Eve da ti kazam i za direktorot na bolnicata, predhodniot bese direktor 11 gidini ne uspea ni da ja iscisti bolnicata ne nesto da napravi. Ovoj sega sto bese sekoja cest, ja napravi bolnicata neprepoznatliva i toa e stvarno za pofalba, alal da mu e.
Истово го пишав кога гласавме за првиот круг. Кој и да е, јасно е дека ќе краде. Никој не може да ме убеди дека и Левица и Максим би биле поинакви. Ама, нека ја средат државава, уште малку полоши од племињана по Африка ќе сме ако продолжат вака, нека го стегнат малку образованиево, кај нас во Основново школо, пола се вработени колку да зимаат пари, не се замараат со децава, среди го Здравството колку толку, да заличиме малку на држава, па кради. Ама кради со усул. Никој нема да му е гајле што прави тој на власт ако ни е средено се'. А не овие и гаќите ни ги земаа за правнуците да имаат што да им облечат.
Уште едно мислење по кое се гледа дека си лошо задоен од СДС оти немаш поим. Не знаеш ни што е патриотизам, ни со кои намери е создадена ЕУ (хинт, не е со добри). Со СДС на власт многу повеќе деца и возрасни гладуваат и немаат што да облечат.Заев рече јавно дека ќе јадат живи луѓе и така бидна. СДС го збори тоа влегување во ЕУ преку 20 години. Таа ЕУ што ја посакуваш гурна земји во огромни трошоци и безбедносни ризици.ОК добро направи што излезе. Таа ЕУ е болен контролор произлезен од нацистички идеи. Таа ЕУ од нас бара нефер услови што не им ги побара на други.
Најјакиот дел е што сме се вратиле уште 10 чекори наназад, и не сме мрднале од таа мртва точка. Ама ЕУ, блиски сме хахахха.
Како го величите Грујо како вујко да ви е. Затоа избега, дека не е "виновен" Ајде вмрооо напред, довршете таму каде што застанавте. Сдсмовци видоа дека ништо не направија за народот, и сега гласаа за трета партија, ама ВМРО никако за трета, само ВМРО, ВМРО и никој друг, не знам кои се задоени, дали тие од ВМРО, дали тие од СДСМ. Па СДСМ кога дојдоа на власт после ВМРО беше испразнета касата, и кој е виновен за тоа? Со кој буџет да располагаа кога немаше. Епа сега Мицко нека се задолжи, и народот ќе си пати како и секогаш. Сега да отидам јас негде во некоја фирма да бидам директорка, а претходниот се украл, нормално мене ќе ме обвинуваат кога не оставил ништо за да располагам, и ќе се задолжувам.
СДСМ беа казнети заслужено, сите до еден треба да дадат оставки, а дел од нив и да одговараат за целиот хаос и криминал изминативе години, гласачкото тело им е поинтелигентно, не им излезе заслужено, тоа се докажало и години наназад. На овие другиве, цигла да им ставиш, ќе ја гласаат.Добив лични навреди од членки на кои им реплицирав дека ќе релативизираат кога оваа гарнитура ќе ги прави истите работи како и нивните претходници. Такво им е мнозинството гласачки телца, пакосни и злобни.
Ако они го величат Грујо, ти звучиш како да го величиш цело СДС. Цело време коментарите ти се анти-ВМРО и никаде не се гледа нешто анти-СДС.
Не, не го величам, јас не гласав за никој, од каде го величам? Да бев за СДСМ ќе гласав, ама никој не заслужил, ни сдсм, ни ВМРО и никогаш нема да гласам.
Јас вработена партиски? Си работам во своја фирма, татко ми ме вработи, уште нешто? Ни ВМРО ни сдсм не ме вработиле, ако чекам јас од партиите, тешко. Никој не гласав.
Тие партиски вработените ги разбирам, нормално оти ќе си го браниш лебот, ама овие другиве за шо се чукаат во гради не разбирам .
Гласачкото тело на сдс, последниве неколку пати е албанците. Само така освојуваат гласови, е сеа, тие гласови им отидоа кај албанците, другите кај Знам и Левица. И толку им останаа. Колку што памтам до сеа, вмро коалицира со албанска партија, како и сите, ама ниеднаш албанските гласови не одеа кај вмро пред коалиција. Тука е разликата, Левица се крена 3 пати повеќе од претходниот пат, заслужено, од гласови од незадоволни вмро и сдс членови. Максо им зема исто многу гласови, нова партија 6 пратеника зема. 3 месеци постои партијата.
Па гласовите отишле кај ЗНАМ и Левица пошто нивните гласачи решиле да ги казнат, се разочарале во нивните политики. За тоа пишав погоре. Вмровци тоа никад не би го направиле. Они и во време на најголеми криминали и скандали добивале по 300 000 гласови. Стадо кое слепо го следи овчарот.
Па тоа ти кажувам, албанските гласови биле пресудни, затоа прв пат во историјата албанска партија има повеќе пратеници од една од најголемите партии во Македонија. Така и првиот пат после 11 години Сдс влезе во влада, вмро победи, ама дуи не го почитуваше договорот нели најголемата албанска со најголемата македонска и коалицираше со сдс и сдс доби влада, следните претседателски избори, сите албанци гласаа за Стево и Стево освои претседателски мандат.
ЗНАМ не е партија, проект е за обид за Максо да го превземе СДС. Левица оди на подолги стази, само треба лидерот да си го сменат и програмската ориентираност им е погрешна, треба малку и глобалистички пристап да применат, сепак сме 21 век и геополитички сме никој и ништо. Ако продолжат вака Левица, со ваква програма, со едно влегување во Влада, ќе се самоуништат, бидејќи програмата кажав им е Утопија! П.С секоја чест за Левица за политиките за штедење и намалување на непродуктивни трошења, друго не им држи вода во 21 век
Различни поенти имаме. СДСМ секогаш имала гласачко тело околу/над 250 000 гласови без Албанци. Најкатастрофалниот резултат на СДСМ им беше 2008 година, кога добиваат околу 240 000 гласови, 27 мандати (албански гласови тука немаат врска со СДСМ). Сега добиваат едвај 150 000 гласови. Каде се околу 100 000 гласачи? Не излегле да гласаат или гласале за Максим, Апасиев итн, нивните гласачи ги казниле. Ова на ВМРО не им се дешава, имаат слепо гласачко тело. Тоа ми е поентата.