А, ти беше таму, па знаеш дека е виновен? Да се појаснам, не го бранам Груевски. Само не паѓам на комуњарски уверенија. Сметам дека Груевски треба да се врати, ама да добие правично судење. Не пред комуњарските судии и обвинители. Додека за Заев јасно видовме како бара едно евро за бате. Случаите за двајцата повторно треба да се разгледаат.
А ти беше таму па знаеш дали не е виновен? И кој е задоен, вие од ВМРО, или ние сме биле задоени што сме и против ВМРО и против СДСМ? А бе и Зајко и Грујо нека си лежат, јас не го бранам ни Зајко како вие што го браните Грујо. Е тек сега бетер ќе биде, бетер ќе има поскапување на се. Првите неколку месеци може ќе се покажат, ама после... Не знам колку пати да повторам дека не гласав, да бев задоена од СДСМ ќе гласав за нив. Пишав и јас и неколку членови, симпатизерите на СДСМ ги казнија СДСМ, ама ВМРО никогаш не би ги казнил, вие сте задоени од ВМРО, никој не е задоен од СДСМ. За време на Грујо воопшто немаше корумпирано судство и здраство, аха, сигурно. Ни Грујо ни Зајко не ми даваат леб. Нека му ја мислат партиски вработените.
Кој би знаел дали некој сериозно мисли или не? Закана по живот е нешто што треба да се сфати сериозно. Тебе да ти се закануваат, баш ќе си седиш така мирна, сигурно. А и секогаш политичари добиваат закани кога прават нешто што на некој не му одговара. Тоа е политичкиот свет, се' се случува и на се' треба да се биде спремен. И не ми врти на иронија дека бил поштен и сам да се предаде, тоа што пишав не значи дека го бранам.
Го браните. Не избегал дека е виновен и треба да си лежи, туку дека му се заканувале? Да беше така ќе избегаше уште пред тоа.
Како го одбранив? Тоа што кажав факт зошто избега, за бранење го сметаш? За мене не е, јас не реков дека не е виновен за нешто, само глупо ми беше секогаш да читам избега та избега за да не лежи.
Ете и за двете работи избега. Сигурно и Зајко му помогнал, а народ ќе се расправа тука за нив. Па и Бранко и Љубчо се навредуваа пред народ, потоа заедно си беа, народ нека се расправа колку сака, тие заедно договараат тендери. Затоа не треба ни да има гласање, директно трета партија, само вмро и СДСМ како да постојат, па ако не таткото, мајката ќе биде на власт. Пишуваше негде дека државава ни е на разведени родители, де е во рацете на ВМРО, де е во рацете на СДСМ. Џабе народов гласа за трета партија, кога тие од ВМРО се задоени од нив. Затоа нема потреба да гласам кога се знаеше кој ќе победи.
Заканите се вистинити, верувала ти или не. Реков дека не го бранам Груевски. И он и Заев треба да одат на суд, но не пред судии и обвинители на СДС оти едниот ќе биде неправедно третиран, а другиот ќе се извлече. Ама, гледам дека цело време пожестоко критикуваш Вмровци и тоа не ти чини.
Ги мразам и едните и другите, пишав дека Грујо по не го сакам од Мицко. И аман со тоа ако некој ги критикува ВМРО автоматски е за СДСМ или СДСМ ги вработиле како што пиша една членка. Никој не ме вработил, немам ни партиска книшка, татко ми ме вработи, а пред тоа работев секаде, а не како членката што пиша СДСМ дека ме вработиле, не, не чекам како неа со години работа да ми падне од небо. Да не одам офф топик, ама навреди со тоа дека СДСМ ме вработиле, не знаејќи дека си имам фирма од татко ми, не е кој знае колкава, ама лебот сама си го вадам, не им лижам г** на партиите и да им бидам потрчко. Имам зошто ги мразам ВМРО повеќе од СДСМ, тоа не е за тука. Не можам детали да кажувам зошто. Тие што живееле подобро во нивно време, ги мразат повеќе СДСМ, и се така во круг не вртат и двете партии. И на мои блиски знам што им направи ВМРО. Не се толку невини како што ги кажувате. Имаше и тогаш корумпирани судии и полицајци.
