Следев конститутивна седница, овие од Левица колку се attention whore. Реџеп Исмаил мн мутав, на фб остава поинаков впечаток, Мојсовската ми е проста тиква, ѝ се тресат рачињата, ѝ трепери гласот ама она е филмотници. Амар Мецановиќ ми е некако најдобар во излагањата. СДСМ исклучени од апарати, никаде ги нема, небитни. Африм Гаши е новиот претседател на собрание, значи овие од СДСМ цела држава им ја распродадоа на Албанците, очекувам немири и протести од поддржувачите на ВМРО. Oh wait...
- Претседател на Собрание е Претседател на државата во отсуство на избран Претседател и Премиер. Ова е исклучително важна државна функција. - Не мора да има албанска партија на власт, бидејќи ние не сме федерално организирани. - Бараа екологија и економија, пошто таму се Европските фондови. Сега партал ќе направат од крадење!
Димче е старлета, инфлуенсер, скандал кралица, вечен опозиционер.Очекувам квалитетно шоу од него во следните 4 години.
Еве кај се исмејуваш. Научи да разликуваш поими. Ама пак ќе кажам, Заев тебе ти е пример за херој… и најубаво според тебе се живеело во времето на Заев. Твоето сдс, си го доби заслуженото. Полошо не и се десило на државава од сдс. И пак ќе кажам, ако некој е против сдс не значи дека е за вмро. Ама што повеќе од некој што го симпатизира за херој Заев… Поздрав. Вмро победи, сакале јас и ти или не сакале. Сдс не треба никад да се врати веќе, ако прават вмро исто исто треба и на нив да им се деси. Доста ги браниш сдс, не заслужуваат. Фрли малку око и накај трет избор, пошо веќе си го користиш правото на глас.
Тука ја исмевам тогашната опозиција односно грујче и мицко кои тогаш никако не дозволуваа албанец претседател, а сега смее. Да, за времето на Заев јас живеев најдобро и да Заев е херој. Заев направи нешто што не се осмели да го направи никој 27 години пред него. На некој начин се жртвуваше да биде омразен кај народот само за да биде подобро за народот. А јас еве пак ќе кажам колку и да треба пати, јас иако од 2011 на вака секогаш сум ги гласал Сдсм (со исклучок на локални каде секогаш гласам за македонецот, а во Кичево кандидат Македонец има само вмро), овој пат излегов гласав и заокружив 16. За жал демократи не освоија пратеник но се надевам дека во некоја наредна прилика и наредни избори ќе освојат. Доколку увидам дека иднава влада ќе поправи нешто без око да ми трепне заокружувам вмро, ма да ко што гледам уште на почеток ги прават грешките кои ги коментираа и толку многу преувеличуваа кај претходната влада како на пример употребата на ,,нашата земја" и албанец спикер, како и што верувам дека ќе ги усвојат уставните измени само што ќе им го сменат името за народот да се прелаже. Јас кажав во неколку наврати, среќен сум што сдсм падна затоа што за здрава држава потребна ни е промена на власт на 4-8 години и за Таче да се смени од функцијата претседател на сдсм. За претседател си стојам на моето дека Стево беше подобар избор но кој сум јас ако над половина милион луѓе рекле дека не е вистинскиот избор. Повеќе не планирам де гледам на партии туку на луѓе кои мислат добро за државата, доколку вмро се докаже добро еве ја прв 2028 излегувам уште од 7 часот и ги заокружувам.
Гаши и Алтернатива ќе го нокаутираат ВМРО и нивниот лажен патриотизам исто како што ДУИ ги сјебаа СДСМ и она ,,едно опШесво за сите". На ова мнозинство со 61 пратеник, ти да дозволиш партија со два мандати да ти води собрание на албански е пораз. Тој пораз ќе расте секој ден. Едвај ги чекам следните настапи на Силјановска и Мицковски како премиер надвор, за да гледам ,,нашата земја" сценарио. Сакам да ги следам и вмровските портали и тв Алфа како сето тоа го релативизираат. А тек па кога ќе внесат Бугари во устав. Инфлуенсерите од Левица колку се уфилмаа, имаат кратко спотче со филмска, драматична музика, снимени како одат кон собрание. Демек, пазете се, доаѓаме.Старлетата Димче и неговите 5 потрчковци ќе прават шоу во следниве 4 години. СДСМ се мртви, исклучени од апарати, тотално се небитни, мислам дека Левица повеќе ќе се истакнат како опозиција. Следува топ период за фаќање сеир.
Вмро уште од денеска заеба, десетици илјади гласови им отидоа неповрат. Рејтингот од Мицко допрва ќе опаѓа, а уште не формирана владата.
Jas izgleda za brzo ke si gi spakuvam kuferite nazad vo Svicarska....nekako brzo se razocarav sega...... Jas na 58 pratenici, osven dve ministerstva i nekoe direktorce na niska klasa preduzece, nisto ne bi im dala......pa odete bre vo Kaleto so muskuli, ne podmocani, se sto ke kazat, samo klimaat..... Aj sega ke go cekam da go vidam ekonomskiot bum.....zosto nacionalno potonavme....
2017 (49 македонски пратеници со 13 албански пратеници): 2024 (64 македонски пратеници (мнозинство) со 14 албански пратеници): Oh what a time to be alive
Кај се тие што скокаа за вмро дека вака ќе направеле, онака ќе направеле, сдш предавници биле...? Нешто ги немаше вчера а ни денес да кажат кој е предавник, еве на албански ви се заколна Гаши, сега не ви сметаше. Изгледа уште се во славје, вмро им се врати на власт. Да не си им во кожа на тие што уште лежат за 27ми април. Ееее деца деца, целиот театар беше за да седнат на фотеља и да јадат на државна копана. Идејата на вмро е бугаризација, си начекаа да дојдат на власт и сега свечено ќе ја спроведат. Веќе за наредниот попис многу повеќе ќе се пишат како бугари, не само 3500.
Додека си гласаме ко слепи за стап те за едни те за други, вака ќе биде. 30 години само вмро и сдс.. се надевам дека Димче уште 10 ќе им земе следни избори. Што да си им во кожа… сдс ги нарекуваа терористи… овие ги наместија за свои цели. Додека вака се врти државава лево и десно, никад нема да мрдне од точка.
Идеата на ВМРО никогаш не била поврзана со Бугарија или интереси на други држави, напротив. Секогаш и секаде има шпиони, во сите партии, така и во ВМРО и во историјата. Али идеата е самостојна држава. Во нашиов случај лидерите во ВМРО се скроз промашени, односно ни ги намести Калето. Немаме суверинитет, значи ние не одлучуваме. П.С Димче лажниот војник не е опција, он ви е само времен проект финансиран од исток, а другиве од запад.