Парламентарни избори 2024

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Drageeu, 25 март 2024.

?

За која политичка партија би гласале?

Анкетата е затворена на 9 мај 2024.
  1. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

    79 глас(а)
    31,6%
  2. Коалицијата на СДСМ

    20 глас(а)
    8,0%
  3. Левица

    75 глас(а)
    30,0%
  4. ЗНАМ

    18 глас(а)
    7,2%
  5. Европски фронт (ДУИ, ДПА..)

    4 глас(а)
    1,6%
  6. Коалиција ВРЕДИ (Беса, АА, Алтернатива..)

    1 глас(а)
    0,4%
  7. Нова Алтернатива на Данела Арсовска

    4 глас(а)
    1,6%
  8. ГРОМ

    2 глас(а)
    0,8%
  9. Друга партија

    1 глас(а)
    0,4%
  10. Нема да излезам на гласање

    26 глас(а)
    10,4%
  11. Ќе го поништам ливчето

    20 глас(а)
    8,0%
  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Па малку ли се 4000 или 5000 сметка за струја?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.831
    Допаѓања:
    129.401
    Пол:
    Женски
    Да, голема бројка ќе послушаат.
    Свесни се за грешките, ама уште имаат за учење. Голема бројка на протест е добра лекција.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    37.322
    Пол:
    Женски
    Членка пиша 10.000 ден., а не се грееле на струја.
    Три клими, две машини за алишта, готвење на струја, два бојлера нон стоп, машини за садови две, зборам за зимно време, еднаш ни дојде толку во Јануари кога имаше израмнување.
    Ова за во Скопје.
    Инаку на другото место имаме соларно, помалку ни доаѓа.
    Едит:епа порано бабите наши немале ништо на струја, переле на рака, миеле садови на рака, грееле вода на шпорет на дрва и се бањале во корито.
    И сред лето готвеле на шпорет на дрва.
    Летоска топлеле шишиња со вода, и сега има постари така прават и не е срамота, си штедат.
    Ние се сакаме на дугме и да не плаќаме многу, епа нема и јаре и паре.
     
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Епа зависи и електричните уреди што енергетска класа се (ако така се вика). Ама и да бидеме реални, не секој добива реални сметки за струја. Демек ЕВН не краде. Некој плаќа и за друг.
    Овде не се збори за старите што правеле. Збориме за пред 10 години.
    Во Германија колку плаќавте струја за тие 3 месеци?
     
    На Mumoftwo30, H.VAGA и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.759
    Допаѓања:
    41.709
    Пол:
    Машки
    Просечна плата 22 000 имаше во време на Грујо :D, сега толку е минимална. Во фев. 2024 била 39 276 денари просечната, нето. За споредба, во фев. 2015 била 21 104 денари.

    Минималната синдикална кошница (за четиричлено семејство) во ноември 2023 изнесувала 46 084. Или 117% од просечната плата. Со две просечни плати, процентот е 59%. Значи со еден вработен на едно семејство би му недостигале 6800ден., со два би му останувале околу 500 евра. Знам дека не е вака "идеална" ситуацијата, ама зборуваме за статистички факти, и сега и пред ~10 години. Ако споредуваме со минимална плата, во ноември 2023 мислам беше 20 175 денари нето, што значи дека кошничката е 218% од минималната, со 2 минимални 109%. Со една минимална недостигаат скоро 26 000ден., со две скоро 6000ден. за преживување.

    За ноември 2014 пак, минималната синдикална кошница изнесувала 32 168 денари, тоа е 152% од просечната, односно 76% со две плати. Поедноставно, на четиричлено семејство со еден вработен би му недостигале 11 000ден. за да го турне месецот, а со два вработени би му останувале околу 150€. Ако споредуваме со минимална плата, во ноември 2014 мислам 8800 денари нето, што значи дека кошничката била 366% од минималната, со 2 минимални 183%. Со една минимална недостасувале околу 23 000ден., со две околу 14 500ден. за преживување.

    Сиве податоци се од државен завод за статистика, МТСП и ССМ. Не успеав да најдам податок за износот на минималната синдикална кошничка во јануари или февруари 2024, затоа се навратив на последната достапна, односно на онаа од ноември 2023, па за поголема веродостојност истото го направив и со споредбата (плата фев. 2015, кошничка ноем. 2014).

    Како и да е, и тогаш и сега сме гадно сјебани и животниот стандард ни е исклучително лош. Може да расправаме кога се живеело подобро, споредувајќи факти и реална слика околу нас (што според мене говорат слична работа), ама она што е најсурова реалност е дека сме за жалење, и дека за нас нема многу надеж.
     