Немам намера да разглабам и анализирам за поранешен премиер. Пишав што пишав, закани по живот не се наивна работа и тоа е се'. Пред да ја загуби власта, памтам колку отворено се ширеше омраза кон него. Нема врска, ете избегна затвор, да видиме сега кој ќе бега следно.
Па членка пиша дека и Зајко избегал, ама се вратил на неколку дена за избориве, па изгледа пак ќе избега. Нека кршат глава сите политичари, исти г****а се сите. Па потоа овој не не сакал, оној не не сакал, македонците се против македонците, кој да не сака друг. Една партија некоја трета и крај. Наместо да се соединат, направија народот да се расправа поради нив, а тие јадат и пијат на иста маса и си договараат заедно тендери, па бранете ги и понатаму. Ниту СДСМ ниту ВМРО ги бранам, ниту една партија не сакам.
Не гласам не гласам бла бла бла и утре најгласни зошто државата е тиња, сите биле исти, излези, барем поништи ливчето за да не го искористи некој друг. Заев ни го продаде името, поголемо предавство нема од ова. Па сите за Грујо фатени. Факт е дека не е светец, туку требаше да си лежи поштено, ами со тоа што оваа власт што падна, кој ќе лежи, м? Зајко требаше одамна да лежи заедно со баграва негова. Небитно кој те вработил, дадено ти е право на глас, ако не го искористиш немаш право да кукаш у каква ситуација е овде.
Ај ти не гласај, може? Така и нема со сила да не натерате да гласаме, државава одамна е тиња и никој не може да ја оправи, вид мислете си дека сега ВМРО ќе направат нешто. Имам право дали ќе гласам или не. Јас не кукам, сите кукаат дека сега имало корумпирано судство, а демек во ВМРО немало. Не планирам да седам во државава. Ама изгледа уште не сфаќате дека Заев сам тоа не го направи, туку заедно со ВМРО. Нека си лежи и Зајко, не го бранам. А не вие што гласавте ептен сега ќе ни цвета државава... Толку од дискусијава, убаво време, нема што да губам време за партии, карајте се и бранете ги, тие сега кој знае каде се заедно и си се договараат.... Да доукрадат уште нешто.
Види, никој никого не брани, нит сум приврзаник на едните ниту на другите. Можев и јас ко тебе да ја искористам ситуацијата и да отидам кај моите во странство, иако работам во приватна фирма бирам да си го искористам правото на глас затоа што сакам, а доколку не се одлучев за една од двете партии ќе го поништев ливчето. Има разлика, ама гледам умна си, знаеш што правеш, па бидејќи не те интересира ништо, не знам што бараш на темата, секако не гласаш и ќе си заминеш. Остави не нас забулените што се лупаме у гради според тебе да дискутираме.
Да, да, кабинетот на Груевски се збогати од многу напорна работа и непреспиени ноќи, најбуквално сите во блискиот круг соработници денес вредат десетици милиони евра, додека највисоката функционерска плата е колку? 2000? 3000 евра? Браво бе какви домаќини... Ама и вие сте за тепање, се праите на тошо а ги знаете кои се функционерските фамилии, не ме јебете у здрав мозок.
Познато е тоа вашето "што бараш на темава". Темава е за сите и секој има право на свое мислење, а не ако не се сложувате да скокате. Значи според тебе ни една тема што не ме засега да не пишувам мислење. Ок, како ќе кажеш.
Те сфаќам што сакаш да кажеш. Но и јас со слично мислење би ти пишала "што бараш на темава". Не за друго, да оставиме да видиме на времето. Факт е дека конкретно за образование и медицина нема поправање, отидено е. Нека прават и мислат што сакаат сите. Па на крајот од денот пукање сеир од страна е послатко од кавга.
Види, и мене татенце да ме вработеше у своја сопствена фирма, ќе ме болеше таквата, ама ја немаме сите таа среќа ко тебе со сигурна иднина, некој мора да се бори за тоа. Затоа Албанците си зедоа што сакаат, со сложеност, па дур и различни партии, чекаа и си добија и си гласат едносложно. А тука од таквите шо ги боли кур... сме до овде.