На Америка, на UK, EU и на сите останати баш им е гајле кој ни е спикер. На мицко и ко. Им е битно за да си протнуваат закони што нив ќе ги богатат.
Не ги слушај што зборат, гледај ги што прават. Идејата на вмро е бугаризација. Тоа е сон од 1893та. Кој сака, ќе дискутираме.
Мислиш на врховистите? И врховистите се Македонци само што македонското веќе им е обледено оти трета четврта генерација биле таму.
Збориме за моменталната ситуација во вмро дпмне. На која агенда работат од 2006та. Љубчо го тргаме на страна. Грујо, па Мицко и тие околу нив
Затоа што тој отворено збори за Бугарија. А Грујо и Мицко против. Да ги гледаме што прават, а не да слушаме што зборат. Која е агендата на вмро од 2003та наваму? Во кој правец ја водеа државата? Кај е населението? Што се случи со пописот?
Не, потполно се сложувам, прашав поради што не знаев во која смисла е кажано да се тргне тој на страна кога Љубчо е бугарофил со тапија. 90-те сите вика Љубчо патриот, а тој испадна најголемиот бугарофил па можеби и најдобриот член на вмро оти човекот си беше прав десничар, конзервативец и националист. Ти да пуштиш српска музика после распадот на Југославија, па тоа беше смртна казна зошто е песна од левичарскиот и комунистичкиот систем кој владеел тука неколку години пред тоа.
Јас сум идеолошки поддржувач на ВМРО од мои 16 год, сега сум 41. ВМРО е идеологија за самостојна држава. Секогаш во ВМРО имало бугарофили, историски гледано, тоа е точно. Сега остана само Милошоски што се клепа преку германска амбасада. Од кога Грујо не се нафати да смени име, пошто му дојде премногу, им изгласаа амнестија на учките, ставија министри, ова му беше "ту мач" Калето се умеша директно во партиите и почна да ги става лидерите. Така дојде Мицко и Заев. Они ви се амерички играчи. Како што е и Тимчо во ВМРО.....В нема од ВМРО Затоа кажав лидерите не одлучуваат, само се пиони, а идеологијата се напушти.
Не е проблем да има Албанци на високи и значајни функции. Проблемот е што се тоа Албанци кои секогаш се гладни за нешто и само бараат и бараат. Се' додека албанското не го изедначат со македонското. Забораваат кај се, некои си мечтаат за Голема Албанија. Дојдоа од некаде, ни направија војна, ни окупираа територија и уште кукаат за права. Тоа е, за жал, после Рамковниот договор, која и да е македонска политичка партија, мора со нив да коалицира и мора да им се прави ќеиф, оти пак ќе си го покажат револтот обесправените, пак може на истиот нивни начин ќе бараат права. Да се најдеше барем еден поштен Албанец што знае да почитува македонски јазик, македонски симболи, македонска култура итн... Катастрофа избор беше Талат Џафери за претседател на Собрание, исто таков катастрофа избор е Африм Гаши. Тоа е...
Со Бугарите не ви чинеше, на овие ќе ви чини? Уствари со овие дека сме навикнати више, ништо ново. Ајде да видиме дали со владава Слупчане и Арачиново ќе плаќаат струја. Ако не, вие плаќајте им ја, шојма везе, барем вемеро дојдоа јеееј. Како ви е испод части да кажувате Северна, ама не ви е ова, никогаш нема да сфатам.
Уште немаме ни Влада, е кога ќе се формира, ќе видите барања. Албанска академија, Албанска банка, мислите ќе се откажат од тоа, па 20% во устав итн. ВМРО нека смислуваат изговори.
"Уставните измени се еден од најважните приоритети на ВЛЕН, тргнувајќи од внесување на Бугарите во Уставот како услов за продолжување на ЕУ перспективите, бришење на срамната формулација 20% и промена на изборниот модел за шеф на државата. Имајќи во предвид дека ова се иницијативи за кои треба висок степен на консензус, ВЛЕН во процесите влегува со цел истите да се остварат, а не како до сега, да служат само како восочни фигури со многу шминка а малку содржина."
Пффф Тоа нормално. Оние што заради режимот на вмро извадија пасоши и заради лошото владеење на сдс веќе не им е гајле за Македонија. Од 91ва навака само крадат. Здравството е во тотален колапс. Образованието одамна го уништија. Истокот се исели, сега на ред е западот. И после ќе речат, штом сте се иселиле, што се секирате за Македонија На крај, вмровците ќе се поголеми патриоти од нас дијаспората
Први два дена Претседател на Собрание Африм Гаши: При официјална посета на Косово (прва на функционерот), македонското знаме не е истакнато на истата. Ова вчера, а денес Гаши одговори и на обвинувањата за прекршувањето на законот за македонски јазик: Како што и беше очекувано, националните интереси магично по 8 години веќе не се важни. Над 300 000 вмровци, патриоти и националисти, не смеат да гугнат ништо против, а веројатно и немаат ништо против, сега е поважно да се добијат добри функции и вработувања. Исто така, медиумите не се преплавени со овие, признале или не - скандалозни случувања, како што тоа беше пракса изминативе години, туку ќе ги најдете само на неколку медиуми. Наскоро веројатно ни на толку. Нема реакции ниту од официјални лица, како што би требало. Све ќутка. Македонија, пардон - нашата земја, повторно горда!
Да се отворат хашките случаи по некое чудо сега и овие терористи да ги осудат. Талат Џафери и борците за слобода, сакам да кажам, амнестирани терористи, да платат и преплатат во овој живот, за секој изгубен живот и изживување врз млади деца! Командант Форина, џелатот од Вејце, дезертерот од АРМ, председателот на парламентот со амин на СДСМ и со амин на ВМРО министер за одбрана и амнестиран терорист кој се симна од планина да ни води држава. Технички пример еј. И овој од погоре, алабнска химна што пееше. Рамковниот ни е сместен одамна, јес, ама дајте друго дете. Ова се позната фора е. Сето да се исчисти треба, па после нека си играат држава. Честитки ВМРО, стара симпатијо!
На тв Алфа имаат ли во утринската теми за заклетвата на албански? За венецот без име на Силјановска? Прееска гледам во онаа контактната ,,Збор по збор" тема за пензионери, какви очекувања имаат. Очекувам некоја тема деновиве за времето, како ќе се справуваме со жештините или за влијанието на ретрограден меркур.