Да, го укинаа законот за трето дете, не сум сигурма дали и пензионерите имаат бесплатен месеч билет сеуште или како беше…. А знаеш зошто? Затоа што тоа се пари земени украдени од платата на вработените во државните инситуции, за да се “инвестираат” во тие проекти. Извини, ама да крадеш од едно место и да дадеш на друго место, не знам колку се нарекува тоа инвестиција. Во просек по 9000ден е скратено на секој вработен во тие државни институции, колку сакајте ругајте ги, ама тие се сосема немоќни и работат и молчат исто како и во приватните фирми.
Kaj nas se ovie ceni. Mozebi se naogaat i za 100 den, mislam vazen e i kvalitetot ne e samo da jademe
Кога зборувате за зголемени цени, не заборавајте дека од 2017 навака се случија две екстремно големи кризи на светско ниво, односно короната и војната во Украина, и цените беа во екстремен пораст секаде, на сметка на животниот стандард. Една Норвешка пример каква била пред 2020, а каква е сега. А кога си мала држава како нас, и зависиш од увоз и извоз, не можеш цените да ги одредуваш и контролираш само ти внатрешно, оти пак ќе предизвикаш крах. Дури ако не се лажам имаше и некои статистики пред некое време дека во однос на инфлацијата Македонија се справила и најдобро на Балканот. А дека ќе ме убедите или докажите дека пред 2017 се живеело подобро, мало морген. Свртете се околу вас и видете каде се оди по одмори во последно, каков возен парк има и колку е обновен во последно, кафиња и ручеци надвор пречесто што не постои во Европа, итн. Е сега замислете на овие цени да останеа платите од 8000ден.
https://bigshop.mk/product-category/sekodnevni-produkti/konzervirana-hrana/maslinki/ https://www.bellina.mk/c/217/maslinki-i-meze https://paket.mk/category/svez-zelencuk-maslinki
Неуспешен референдум е тој на кој ќе се гласа против. Вмро, ко за све, свират ко што им одговара. Цитат: Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира референдумот и смета дека договорот со Грција е акт на предавство. Сепак, на почетокот на септември, само неколку недели пред референдумот, Христијан Мицкоски, претседателот на партијата излезе со изјава со која ги охрабри граѓаните да гласаат според сопственото убедување, и дека партијата ќе ги почитува различните мислења.
Неуспешен референдум е кога нема цензус. А ако има цензус и излезеш да гласаш дали против или за тогаш е успешен. Ако беше, а беше неуспешен бидејќи немаше доволно излезност, им пропаѓаат шансите да го изгласаат во собрание, ама пошо сме демократска држава и гласот на народот не се слуша, Зајко и компанија ни се измочаа на изборот на мнозинството и си го гласаа во собрание, противзаконски. Браво за Мицко ако мислел дека е акт на предаство, ете нешто паметно и од него имало сепак.
Остај ги, не виделе. Иначе, за тие што не се пребирливи, има добри маслинки во ДИМ и Кипер (и мали и големи пакувања-100 и нешто до 300 денари). Често ги ставаат на акција. А, за кашкавалите, секаде тие од кило по редовна цена се над 400 и над 500 денари (на акција се 300 и нешто за кило). Ако кашкавал од 500 и нешто денари не ви е скап, или сте пораснале привилегирани или сте станале привилегирани последниве години. Оти за просечен човек, скап е.
Не ме држи за збор, не сум сигурен, имаше некој објавено на темава претходно, ама отприлика вмро 56 (-2), сдсм 19 (+1), дуи 17 (-2), вреди исто мислам, левица 7 (+1), знам исто 6. Вака е тотално нефер за сите. Не може нечиј пратеник да вреди 8000 гласа, а на друг 12 000.
Ова ако е една изборна единица? Пак албанскиве многу имаат, два помалку од сеа, да не не пресметува убаво?
Да се вратиме сеа на 2024. Знам бара министер за транспорт и ќе добие. Вреди го бара мвр, ќе добие заменик министер на мвр.
Не е војна само со калашникови. Мене ми е страв од смилковско, диво насеље, напади на улица на млади луѓе, неред едноставно. Тоа не е човек, тоа е монструм, терорист, убиец на невини луѓе, само што сега место војничка опрема носи костум и вратоврска.
Сите тие набројание се случија во време на вмро. Една плус причина зошто никад вмро нема да го добие мојот глас.
Не знам, јас само ги пишав гласовите од сите партии, страницата ми премсетуваше. Доколку сакате и вие да си пробате ќе ја редактирам поракава и ќе ви ставам линкче. https://icon.cat/util/elections