Па така беше и во времето на Грујо, диктатура, медиуми немавме, се беше сјајно и се цуташе. Ние за сите сме некој дел, за Бугарите бугари.. за србите срби.. за албанците албанци.. за грциве веќе што повеќе.
Србиве сами велат дека никој не го сака, ама победува. Он е слика на се она што му се случува во државата, од убиства, масакри. Ама таква е политиката, ги храни со национализам кој e отровен.
Никој не го сака Вучко. Ниту оние што се прогресивни свртени кон западот, ниту оние што се традиционални свртени кон истокот. Ама моментално им е најдобра опција на Србите. Знаат дека ако го сменат за некој како Заев кај нас, ќе испродаде се што е останато за продавање и ќе биде каша попара државата. Обезличени, задолжени до гуша, без достоинство и просперитет. Знаат и дека ако дојде некој про-руски човек ќе следат пучеви, немири, граѓанска па дури и војна. Ќе ги вратат во 97 одма. И Војводина ќе им се отцепи. Ваков, таков, Вучко успева некако да балансира и Србија, генерално стои подобро од пред 10-20 години. До кога, ќе видиме.
Ти може зборуваш за Белград, Нови Сад или некој друг поголем град. Во малите места не е поарно од Македонија. Младината е избегана. До пред некоја година земаа пари на рака, тоест плата на рака, ни пријавување ни ништо. Извршителите многу подоцна се воведоа кај нив за разлика од нас, а претходно си тераа, што платат сметки платат, што не на суд и никому ништо. Статистички минималецот им е со 50 евра повисок од нашиот, арно ама, и во малите места животот не е евтин. Во заборавено српско гратче јадење и пиење ќе те чини како на Широк Сокак во Битола. Не верувам дека некој од форумов би отшол во соседен град да работи за минималец и да живее во викендица, а дома да остави мало дете, ама ете запознав една таква Србинка, па по извесно време се откажала. Знаат да ти прават филм, не се како нас, наивни, истрчај се, кажи што на ум тоа на друм. Ние само кукаме. Кога ќе заседнеш ќе им ги видиш проблемите. Имаме имот кој ќе го наследиме, да сакам утре би се преселила таму, ама што ќе правам? Тие се свесни дека се сиромашни, немоќни, дека немаат поддршка и се плашат од Унгарци, од Албанците најмногу, па и од Романија потајно стравуваат поради Романци и Власи. Следам една српска блогерка од јужна Србија, се зачуди од цените во Куманово, кафиња, јадење, скапо и било, па сега види колку имаат пари Србиве штом Куманово им е скапо. А што може да се работи во јужна Србија? Освен нешто поарно ако најде во Лесковац, Ниш, ако излезе шанса? Во Врање приватен сектор си рмба за минималец и тоа по фирмите на странците. Па и во Врање по бутици, продавници не е нешто евтино. Патарините се поскапи од нашите. Не ги споредувај со нас, ние секогаш сме биле никој и ништо, тие беа главни во СФРЈ, центар. Кина им купи повеќе рудници, има удел, си донесоа Кинези да им работат. Што ако не даваат задник под кирија, кога еве пред некој ден Србин на Косово беше истепан во маркет оти не знаел албански? Што вреди мавање во гради во Белград, кога тие на Косово душа им знае, живеат во пекол. Во Србија жена се пензионира на 63 години и осум месеци. Државата мораше да пролонгира граница за пензија за да врати долгови од времето на Тадиќ. Две години плус до пензионирање ти е голема катастрофа, сметај дека многу луѓе нема ни да дочекаат.
Тањич, кај ги читаш работиве? Патарина е иста цена и поефтина, а патиштата си ги видела ли? Коа последно си била некаде во Србија? Знаеш Ниш колкав е? По жив град од Скопје е. Куманово е скапо да, и Охрид е скап, и Скопје е скапо. Не зборам само за Белград. Почекај уште малку ќе видиш коа ќе дојде старосна граница и овде на 65. Се плашеле од Унгарци… и Романци бе, стварно кај ги вадиш ствариве. Па и овде влегле да мерат струја во Арачиново и на клоци со пушки и пиштоли ги избркале. Мислиш нешто поарно ќе помине Албанец во Србија? Србија е понапред од нас каде каде, тоа не може да се оспори, каква им е политиката тоа е скроз друго. Али далеку немаат малку примања.
