Не ми се прави тука некој и нешто. Си се исмејуваш демек сум од сдс. Не сум од сдс, да се навратиш малце во темава сум ги критикувал и сдс и дпне. Јас сметам дека Заев беше храбар, а за ковачевски никогаш не сум рекол добар збор ниту ќе речам, убедливо најлошиот премиер.
Ќе се правам кога здогледувам мислења на политички неписмени луѓе. И членовите и симпатизерите на СДС се задоени. За пофалба се само оние кои ја напуштаат и оние кои не ја гласаат партијата.
Те молам да не ми се обраќаш така кога верувам дека си далеку понеписмена политички од мене. А извини да не си ти ставена од некоја меѓународна организација да кажуваш чии симпатизери се задоени, а кој не се? Јас не гласав за сдс и додека е ова раководство не планирам. А ако мислиш дека ти си таа која ќе одлучиш кој е за пофалба, а кој не е, си се лажеш.
Студирав политика. Познавам политичари. Поради тоа одредени ликови тука сте ми смешни оти се познава дека немате поим.
Мило ми е пто си студирала, ама не знам баш дали е добро познавање ако поддржуваш некого кој работи против интересите на државата.
Не сфаќаш кој е против државава и нејзините интереси. Мене ми е совршено јасно благодарение на лекциите и познанствата. Во ниту една партија не мислат сите членови исто. Имаат поделени ставови (исто и симпатизерите). Јавно го кажуваат само она што одговара да се каже во ситуацијата.
Ај баш ќе видиме дали и Мицко ќе ги прифати измените на уставот за само три четири месеци. Спојлер: Спојлер алерт ДА Дали тогаш ќе работат за интересите или против интересите? Па зошто не излеговте да гласате против?
Да, но како партија се изјаснуваат дека се за НАТО. Сакаш да кажеш дека им се лижат на америте, а всушност се антизапад? Значи само за да се дошлепаат до власт, го кажуваат она што треба да се каже во дадена ситуација. Coool.
Реков дека го гласав Стево, не сдс. Стево ми беше пример за најдобар претседател после Глигоров и Трајковски. Бранко и Хорхе ама баш ништо. А доколку не можеш да разделил гласање за личност од гласање за партија тоа е друго. Јас гласав за Стево како личност, не како Стево кандидат од сдс.