За да ја размрдам оваа тема зошто е малку поважна од онаа за претседател: дали знаете за некои помали партии што вреди да се спомнат? Не мора да ги поддржувате или да се согласувате со нивните предлози, онака само да се спомнат? Да отвориме малку дебата за нив, да ги поттурнеме, да научиме малку повеќе за нив и што луѓе има во тие партии.
Заборавив дека Данела има партија. И Данела не е сакана од ниту една партија што е веќе прочитано сценарио за некој кој не работи по нечии наредби. Ги гледам кандидатите, членовите се претежно од други партии што отишле во нејзината.
Не е ни чудо што од дијаспората најмногу се гласани Левица, а и има зошто. Ако некој слушал барем еден од говорите во собрание, знаат зошто е така и се надевам дека ќе бидат едни од оние помали партии со најмногу пратеници. Мислам дека повеќето од обраќањата во собрание имаат одговори на ова прашање само дека беа само двајца не можат баш многу да направат па само блокираат. И мене некои работи ми изгледаат невозможни. Ама невозможно ми беше и од овие дека ќе направат ваков хаос со менување документи и на чело со османи (нормално дека него не му е гајле и е во негов интерес) нема со прст да мрднат за да ги продолжат роковите за промена на документите yet here we are.
Ја има и Родина Македонија. Со некои непознати што тераат филм сличен на овој на Левица. На мене ни пола од работиве. Левица нема доволно човечки капацитет за сето ова.
Левица ќе воведува прогресивен данок што СДСМ во 2019 година го воведе, истата година го стави во мирување, а потоа и го укина.
Има една Демократи али кој се немам информации, немаат толку можност да се експонират од големиве риби
Дали ќе е Алтернатива или Дуи разликата е само кој ќе ги зема тендерите. Главната целмим е иста!! Тераат иста траса и крај.
Мислам дека сите треба да гласаме, секој по свое убедување, и треба помалите партии да добијат поголем број на пратеници, па да ги размрдаат СДСМ и ВМРО кој 32 години се зациментирани за столчињата. Редно е да има мала, но значајна промена
На изборите 2020 некако добар впечаток ми даде интегра и малце и фалеше да земе пратеник, ама овие 4 години нигде ги немаше и народот ги има заборавено. Убав впечаток ми остави и Македонски Концепт мислам се викаше, ама лани на само вистина на канал 5 се му пропадна во вода, човекот нема образование а пробува да се направи паметен.
За тоа е виновен Изборниот законик, кој им дава 3% или 10% (во зависност на медиумот) простор за рекламирање.
Основана од Јорго Огненовски, поранешен каратист. Се вратил од САД за да направи партија овде и да се обиде да направи промени. Од луѓе што го знаат, ненападен човек. За жал, помалите партии толку можат. ДЕМОКРАТИ - Demokrati.mk Како што видов, ги имаат основите кои се толку уништени: Ова им е од страната и ова се буквално основите на едно нормално општество, а кај нас се распаднати (приватни специјализанти кои работат со договор на дело, економска нестабилност во секој поглед, корумпирано судство до ненормален степен, немање книги во образование, како мал дел од примерите). Да, Интергра имаа супер програма и замисла како треба да течат некои од работите и мислам дека ако дел од нивните тогашни проекти се земеа во предвид и почнеше да се работи на нив, до сега и ЕУ можеше да биде реална опција. Сега не знам ништо за нив за овие избори. И ова не значи да се отиде на викенд. Или ако се оди на викенд прво гласање па после викенд
А како Левица се обидува да придобие поени и гласачи со легализација на канабисот? Кога тоа се обиде да го направи Заев беше на мета од критики и подсмејувања?
https://gradska.mk/ќe-go-prosti-li-...m_campaign=120208214633270733&mibextid=NOb6eG Точно напишано. Како максим до 2021 остро го осудуваше 27 април, а годинава ќути? Дали Максим ќе им заборави на вмро дпмне што му направија и како го раскрварија 2017, само за да седне на столица во владата?