    Последна измена: 10 мај 2024
    На Erika.greeneyes, Mumoftwo30, Amelia и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    37.322
    Пол:
    Женски
    Па и во Германија зависи колку ќе потрошиш, таму има парно преку цела година, ако пушташ во сите соби ќе си платиш колку ќе потрошиш, инаку станот беше на внук на колега на маж ми роден во Германија со македонско потекло и таму си живее, и сместувањето беше од него, му работеа нешто таму, бев пријавена како негова гостинка.
     
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека зависи колку ќе потрошиш, јасно. Ама гарант не е нормално да плаќаш пример 500 еур струја, а зимаш 2000 еур плата.
    Овде земаш пример 25000, а плаќаш 5000. Ич не е нормално.
     
    На Mumoftwo30 и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    37.322
    Пол:
    Женски
    Епа не е нормално, ама не можеме ништо да смениме, се продадоа и приватизираа.
    Најдобрите фабрики ги затворија, странски донесоа, па на нив им одговара.
     
    На Mumoftwo30, GirlVolley и Mnik им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Во право си. Ама дека подобро се живееше последниве години, одколку пред да дојдат овие на власт, не е баш точно. Ете еден куп примери што скратија, што уништија. Зошто да им одземеш било каква финансиска помош на тие што им е потребна? Бар тоа што е добро, нека го оставеа и така ништо добро они не направија.
     
    На Mumoftwo30, Anaroz1 и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Togas pogolemiot del zemaa prosecna plata, sega pogolemiot del se minimalec. Zatoa imame custvo deka togas podobro se ziveese.
     
    На Blondie715 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Последната потрошувачка кошница е 60.000 ден.

    Кога сме кај споредбите, бидејќи тоа и го работам, во Македонија е многу тешко да направиш релевантна анализа, зошто:
    - попис немавме подолг период, а и овој е нерелевантен
    - голема присуство на нерегистриран промет, на пример: сите хаусмајстори од училишта работат и на црно, по куќи, тој промет не влегува во анализиве или елетричари, водоинсталатери...
    - занаетите не ни се регистрирани, а и тие што се регистрирани, се на паушал
    - опфат на ддв, многу мал
    - инспекции неефикасни, многу приход се затскрива по сметководствени документи

    Муабетов ми е, релевантна анализа за нас нема!

    И на крај, дај не ме убедувајте дека најголем дел од населениево живее со 2 просечни плати, мислам тоа е невозможно! Многу црни нерегистрирани пари имаме, тоа е болката!
     
    На LiquidLuna, Mumoftwo30, Ahoy и 4 други им се допаѓа ова.
  12. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    2.880
    Пол:
    Женски

    Некако не можеш да сфатиш изгледа.
    Никој нема право да крати на едни, да додава на други, а платите на функционерите да останат исти.
    Зошто секогаш се мава по џебот на работникот? Скратени плати на работници, за да се прави некакви лажни проекти поддржани од државата.
    Една ме сретна една жена возрасна вработена во паркови и зеленила претпоставувам, бидејки го средуваше зеленилото на партизанска.
    Вриштеше од плачење, немала пари леб да купи, 10 000 зимала плата и тие не им биле редовни, со месеци каснеле и при тоа дома маж инвалид имала.
    Зошто она да зима 10 000, а директорите и функционерите да зимаат платишта огромни и при тоа да се фалат дека инвестира државата во некакви финансиски проекти?
     
    Последна измена: 10 мај 2024
    На Ahoy и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Еве ти кажи ми. Цело време ги правдаш, ти објасни ми.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.193
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Женски
    Како може толку да зима? Нели минмалец е 23000? Ако е на пола работно време 11500 би зимала, некако ми нема логика.
     
  15. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    6.414
    [​IMG]

    Ама нели требаше масовно да гласаме за да не можат Албанци да нè уценуваат, какви се сега овие пазарења? Зар македонска партија не освои 58 пратеници, алооо 58?:DПак претседател во собрание ќе дадат?
     
    На Mumoftwo30 и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    2.880
    Пол:
    Женски

    Ало бре ги правдам работниците, без оглед кaде работат.
    Зошто секогаш по нивниот грб да се мава, за да се возвишат вмро и сдсм?
     
    Последна измена: 10 мај 2024
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    2.880
    Пол:
    Женски

    Немам поим како. Јас до сега не сум сретнала такво нешто и збореше дека има голема желба да влезе кај данела на работа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.193
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Женски
    Може треба да проба по маркетиве, секогаш бараат работници, и платени се подобро, е сеа ова сакала кај Данела.. не знам што да кажам, ќе звучам лошо.
     
  19. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    2.880
    Пол:
    Женски

    Па затоа што вмро и сдсм се цел живот во договори и компензации со албанските партии.
    А ние тука ќе дебатираме за нив
     
    На Amelia и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    2.880
    Пол:
    Женски

    Па претпоставувам нив ги раководи данела….жената можеби беше околу 50тина години, во возраст каде не верувам дека лесно се наоѓа работа
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.