Ок е да имаш добри патишта и патарина и се, ама ќе отидеш некаде, ќе видиш убав тревник, чисто, и мислиш многу им е поарно нив. Патарините Лесковац - Ниш порано ги немаше. Сега изгледа и низ источна ќе им стават патарини или веќе ги ставиле. Ретко кој млад Србин има сигурна иднина, добра плата, добро работно место и да знае дека истото ќе го има во наредните неколку години, тука не мислам за тие со врски, роднински и партиски, за нив нема зима. Секако дека знам за Ниш, сум била таму повеќе пати, градот е убав, да, ама имаме пријатели со факултети, едниот беше келнер во Ниш, другиот работеше во фабрика за кабли, па закачи некој здравствен проблем на дишни патишта од каблите и сега едниот, па и другиот отидоа во Австрија. Со факултет едвај најдоа некоја мизерна работа колку да се каже. Семејните буџети ги крепат родители, баби, дедовци како и овде, ретко кој млад е самостоен. Ние сме надвор од секаква категорија, не ги сметај дека треба да се поутепани од нас, таман работа. Да беше поарно од кај нас, ќе отидев одамна, пред 7-8 години, ќе се преселев таму, ама што ќе правам? Источна Србија да загазиш, само влашки јазик има да слушаш, цели села и пола градови се во Власи што на времето романскиот премиер Виктор Понта ги споменуваше и бараше, сега со убиството на Данка беа длабоко увреџени, Власи биле. Тоа што не се пишуваат Власи е друго, не ги подбуцнал никој. Србија е полна Роми, ама се православни, па глумат Срби на попис, во Војводина исто многу Унгарци не ни говорат српски јазик. Албанците им се комшар на Србите, се плашат дека со таа упорност да сакаат и до Војводина ќе им се населат. Заседни им повеќе време, ќе видиш колку е саат. Денеска е една приказна, после една недела друга приказна. За нив Македонија е веќе готова, сметаат дека кај и да е Албанците целосно ќе ја преземат што не е далеку од вистината. Во Србија би отишла да живеам само во случај да избие војна овде и да морам, а имам каде.
Колку и кои медиуми денес објавија за изјавата на Гаши оти Косово го чувствува како негова татковина, и дека Мицкоски јавно и официјално изјави дека ќе го почитува и применува Преспанскиот договор? Или дека е доставен предлог од Мицкоски до Собрание за реорганизација на Владата, со што наместо 16, зголемената плата од 78% за која оправдано се крена масовно незадоволство ќе земаат +4 министри, односно вкупно 20. Исто ме интересира и како беа споделени, но и примени овие вести? Се создаде ли бум, хистерија некаде? Не, а? Па што, сега е веќе поважно кој се кандидирал за интерни избори во ездеес
Micko da bese prav "maz" (mislam deka i maz ne e) ke dadese odma izjava posle Gashi, da mu ukaze kade mu e mestoto, imase moznost toa denes da go napravi na presot za noviot zakon.....Vmro po ne znam koj pat vo istorija utinja lideri ili pak mu gi "mestat"......(ova vo ponovo vreme mislam otkako sme protektorat) A btw za organizacijata nova jas imam dobro mislenje kako gi podeli sektorite, a platata treba da si gi namalat za 78%, bez razlika kolku ministerstva ke ima, site -78%..... Esdeez ne mi se komentiraat, za grevovi se
Број на министерства во историјата: 1991– 1998 – 15 министерства 1998 – 2000 – 20 министерства 2000 – 2008 – 14 министерства 2008 – 2019 – 15 министерства 2019 – 16 министерства Платите си ги намалија , пред изборите. Ги намалија коефициентите на платата, но заборавија да ја променат основицата, која секоја година се зголемува.
Го искара денес ете, требало да се извини. Плус спомна дека кога разговарале, Гаши кажувал дека Македонија е негова татковина. Ги замислувам како разговараат за тоа кој повеќе ја сака и осеќа Македонија како своја татковина.
Спасовски го гледав на некое интервју, до душа прв пат се сконцентрирав него да го слушам, значи кој неинтелект, па и ароганција од него, јас сериозно се запрашувам како овој на високи позиции 20 год, потпросечна "будала". Нит речник, нити поенти, па кога зема за економија да фали, ќе распукав скроз И сега од друга страна Мице пак, распалил инвестиции, бла бла, бум, а онаа ја слушав што ќе му биде министерка за финансии, што треба да е "мотор" на Владава, жената исто просечна да речам, еден левел над Спасовски де Поентава ми е, кој се не водат, пуста Македонијо...жално и тужно!
Ружа или лавче решава девиза Нема пари братче увек сме у криза Затоа ви продавам евтина прича Детска прича- ко чича мича. Народот е гладен, почиња да гриза Ќе го наранам со патриотизам 20 години ќе гледате реприза Во низа - идиотизам.
Душо, па се се такви. Се влечат преку партиите цел живот и земаат по 2 000 евра плата. А неписмени што да ти кажам. Пратеници уста не отвораат во Собранието и земаат огромна плата . А за другите граѓани доволно е 25 000 денари плата
Синоќа Меџити беше гостин на 24 Тв. Напнал со тоа Албанска академија, Албанска банка, имало многу институти за Македонците, морало и за Албанците. Абе кој ќе ги плаќа тоа бре? Тоа се само плус вработувања, бенефит нула и Македонија ќе биде поголема Албанија од Албанија со тоа. Видовте во Струга во школото дека не дозволија да се пушти македонска химна? Слушнавте што кажа директорката? На Гаши татковина му било Косово. Мицко уште Влада не формирал, ќе прави нови министерства, плус вработувања се тоа со 0 бенефит. Збори за заем од милијарда. Ооофффф. Вчера читам ПИОМ зависи од државен буџет, инаку ќе нема за пензии, а и податоците не ги ажурирале за стаж. Ова ревизорите им укажуваат и ништо. Ќе плачеме за ДУИ и СДСМ. Смотани се сите што мислат дека Вреди се поарни од ДУИ. Еднаш ми се јавија на анкета, ме прашуваат дали би можела да бидам пратеник. А зошто да не? Па голем дел не ни доаѓаат во Собрание, не гукнале, па се пратеници, така што, реков ДА. Од новата власт очекувам сиромаштија, глупоќа до бесвест и меѓуетнички проблеми, ништо друго.
Ама и ДУИ си вработуваа свои. Лектори по македонски јазик нема во институции, училишта, а по албански има.
Ако ја бараш Општина Липково, треба да пишеш komunaelikoves да ти извади. Превод на македонски не ни имаше. Ние на Албанија личиме, не ме чуди веќе ништо.
4 нови министерства, вкупно 20. Министерство за одбрана; Министерство за внатрешни работи; Министерство за правда; Министерство за односи меѓу заедниците; Министерство за надворешни работи и надворешна трговија; Министерство за европски прашања; Министерство за финансии; Министерство за економија и труд; Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за здравство; Министерство за образование и наука; Министерство за социјална политика, демографија и млади; Министерство за локална самоуправа; Министерство за култура и туризам; Министерство за дигитална трансформација; Министерство за јавна администрација; Министерство за транспорт; Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за спорт За да не се лути некој дека не добил министерско столче, а сисал во партија, ќе измислиме министерства за се. Борко - министер за спорт 100%.
Одамна е со ВМРО. https://faktor.mk/borko-ristovski-chest-mi-e-da-bidam-del-od-timot-na-hristijan-mickoski