Стевчо???? Лелеле не. Поголем апаш од него нема. Карпош пепел го направи . Само да види од каде да лапне стан некој. Од сите најдобар избор се дефинитивно Максим и Ванковска. Максим може промовира исти луѓе ама тие луѓе го напуштија Сдсм . Според мене можда и Максим да е најдобра опција од сите.
Одат оти мораат. Или тие што ги пратиле ги вработиле или им имаат ветувано ако победат дека ќе ги вработат. Знам блиски особи се вработени од сегашната влада на конгреси одат, митинзи, по врати. Цело време се активни додека да заврши гласањето.
Знам не ми се пушта тв од нив. Највеќе ме нервира тоа што лажат само и сите се исти, ништо нема да сменат.
Кога и да пуштам тв нив ги има, дење, ноќе... И само лажат, и едните, и другите, и се напаѓаат едни со други.
сите така ќе направат. А и негледам потреба зошто да обработувам, кога некои нема ниту да гласаат ниту се замараат со избори. И онака тоа би ми одзело махсимум 1 час, зошто би го изгубила целиот ден за подоцна да губам уште еден да го обработам?
Нема. Во 2015 година се донесоа измени на Изборниот законик со кои меѓу другото се предвидува дека: Требаше да се пријават најмалку 5.355 избирачи за да има избори за еден пратеник, а се пријавија околу 2.500 избирачи. Откако се донесени измените никогаш не гласала дијаспората.
Не верувам дека ќе има 60. 50/52. Левица им цицаат гласови на вмровци. Помина тоа време кога имаа по 63 пратеници. Имаат конкуренција во продавање популизам и патриотизам - Левица. Левица ќе имаат едно 4-5-6 пратеници.
А кампањата за парламентарните, ќе смее да тече за време на молкот на 23 и 24 април, затоа што кампањата треба да трае 20 дена, а оваа би траела 18.
Кампања ќе има, известување од неа ќе нема (може да има наредниот ден после 19:00 часот). Реклами ќе има. П.С. Кампањата започнува 20 дена пред изборите, што значи дека никогаш не трае 20 дена, односно е 18 дена, 19 ден е изборен молк, а 20 ден се изборите.
А митинзи со граѓани би имало? На 24 не верувам сите ќе си се по штабови ќе прогласуваат победи ама на 23?