Ете и без Димче се 64, не можат да ги условуваат, а дека нема да дозволат албанец, дај Боже, ма да не верувам дека нема да им дадат.
Нека си ги поддржува кој сака, во членот 5 од уставот на нато се вели, војна против една членка=војна против цело нато.
Мило ми е за професорот Карапејовски, имаше добри настапи и добра понуда, а тоа го препознаа скопјани... https://lider.mk/karapejovski-od-zn...DDA865TQM8M8FmGCbzjTJBj4dOezh74kN-As60RzqEb0Z
Точно. Нивното гласачко тело е постојано, што и да прават, пак ќе ги гласаат. Ама на СДСМ не е. И никако не го сфатија тоа. Нив членството вчера не ги гласаше. Ама и така треба, така е правилно. Она на Вмро не е. И не знам што мислевте вие, сега ќе гледате, каков пазар ќе падне, како Бугарите ќе влезат во Устав. Тоа е таа висока политика која не зависи од нас. Сдсм ја утна со внатрешната политика. А дојдоа на власт како херои, спасувачи. Толку надеж имавме. И затоа и народот толку се разочара. Оти ужас невиден беа. Само што не требаше целосна власт на Вмро. Не е добро. Барем Пендаровски да останеше. Чисто за баланс. Ама не ја научивме лекцијата. Левица може е опција, ама Димче не е. Прегладен е, искомплексиран кој доколу има власт има да гази и да лечи комплекси и фрустрации.
Еве направив пресметка преку една апликација која пресметува Донтов метод, вчерашните резултати ако Македонија беше една изборна единица. (За подобра и поточна претстава на желбата на гласачите, една изборна единица е подобро, ама тогаш би требало да се смени изборниот систем од затворени листи во отворени каде сами ќе си бираме кој пратеник најмногу би сакале да биде дел од собранието, како Албанија, Хрватска и други.)
Димче го знам лично, комшија едно време ми беше во Ск, тежок комплекс има човекот, исфрустриран, големо его, погрден речник, мислам не ми е ниво за претседател на партија..... Башка јас сервилноста во СЈО не можам да му ја простам, бидејќи знам какви "гадости" и нарачки имало таму....какво право, какви закони, само нарачки и местенки! И мене не ми се допаѓа апсолутна власт на ниту една партија, со наш менталитет, ќе забегаме....
Па тие се бетер од војна… ја бомбардираа Србија зашто си бранеше територија што сакаат да и ја земат.. и тоа ја бомбардираа со осиромашен ураниум.. нешто што е против сите човечки и војни права.
А кај нас во Криволак со што мислиш дека "вежбаат" натовци...... Што не има вежби во Германија или Франција....па ајде нас ќе не обучуваат колку да испукаат ѓубре За жал тоа ти е глобализација, поголемите ги "јадат" помалите, не може тоа Димче да го реши, тоа е светски поредок во кој играш, али треба да знаеш да се пазариш!
Жално… реално и теле да ставеа за претседател ќе го гласаа само зашто е вмро. Во секој случај дебаклов на сдс и повеќе од заслужен, и мило ми е шро маливе партии се креваат и тоа 3 пати повеќе од претходниве избори.
Ова е јавна тајна и никој ништо не прави. Народот плаќа со здравје. Вака како вчера да излезат да се побунат против ова зло треба, ама не, никој не се ни замара. Го трујат народот буквално.