Abe ne e isto, ako sakas zboruvaj i 24 saati ne e isto. A kako sto gledam ti mnogu zboruvas ama nisto ne kazuvas.
Нешто слично како што и ти. Ама разликата е што јас сама по себе гледам се и носам одлуки, а не од тв и комшии и партии.
Пендарот стока си го нарече народот, ако сме кај прост речник... Дека сите другиве многу слаткоречиви, па Димче бил со простачки речник
Hahahha taman e. Odlukite koska sto gi nosis koj komsii? Kakvi gluposti trlpas. Nie 4 cleno semejstvo i znam kolku e potrebno.
Па сама одговори на членката кога те праша, ја ли те терав да пишуваш? И следен пат немој да се срамиш да изговориш сдсМ, изговорија кратенката на Македонија.
Па да, ама Димче не чинел, и од кај излезе бојкотов, нешто им васат ли муабет? Па сам имаше пишано да се гласа. Не знам ја никаде не видов дека алудира на бојкот.
Анушке сакаш да одиш во странство, погледни како е таму, распрашај се па спореди дали е во ред вака. Да сегде е поскапено се', ама во склад со платите што ги имаат. А не да не може 1 кг кашкавал да си дозволи секој во месецот. Под 400 ден нема ништо, а да не е растителен, гума. Еден прост пример е кашкавалов само. Омекувач под 200 ден немаш асален. Во Германија прашај дали е така. Како е во ред да земаш плата 25000, а само за да се храниш нормално со готвење дома, во месецот да ти требаат 15000 најмалку (за три члено семејство)?
Pa da imase na vesti, isto imase i subvencjoniranje po ucilistata za deca cii roditeli imaat mesecno ostavaruvanje od 50 000 denari, koe za zal ne se realizira. A za kratenkata, pa sds ne ja zasluzuvaat ja prodadija.
Димитар е најголемата придобивка и истовремено најголемото зло за таа партија, ептен ги следам, го имаа и мојот глас, ама овие избори сметам дека водеа погрешна кампања и едноставно програмата им е нереална
Сум била и во Германија неколку пати, и во Италија, и знам дека е поефтино од тука. Ама... и таму се е покачено за разлика од 5-6 години, цените не тапкаат во место. Еве лани бев во Германија 3 месеци, епа не беа исти цените пред 5-6 години. Нема што да се распрашувам кога лично сум видела. Едит:во времето на СДСМ само татко ми работеше додека бевме мали, па за се имаше, и мебел купуваше и се. А во времето на вмро кога отвараше фирма (и тоа не кој знае колкава, да можеме ние да работиме), видов што направија ВМРО и колку се измачи.
Епа покачено е да, ама не е како овде. Никој не го спори тоа дека таму не е е поскапено се'. Пак они на нивните плати не осеќаат голема разлика како ние тука што осеќаме. За овие цени сега, да живееме еден нормален живот, минималец треба да е околу 35000, ако не и нешто плус. Иначе да додадам за цените и готвењето порано, мајка ми никогаш ни на дрва ни на плин не готвела,само на струја, за разлика од јас сега што знам и на камин да ставам тенџере, а електричен шпорет пуштам само за печење, на плин готвам, пак поскапо плаќам струја од тогаш. И соларно ставивме, што само во зима претежно пуштамр греач и тоа малку од малку не' вади.
Ние се на струја готвиме, на струја се грееме, па повеќе од 4-5000 не ни дошло сметка за струја. Кај мајка ми во Скопје имаме бојлер, дома соларно, па и со бојлер најмногу ни дошло 4-5000. Комшии кај мајка ми два спрата со парно на струја, две машини за алишта, две за садови, два бојлера, на струја готват снаата посебно, свекрвата посебно, па не им дошло над 10.000 ден. (6 члено семејство, децата им се по 20 години). Членката пиша не се грееле на струја, а 10.000 им доаѓале сметки.
Во времето на сдс, татко ми остама без работа од денес за утре заради бонбона бизнисите на сдс со приватизација. Да не зборам уште колку луѓе останаа без работа тогаш. И ова што викаш за Германија точно покачено е ама поефтина е хранава од кај нас пак, а платите кој се, ама па они добиваат секаква помош за се од државата, ние ништо… никад не сме добиле од никој.
Знам де дека е поефтино од кај нас, бев и видов, знам како е. Епа тоа е, кој останал без работа во времето на СДСМ нормално никој нема да ги сака, кој останал во времето на вмро пак ги сакаат. Некако се заслепени од ВМРО. Убаво пишав-најдобро да нема гласање, трета партија и крај. Преку глава и од ВМРО и од СДСМ. Затоа и не ми се живее тука, немаме никакви права ние граѓаните.
Другарка се породи во Германија пред 7 месеци, 250 евра месечно им исплаќаат до 18 години на детево помош… овде 5000 денари еднократно бе.. со 5000 пелени неможеш да купиш.. замисли на 18 години онака стан може да си купиш со париве испомош од државава. Овде еден пап тест имавме без пари годишно и тој многу ни бил ај на три години без пари… да не зборам улошкине колку пари се.. луксуз да имаш добиено.
Секаде имаат помош за дете/деца, само кај нас еднократна. И матичниве го наплаќаат ПАП како на приватно, ехо на гради исто како на приватно, на Клиника за ништо нема термини, катастрофа е.
Секаде се јави инфлација, но некаде властите подобро се справија. Нашиве реално ја усраа работата. Факт е дека иако порано платите беа помали и трошоците за живот беа помали (џабе негирате). Надежно, овие сега ќе скрпат поарно. Ако успеат да формираат влада, да се надеваме дека ќе видиме ново и просветлено ВМРО. Кои се загрижени за нивното делување, па нека се активираат. Пишувајте им, бунете се кога нешто нема да ви се допадне. Излегувајте на протести (во голема бројка, не двајца без тројца). А, не од дома на тастатура овие се вакви, такви, онакви... Треба да сфатите дека никој нема ништо да смени кога знае дека граѓанинот не се интересира.