Читам баш по страниве, сите тие јаките "патриоти", коментираат од далеку како треба, нека дојдат тука па нека кажуваат како.
Каде пишува дека тебе ти го пишувам? Ако е цитирано нешто не значи дека целата порака е за тоа. А јас не сум од тие типови како алфа кај што замижуваат кај едни, а кај други зборат. Јас знам дека кампањата од вмро беше црна, не беше ,,бела" односно посветена на нив. А алфа сабајле баш гледав, се јави гледач кој ја критикуваше Гордана и Искра се налути и уште рече: ,,Ако се фаќаме ние за вакви ситници уште од првиот ден". Тоа стварно ме истригира, тие 24/7 јадеа гурабии за сдсм и стево уште од пред да се направи владата или инаугурацијата на Стево, ама за Гога така не може. Гога и Мицко со ангели испратени од Бога, кај нив нема ниту една лоша страна. Што побрзо алфа се затвори, тоа подобро за сите.
На Женски магазин ми искочи статија за Мери Николова Буџаку. И си викам дај да ја видам на фб била мажена за поранешен амбасадор на Македонија во Франција односно албанец од Дуи. Па јас кога мислам дека се сум видела е ова не сум го видела. Значи се можам да разберам али МАКЕДОНКА да го брани и величи Али Ахмети е тоа не сум го видела. Тој е Лидер кој обединува, мотивира, кој од раздор креира хармонија. Неговата мисија е да ги обедини и да го подобри животот на луѓето. Да ја прашам златнава дали татко и или некој близок член од фамилија и беше во војната од 2001? Зошто Ахмети на секој нивни посран митинг извикува Учк. Срам за земјава е. Да сум некаков фактор би и го одзела македонското државјанство .
Не ја оцрнуваше Гога, а ако ја оцрнуваше одма ќе добиеше и минус глас од мене, нема да го личи да исмејува дама пред се, а потоа и 10 години постара жена од него.
Meри на претходните избори беше носител на листа на ДУИ во ИЕ 3, тоест во Источна Македонија. А ти текнува на Бранислав Синадиновски, православниот Албанец, сестра му го демантираше дека не е тоа. https://fokus.mk/branislav-sinadinovski-pravoslaven-albanets-ili-obichen-izmamnik/ А милијардата што ја зборува Мицкоски, изгледа од Унгарија ќе е. Синоќа Мисајловски беше кај Попетрески во 360 степени, на прашање дали тие пари ќе бидат од кај Орбан, не негираше, ама и не даде повеќе детали.
Nas 3 miljardi ne ne perat, ovie cel budzetski deficit planiran za prvi 3 meseci go potrosile, javen dolg nad 60% e, tesko na noviot minister za finansii, koj ke se nafati, sekoja cest
Tv kanal VIS-Strumica:Мицкоски: Имаме 61 пратеник во собранието. Лидерот на ВМРО-ДМПНЕ и мандатар на новата Влада, Христијан Мицкоски, вели дека обезбедени се 61 пратеник бидејќи три пратеници веќе изразиле подготвеност да се приклучиле кон нивната коалиција. Информира дека наскоро ќе бидат познати и нивните имиња. „ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Твоја Македонија’ ги заврши разговорите со неколку од пратениците коишто не се дел од коалицијата, и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник. Не можам да зборувам во однос на деталите, но многу скоро од денеска ќе ги дознаете деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна“ истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање на Самитот Македонија 2025. Тој додава дека сепак ваквата позиција нема да ги повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери како што е коалицијата Вреди. Мицкоски е оптимист дека ќе обезбедат и две третини во Парламентот заедно со останатите опозициски партии со кои преговаат да бидат дел од идната влада. ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори освои 58 пратеници, а досегашната владејачка партија СДСМ 18. ДУИ ќе има 19 пратеници во новиот собраниски состав, албанската коалиција Вреди 13 пратенички места, а Левица и ЗНАМ по 6 пратеници.
Повеќе медиуми денес изнесоа список (сеуште во преговори) за новиот состав на влада: Спојлер Надворешни работи - Дпмне - Тимчо Муцунски Внатрешни работи - Дпмне - Александар Николовски Финансии - Дпмне - Гордана Димитриевска Кочовска Правда - Дпмне - Панче Тошковски Труд и социјала - Дпмне - Ѓоко Велковски Економија - Дпмне Земјоделство - Дпмне - Трипуновски Министерство за информатичко - Дпмне - Стефан Андоновски Ново министерство за енергетика - Дпмне - Сања Божиновска Политички систем - Влен - Изет Меџити Здравство - Влен - Фатмир Меџити Образование - Влен Култура - Влен Животна средина - Влен Собрание спикер - Влен ? - Снопче/Гаши
Мутавиот Александар Николовски за внатрешни? Ако го стаат Ацо рексона на оваа позиција, ќе го барам Обиџуко назад.
Гаши ај пак и пак, ама ти Снопче жити се? Катастрофа. Друга катастрофа е што пола кадаров за министри по пат не знаат да одат, се сопкаат па тие министри ќе ти биле.
Добро е што МВР нема да им го дадат. Некој пишал влез во ЕУ. Ма каква ЕУ. Дотогаш сите ќе избегаат во странство.