Taka e, no sega koga ke gi stavis i ogromnite smetki, ne se izleva na kraj. Da ne spomnuvame i za skapoto gorivo znaci se e za poveke od dupla poskapo.
Добро бе победивте на избори доста лажете, 10,000 струја, па нас парното дома што ни е електрично кога ја грее цела куќа не ни стигнала 10,000 денари сметка. Кашкавалот е до кај 500, ама зависи и тоа каков и кој го купуваш.
Е не знам дали го боли или не, ама постојат правила, правилата се следат. Кому не одговараат не мора ич да влага.
Epa jas ne se gream na struja i najcesto imam smetki 8200, 10400... retko retko ponisko a site aparati mi se ekonomicni, rastitelniot mozebi e 500 den, maslinkite ti se veke 600 den
Нас колку што знам не не прашаа дали сакаме во Нато, за народот зборам, е ама не прашаа и за промена на име, не беше успешен референдумот, ама кој не слуша уствари, демократска држава сме ние.
Да ти кажам ја пред да се омажам во куќа живеев, сметка под 7000 ни нема стигнато последниве години, и тоа само една соба грееш, којзнае колку ќе дојде ако ги греевме и другите. А и да не заборавиме 400% поскапување на индустриската имаше. Ама бонбона бизнис беше.
Па накурчени сме и од ВМРО и од СДСМ, не треба да има гласање, директно трета партија, што е ова веќе само ВМРО и СДСМ. И во времето на вмро не беше сјајно, изгледа се заборави тоа.
Секој од нас сака да сме нато, па и вашата Гога (сега веќе е и наша, сечија е) сака, ама без северна, нато нема. А ние ако си се правевме патриоти како вмро, уште ќе бевме ФИРОМ и ќе тапкавме во место. Сега не знам точно кој ми кажуваше дека слушал на само вистина еден новинар стар, не знам како се викаше но во секој случај многу умен и паметен. Ја не се сеќавам, мал сум бил, ама за време на 90-те ни било понудено да се викаме Република Македонија-Скопје. Доколку тогаш се прифатело тоа, сега Македонија ќе беше една од најуспешните земји како што е Словенија. Доколку тогаш се прифатело, сега ќе бевме 20-на, 25 години во ЕУ, ама дпмне сакаат да се прават патриоти, иако со тоа прават само полошо за државата.
Пак лажеш, Кораб Трница е до 500, Маслинките се 300 на пазар, јас каде што купувам грчка каламата, затоа што купувам на поголемо, односно тегли од 5 и 10 килограми, ми доаѓаат 250 кило, ДИЕМ ГП исто има големит тегли кои се исто така многу економични. Колкава куќа сте бе ако само од апаратите имате 10,000 сметки? Шо праите?
Индустриската поскапе секаде и имаше субвенции за нејзе, таа дома ако ви е толку висока, тогаш вие нерационално трошите, шо праите бе луѓе, шо апарати имате? Па мене секој ден ми работат и машина за садови и машина за алишта па неам сметка 10000
Значи уствари, ти сакаш да сме Северна пошо у ЕУ ќе влеземе?? И е топ тоа што не се почитивал гласот на народотна референдум?? Браво бе, ептен демократија. Еве ја не сакам нато, од кај знаеш па и за други. Без разлика 400% алоо, не зезај.
Смешки сте со сметките за струја. Јас се греам на струја, готвам на струја, па не ми доаѓаат 8000 сметки за струја. Кај мајка ми и бојлер, и нон стоп пуштаме машини, готвам на електричен шпорет, најмногу ни дошло 4-5000, со соларното зимоска ни доаѓало 3-4000.
Еве стварно ти кажувам, и други ми спомнале дека им е огин, а да бидеме реални куќа е најтешко да згрееш, не знам што рационалност ти треба да дојдеш од работа и да пуштиш греалка да ти се грее дома.
Стално сите се жалат на сметки, цени на горивата, цени на производи во маркет, ама забораваат, односно намерно не ги кажуваат педикирите, маникирите, веѓите, трепките, ноктите и што уште не. Исто и старите, на сабајле ќе се јават на Канал 5 или алфа и ќе кажуваат како со 12 илјади пензија не се живее, ама нема да ја кажат пензијата на сопругот или сопругата кои можеби земаат и над 20, 30 илјади. Секако не зборам за сите, има и стари лица чии сопружници се починати, ама во најголем дел ова е ситуацијата зад камерите, односно зад телефонските линии на Роберт од канал 5 и тие од алфа, појма немам кои се и како се викаат.
Кашкавалот едамер се од 300-600 денари, растителните се околу 200, и ливада што е најскап беше сега скоро во кит го акција околу 500 денари
Јас излегов и гласав ,,За" на референдумот. Од сите излезени граѓани, над 90% беа ,,За", дури мислам дека имаше и повеќе неважечки од ,,против". А ако ти ова не го сметаш демократија каде 90% од излезните граѓани се за, а го сметаш за демократија друг да ти кажува дали да излезеш и да не гласша на референдум, тогаш тоа е друго.
Па порано педикирот, маникирот, трепките беа луксуз, сега откако се малку накачија платите е секојдневие. Не викам дека китки цветаат, но малку отидовме на подобро со плативе.
Заборавате една многу важна работа а тоа е дека во време на грујо државните работи беа подобро платени од приватен сектор кој работеше за 9000. Сега, платите во приварен сектор се во најголем дел повисоки од државниот. И така треба да биде зошто едните зависат од другите и зошто цел на млад кадар треба да е работа во приватен сектор. Во следните 2 до 3 години очекувам раст на економија и добро влдеење на вмро. После како и сите, ќе забегаат. Корупцијата нема да ја прекинат зошто од нив почнува, судството нема да го реформират, администрацијата никако нема да ја исчистат кога сеуште е 80% нивно гласачко тело. Ќе има раст на економија први 2 години и thats all folks. После пак ќе се докраде тоа што остана, ако остана нешто