Знај дека сум зачленета, дека пишам тука. Зачленет е и тој ако само еднаш влезе, конкретно - да пишел на една тема да праша нешто за една игра. Не му смета шо сум тука, кога сум кај него и ако ете знам негде некои интересни работи ги читаме заедно. Накратко, па и не гледам причина да не знај. Го знај и името, ме им дупнато од мајтап праење.
Дечко ми знае и некогаш ќе му речам види прочитај ова и секогаш истата реакција: Ауу тргни ова не ме интересира 5000 жени за што прават муабет.
Знае дека имам акаунт но не знае кој ми е никот. Немора да знае, сепак на некои теми давам некои многу лични мислења и споделувам лични искуства кои не би ми било пријатно да ги чита.
Знае дека читам, а дека имам профил не би му сметало кога би дознал, но ќе е љубопитен да види што сум пишувала. За да се поштедам од главоболки, подобро нека не знае. Како ќе му објаснам после зошто сум го оговарала со 5000 жени оти ме изнервирал?
Мм знае дека читам и пишувам , ама не се интересира многу впрочем и нема толку време за да обрати внимание на женски форум , па ако има нешто интересно што сметам дека треба да го споделам со него , го споделувам го пукнав еднаш од зезање да си направи акаунт и он ( ова на шала де ) ми вели : " Е сеа па и ти , мајка ми ли ја барам на форум со 5000 жени ? Што ќе правам јас на женски форум ? А и лозинката ќе си ја заборавам " .
Не знае дека имам профил и ова ми е едно катче каде може да сум своја без да ме читаат некои блиски. Не кријам ништо ама ете едноставно сакам да си бидам слободна и на раат да си пишувам.
Да, ама можно е да има блиски што читаат и те препознале. Не дека е битно, само оти напиша дека можеш да пишуваш на раат без да те читаат блиски.
Мм знае дека имам профил и дека читам и дека пишувам, но не му смета тоа, досега не ми рекол ништо... И золва ми го користи, не знам, можеби ме чита
Штом ставате слики од себе во било која тема заборавите на анонимноста и слободата на форумот. Не мора некој да е зачленет има и само што читаат.
Ама сликите во Скриено катче не можат да ги гледаат. Во право си за анонимноста. Од сликите може да се открие за кој член се работи. Џабе си ги кријат лицата. Јас имам препознаено неколку членови. Маж ми знае дека пишувам, ама не се замара.
Знае дека имам профил тука, но не ми го знае никот а и не се интересира воопшто за форумот. Нема ни време толку да седи и да пишува тука.
Знае дека сум член, го знае и никот. Скоро секој ден ме прашува што има на Фемина, дали се кара некој. Ако му пишувам на кирилица или ако сликам нешто, одма ми вели: Пак Фемина? Кога сме гладни си отвараме заедно Фемина инстаграм. Мислам дека не чита, а и не пишувам многу па нема што да чита.