Парламентарни избори 2024

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Drageeu, 25 март 2024.

?

За која политичка партија би гласале?

Анкетата е затворена на 9 мај 2024.
  1. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

    79 глас(а)
    31,6%
  2. Коалицијата на СДСМ

    20 глас(а)
    8,0%
  3. Левица

    75 глас(а)
    30,0%
  4. ЗНАМ

    18 глас(а)
    7,2%
  5. Европски фронт (ДУИ, ДПА..)

    4 глас(а)
    1,6%
  6. Коалиција ВРЕДИ (Беса, АА, Алтернатива..)

    1 глас(а)
    0,4%
  7. Нова Алтернатива на Данела Арсовска

    4 глас(а)
    1,6%
  8. ГРОМ

    2 глас(а)
    0,8%
  9. Друга партија

    1 глас(а)
    0,4%
  10. Нема да излезам на гласање

    26 глас(а)
    10,4%
  11. Ќе го поништам ливчето

    20 глас(а)
    8,0%
  1. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    @NoirSerpentine да не имаш инфо каде може да се видат членовите кандидати да пратеници?

    Неколку дена пробувам да пристапам до листите за пратеници на партиите, но некако не можам да ги најдам на нет.
    Единствено најдов од sec.mk дека Десна ќе ја има во 4 изборни единици и дека во две изборни е одбиена линк
    Порано сметав дека имаат потенцијал, со протестите пред неколку години многу беа активни, но нели Палчо... се откажав.
    Ама сега на Лазаров подкасотот се изненадив дека Боки го спомнува Палчо дека има многу видео/аудио материјали од зделки, рекети... и некако во 1000 прашања да биде човек.
     
  2. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    @NoirSerpentine да не имаш инфо каде може да се видат членовите кандидати да пратеници?

    Неколку дена пробувам да пристапам до листите за пратеници на партиите, но некако не можам да ги најдам на нет.
    Единствено најдов од sec.mk дека Десна ќе ја има во 4 изборни единици и дека во две изборни е одбиена линк
    Порано сметав дека имаат потенцијал, со протестите пред неколку години многу беа активни, но нели Палчо... се откажав.
    Ама сега на Лазаров подкасотот се изненадив дека Боки го спомнува Палчо дека има многу видео/аудио материјали од зделки, рекети... и некако во 1000 прашања да биде човек.
     
  3. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.678
    Пол:
    Женски
    И јас се помачив да најдам, многу им е конфузна страната. Мора да кликаш насекаде за да откриеш кое што е.

    Парламентарни избори 2024 - Државна Изборна Комисија (sec.mk)
    Од овој линк, кликаш горе “учесници на избори“ па лево „листа на кандидати за пратеници“ и те води до повеќе опции, а ти треба првата („објавување утврдена....“).
    Ова е тоа:
    Објавување утврдена единствена листа на кандидати за пратеници - Shpalja e listave të vetme të përcaktuar të kandidatëve për deputetë.pdf - Google Drive
     
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.354
    Допаѓања:
    5.551
    океј, тоа е остварливо, може да се воведе. мене ми падна во очи национализација на ЕВН?
     
  5. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    @NoirSerpentine ти благодарам. Конечно успеав да ги разгледам.
    Се надевам дека некоја од малите партии ќе успее да внесе член. (fingers)
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  6. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.234
    Пол:
    Машки
    Да, тоа е невозможна мисија.
     
  7. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.795
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Мене ептен ми се допаѓа програмата на Левица.
     
    На GirlVolley, Sophitas и quattro им се допаѓа ова.
  8. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.354
    Допаѓања:
    5.551
    супер е прогамата, ама малце е нереална за остварување
     
    На Monny05, FridaodaMk и doll.a им се допаѓа ова.
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Секако дека нема да потпишат другите. Гледајте како пак дпмне ќе коалицира со дуи иако ќе има можност од чиста мк влада.

    Навистина се надевам дека веќе има се поголем број на луѓе кои се освестуваат и ќе го дадат својот глас за трета опција, која и да е!
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1836.png
      IMG_1836.png
      Големина на фајлот:
      994,6 KB
      Прегледи:
      29
    • IMG_1837.png
      IMG_1837.png
      Големина на фајлот:
      523,5 KB
      Прегледи:
      28
    На quattro, supergirlmb и Bratot им се допаѓа ова.
  10. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Левица има програма рамна на Утопија.
    Невозможна е таа програма.
    Кој прави во 21 век национализација? Како тоа ќе ги врати поранешните фабрики, кога приватизацијата заврши?
    Како ќе раскине охридски рамковен договор, па тоа е невозможно за Македонија, која е мала земја, увозно зависна, 80% економијата ни зависи пд Германија и ЕУ? Ние ќе раскинеме договор и после ќе умреме за леб со меѓународна блокада!
    Каков БРИКС? Па русите секогаш се на страна на Србија и Грција, не е*** два века како сакаат историски!
    Дај да се освестиме дека сме геополитички неважни, без моќ!
    Нас ни треба само опоравување на економијата, народов да живне малку, корупцијата ни е рана најголема, никогаш не било полошо.....
    За мене за економија број 1 се ВМРО, имаат кадар, знаат да работат, со дпбар квантум на гласови дај боже, ќе имаат стабилна влада и ова им е ШАНСА можеби ПОСЛЕДНА од народот, али мислам свесни се.
    Овие маливе не ги гласам, зошто така намалувам пратеници кај ВМРО и ризик е да нема стабилна влада.
    И да потенцирам, многу е битно да има излезност и да се гласа опозициски сепак по свое убедување!
     
    На FridaodaMk, Anaroz1 и vlado_45 им се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    7.293
    Сакам Левица да влезат во влада, за ништо од ова да не остварат, народ да сфати дека се популисти и Димче да престане да добива по 5000 лајкови на ,,ќе си лежите курињааа".
     
