Пред избори Македонија, после избори Северна Македонија, толку е Мицкоски: Во заклетвата ќе го користам уставното име со се придавката
Сметам дека премногу внимание и значење придаваме на вакви ситуации.. Не гледам зошто сега да го ругаат Мицкоски што ќе го користи уставното име во заклетвата? Името што го сменија СДС, Мицко не го смени името .. Наместо да обрнеме внимание на тоа како би работел, дали би се посветил на државава и дали ќе ја исполни програмата за која се обврзува, ние ќе забележуваме дали ќе го каже уставното, законското име на државата на која станува премиер.
Нормално дека ќе го ругаат кога едно ветува пред избори после друго прави, инаку името го сменија со помош негова и негови пратеници од ВМРО. До тука е ова за ругање, ако продолжи да се глупира и понатаму ќе продолжи и ругањето. Нема потреба од толку емоционално сожалување
А што тоа вети? Дека ќе го врати името? Дајте луѓе, реално тоа што СДС го градеше 7 години, ВМРО не може да го сруши за 7 дена...
Единствен што памтам да имаше олкав голем број на пратеници е Груевски и пак беше в скут кај Ахмети, како што е овој сега моментално. За воља на вистината не ми мириса на убо и мислам дека би биле само бетар.. и така се вртиме во круг еве веќе 30 години, ама на сета мака си велам ова парче земја штом имаш да цицаш, крадиш олку каде ли ќе бевме ако работевме малку покоректно и поприбрано.. Швајцарија на Балканот?!
Помеѓу другото и тоа, а пред се дека нема да користи северна. Инаку не само во кампања туку долго време наназад го потенцираше истото, северна јок викаше. Ова е од април 2019: Мицкоски: Никогаш нема да ја користам придавката „Северна“ Македонија, па макар и утре да ми го земат мандатот кој би го добил!
И Заев викаше дека нема да го промени ама ете.. хахах Да не се разбереме погрешно, не ги оправдувам ни едниот ни другиот.. Ама кога веќе државава ни е во кал, барем да гледаме за проективе и програмава дали ќе ја исполни и како.. За ова со што како кажал - не ни менува сега реално.. Името е тоа, веќе е поставено, мене не ми менува дали тој ќе каже северна или не при заклетва, важно ми е што јас документи сменував, надвор од државава треба да се претставам како да сум од северна... Детето е веќе прекрстено, е сега проблемот е како ќе го воспитаме и на каков начин ќе го одгледаме, клучни проблеми да се решат..
Исто како Груевски шо викаше мене апсете ме, затворајте ме, само Македонија не ми ја гибајте, ама кога дојде време за апс гитла од тука фати Туку не се битни тие сега, битен во моментов е овај "преродбеников", тој е на тапет да исполни тоа што ветил а како што гледаме од првите чекори на власт го прави спротивното и не остава простор за голема надеж понатаму дека ќе промени нешто на подобро Менува кога со тоа водиш кампања а го правиш спротивното, ако не менува тогаш зошто ХидроМицко гласно и јасно не им го кажа ова на вмроидите од говорница: - вмроиди мои вака и вака е работата, северна ќе користам оти морам не ми паламудете многу, детето е веќе прекрстено назад нема, сега да го одгледаме најдобро што можеме...
Отсекош викам на политичар, адвокат и економист не смеј да му се верува, ама ајде нека ни биде, животот ќе ни помини во надеж за поарно утре, се гледа колку сме невини и искрени човечки битија.
Баш ги извози Мицко вмроидиве (Видео) Мислиме дека ве … Патот на Мицкоски од никогаш Северна до никогаш Македонија видео
И госпоѓата Агелер воодушевена (ВИДЕО) Агелер: Воодушевена сум од најавата на Мицкоски и министрите дека ќе се заколнат со Северна Македонија
Даскалот кажа ДА Мицкоски: Ќе морам да ја кажам таа срамна придавка Уставни измени и бугарски диктат, додека сум премиер нема да има. Луѓето што ме познаваат знаат дека мојот збор тежи планина. Ќе правам се додека сум жив да ја исправам неправдата но во моментов сум немоќен . Планината: