш грб.
    СДСМ - Бехтел и Енка, надзорот е даден на компании анонимуси, милионски суми за вработени кои не постојат или не се во целосна служба на проектот. Одговорност нула.

    Дали мислите дека било која од овие опции им е гајле за вас? Не ве есапат 2 посто пријатели, ако имате книшка, со среќа, ќе се дограбате до некое столче, ако не, размислете.

    Че Гевара не го коментирам, екстремист.
    Останатите сончогледи, не се вредни ни да се спомнат.
     
    На Amelia, eliesaab, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    91.234
    Пол:
    Женски
    И јас со ова ќе се согласам.
    Вмро со Љупчо е далеку од сите вмро а потоа.
     
    На Amelia, JuLleE и malerozna им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    27.893
    Пол:
    Женски
    И вмровците и сдсмовците исти се :D. Гласаат ли гласаат како да од утре подобро ќе им биде а ќе биде исто ако не и полошо :rofl:.
    Туку мислам дека гласаат само за инат од едни на други :rofl:.
     
    На Amelia, Anyshka, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.211
    Мене не ми се верува како албанците се толку обединети, а на нас не ни се верува колку гласови имаат сдсм наспроти дуи и се кажува со подсмев, место прст на чело да ни стави... Толку ли сме со ниска интелигенција?!
    Кај нашите партии проблемот е што не се опоненти, туку непријатели и тоа е толку глупаво и заостанато, па затоа албанските си играат како сакаат.

    Ќеф ми е што се смени власт, ама од друга страна ВМРО бе...?! ВМРО... кој капацитет го има, што интелектуалци има да понуди?! Името ќе го врати?! Ај да видиме... да видиме како ќе ни ги спопикаат бугарите.
    И пак ќе гледаме некои нови Мијалковци, Урковци курковци... ми се повраќа кога ќе ми текне на лажните приказни дека ни ја средуваа државата и дека паѓаа тулумби. Ми се повраќа кога ќе се сетам дека народ на раат на кафе не можеше да седне, ко поробени во "своја" и "слободна" држава од нивниот насилнички мајндсет. Каков рекет маваат, што народ остана без леб... Што инспекции шњораа и пишуваа казни за ништо на нашите што не им беа симпатизери, а им дудлаа на албанците...

    Горде во први редови, како не и е срам бе?! Нема образ. И после не и било заслужено што си лежеше?!

    Ајде да видиме што ќе биде... Очекуван беше резултатов.

    Леле како ја гушкаат Гордана за сликање, како баба ми што ја гушкаме...

    ВМРО беа канцерот на нашата економија, а тоа ме плаши повеќе се друго...
     
    Последна измена: 8 мај 2024
    На *Amethyst*, Amelia, azelea и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.362
    Пол:
    Женски
    Пасош со Северна, да му ја киднеме од Северџанијава. :D
     
    На Amelia, Mnik, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.513
    Допаѓања:
    191.366
    Најдоброто Вмро е она од Љупчо пред да биде Љубчо и пред да биде независна Македонија.
    Не е толку долга историјата да не ја памтиме.
     
    На Amelia, JuLleE, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.160
    Допаѓања:
    17.623
    Пол:
    Машки
    Да, како што кажаа и други СДСМ сами се криви што стигнаа до тука до кај што стигнаа, попустливата политика ги уништи, под итно им се потребни реформи и промени во партијата, а гледам некои се прашуваат и дали ќе опстоеле како партија, ќе опстојат сигурно, кога едно злосторничко здружение опстои и еве го се враќа на голема врата со горе-долу исти членови во врвот на партијата, ќе опстојат и овие но мораат да променат доста работи.

    Ќе биде интересно сега да се гледа кога ВМРО нема да може да исполни голем дел од ветувањата што ги даваше во кампањава на што се "запалија" поголемиот број вмроиди, пак така разочарани ќе почнат да уцвикуваат, а на СДСМ ќе им остане да го искористи се тоа во своја корист.
     
    Последна измена: 9 мај 2024
    На Amelia, Anyshka, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    27.893
    Пол:
    Женски
    Пасош имаме, нека ни дадат од соковите и колбасите шо ги товареа од штабот во ѓепекот на колата :rofl:
     
    На Amelia, SummerGirl и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Може да мрси муда само.
     
    На SummerGirl и Cosmi им се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.487
    Допаѓања:
    16.985
    Сеа замислете да ја поништат придавката Северна. Е дур тогаш трагикомедија ќе гледаме со личните документи. :rofl:
     
    На Mnik, Anyshka и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  20. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    2.956
    Грујо ќе се враќа ли од Маџарска?
     
    На Amelia, Bonnie Top, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.