    На GirlVolley, Monny05, Selena01 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    17.284
    Пол:
    Машки
    И јас исто се надевам, ама гледаш дека попрво би ја нападнале Левица него ли која била друга од големиве партии, плус од ВМРО им направија хајка преку своите партиски ботови на социјалните мрежи подолг период постојано споменувајќи ја Левица и Димитар Апасиев во негативен контекст со разно разни погрдни имиња..., се само да постинат негативен ефект кај народот, бидејќи се уплашија дека ќе им повлече доста членство.
     
    На NoirSerpentine и boo3 им се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.354
    Допаѓања:
    5.551
    Апасиев сам си ја уништува партијата со однесувањето, карање со секој, употреба на недолични зборови и ветувања кои се неостварливи.
    го мислев за понормален од останативе и го гласав, ама откако го гледав на еден подкаст кај шо објаснуваше како он мрази адвокати од дното на душата, со негови зборови не може да ги поднесе, толку беше, мој глас веќе не гледа, ископлексирано чоече.
     
    На Monny05, FridaodaMk, Selena01 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    17.284
    Пол:
    Машки
    Се расправа со пратеници на кои им го открива прљавиот веш кога прават нешто преќутно или донесуваат одлуки кои се во штета на граѓаните, тука е и проблемот што им е трн во око на останатите и за хајката против него, не е тој толку лош колку што овие другите не се добри во тоа што го работат.
     
    Последна измена: 29 април 2024
    На Monny05, NoirSerpentine и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  15. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Машки
    Целосно се согласувам, не се разликуваат многу од сдсм и вмро. Јас бев член на Левица, по една година се повлеков, не сте свесни какви задачи добивавме. Критериумите за влез во потесниот круг на кандидати за листа на советници за локалните пред неколку години беше активноста на СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, а не квалитетите на кандидатот... мене ми рекоа дека профилот ми е чист како СОЛЗА, ништо не сум споделил од Апасиев и Крмов, а верував дека се чесни и тн, но кога Апасиев си доби директори во неколку институции во Скопје и си ги вработи послушниците (А ВИКА ДЕКА Е ПРОТИВ ПАРТИСКО ВРАБОТУВАЊЕ И ТН) се виде вистинското лице на Левица.
     

    Прикачени фајлови:

    • 0601.gif
      0601.gif
      Големина на фајлот:
      41,6 KB
      Прегледи:
      1
    На Monny05, Selena01, Blondie715 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    Добро, да не ве цитирам сите - сериозни сте за Левица?

    Апасиев ја украде партијата од тогашните најблиски другари со кои ја формираа. Буквално го украде печатот и се прогласи за претседател.

    Програмата на Левица, е невозможна да се оствари. Не знам како може да верувате дека некој ќе го национализира ЕВН кое е австриско, ќе го поништи преспански договор што апсолутно нема како да се случи, па и Рамковниот ќе го поништеле.

    Уште му верувате на Димче?

    Инаку национализмот кој зрачи од Левица по теорија е карактеристика на крајно десничарски партии.

    Штета. Добро почнаа со Мариглен, Здравко, Кире, Бранислав, Џејлан.. ама после се деси Македонското и пропадна супер иницијативата, остана партијата во раце на националист.
     
    На Gosh, Monny05, Ahoy и 5 други им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    На Ahoy, Vikktorr, Blondie715 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.354
    Допаѓања:
    5.551

    Прикачени фајлови:

  19. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Машки
    и Бранко Ристов го избркаа (советник во Карпош), а тој во 2017 на свој труд обезбеди мандат во советот, од партијата самостојно се повлече поранешниот претседател на Црвена Младина.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Дали во власт ќе биде ДУИ или Вреди е исто. Што се радувате ДУИ ќе го немало во Влада? И што? Па овие и бетер ќе испаднат. Таравари од Тетово спомна некоја идеја со која наговестува како демек ќе прави Албанска академија на науките. Така некоја порака прати индиректно за некаква академија. Во Вреди е и Изет Меџити кој неколку пати на дебати кажа дека македонскиот јазик не е прв официјален, дека такво нешто не пишува никаде и дека и во Источна има Албанци, Турци, Роми, па кој зборува за нивните права?

    И како ја замислувате власта без албанска партија, само со македонски партии? Па тоа е невозможно. Попрво Македонија ќе се распадне отколку да дозволат такво нешто. Како само Македонци ќе владеат со државата кога од Охрид до Куманово, па се до крушевско и прилепско Долнени и Чашка живеат Албанци, а еве пишувате почнале и по источна да се населуваат? Друго, зарем не забележувате дека и другите малцински заедници кои се христијани им вртат грб на Македонците полека, полека и дека не критикуваат и со право. Еве Зиков кој е Влав кажа дека Македонија веќе не е моноетничка држава и дека треба да води сметка за интересите на сите, а тоа е влез во ЕУ. Дали го поддржувам? Да. Па кога можат Македонците да зборуваат за влашко лоби во негативен контекст, да ја навредуваат најлојалната малцинска заедница, зошто Зиков да не ја плесне вистината? Македонците и така само од сила се разбираат, кој им се сили, на тие им даваат права. Во Крушево за Илинден една влашка песна не се пее, се пее албанска, еден говор не одржале на влашки, па да викнат некој потомок на Питу Гули, да укажат чест, ништо не прават.

    И ако дојде ВМРО на власт, пак ќе продолжи заглупавувањето, стагнацијата, ќе сме гладни, а ќе не убедуваат дека сме сити, дека се е ок, дека сме први по раст во ЕУ.
     
    На eliesaab и Selena01 им се допаѓа ова.