Кај мене само дечко ми знае дека читам и пишувам не фемина. Ме прашуваше под кој ник пишувам, но не му кажав. А морав да му кажам дека сум зачленета тука како на пр. со темата кандида и му раскажувам како се добивала, се што читав и логички беше да ме праша од каде сум информирана. Но не сакам никој познат да ми чита овде од причина што овде сум најискрена и имам премногу интимни постови. Секогаш еден ден пред да си дојди брат ми од Скопје јас ја бришам историјата. Тогаш не се пуштам на фемина воопшто само ве читкам не-најавена. И така брат ми ќе ме начека дека ве читам и ќе ми рече:Па што не се регистрираш?
И срцката моја знае ми го знае и никот а мозеби и пасвордот, сум се уклучувала неколку пати и од кај него па мозеби е зачувано. Али сигурна сум дека не ми ровари. Јас не му чепкам по Бадијала, Кајгана и ред други, не верувам дека и него го интересираат зенски работи
Знае дека си седам на форумов јас му имам кажано и често му кажувам некои интересни работи што ги имам прочитано ама некако ич не е заитересиран нити ме има прашано под кој ник сум, нити која ми е лозинка ништо
Маааа уште овде ми фали, и да фатам да се реинкарнирам во инсект Не, не знае, абер нема всушност, и не ми е гајле дали ќе знае или не, ама вака некако поарно ми е, лута, весела, јас тука си најдов катче за истишување, па не мора и тука да мислам за него Бато знае само, и знае и под кој ник сум, и ме посоветува да пазам што зборувам, оти сите негови другарки читале и оти биле по малце глупи и дечон што би рекле старине , па ако ме откриеле не било чудно да се пофалат
Не знае, не треба да знае и нема да дознае. Не дека нешто кријам ама ова си е моја разонода, релаксација... Понекогаш му го читам хороскопот, му имам спомнато за Фемина ама не и за форумот, а какво теленце е, не го ни интересира. Како мало дете сум, ова е моја играчка и никој да не си игра со неа, мојааа ееееее ! Кога се фативме ми рече: пушам, пијам и слушам турбо фолк, а јас му реков: пушам, пијам и сум на Фемина , ама за последново на прашувај
знае мојот, ама џабе му е, кога не знае македонски, т.е знае ама малце инаку му кажувам за форумов, е голема работа, немам што да кријам! а и да сака да дознае што пишувам гугл транслејт, на кирилица е ништо лошо не зборам чесен збор
Знае како сум потпишана и еднаш паметниот си напраи акаунт друг и ми ги читаше мислењата и се газеше од смеење, и демек ``се наљутив`` и му викав: ``Абе не читај вишеееееееееее, доста читаш!!`` И престана.
Aj до некаде и да сфатам дека знаат под кое име сте, ама да си ја кажете лозинката Мене некој да ми побара лозинка ми е ептен чепкање во приватност без разлика дали е за меил, фб или форум- плус тоа е нефер спрема лицата со кои комуницирате, тие мислат дека пишуваат со вас, а всушност некој друг може да им ги чита пораките Јас не можам да објаснам од каде се знам со тие што се запознав од форумов па само мумлам , или на моиве им велам па од една женска страна и тоа, а кога би имала дечко можеби би му кажала дека ја посетувам фемина, ама ник нема шанси да кажам, а лозинка уште помалку- тоа е воена тајна
Не знам дали знае, често ми седи на компјутерот ако сум заборавила да се одјавам можеби има видено, ама не верувам. Па и да знае, не пишувам ништо лошо тука.
Никој не знае, а најмалце па на некој дечко би кажала... Тука се зачленив на почетокот за да празнам негативна енергија насобрана од него, па ми се допадна и останав активен член... Сега веќе не идеме, ама јас се уште празнам негативна енергија насобрана од него... Добро, имаше и позитивно нели... На времето... Само една другарка знае под кој ник сум... Можда и некој друг знае, лесно можат да ме препознаат тие што ме знаат ама не кријам нешто многу... Колку знаат другаркиве толку имам и кажано на форумот... Е сеа лични пораки со некои што се зближив тука... па не знаат ни другарките за некои од тие работи. Како и да е, никогаш на ниеден дечко не би му дала да ми ги чита постовите тука!!! Нит па сама ќе кажам дека пишувам тука! Камоли па лозинка да дадам... скраја да е!
Знаат поблиските личности дека сум на форумов, но не знаат под кој ник, освен сестра ми која познала по слики или мислења. Пред некое време кажав дека и братучед ми ме откри која сум, но кладба беше и не од мојот компјутер туку со некои лозинки појма немам како, само ми се јави и ми рече никот тие со 6 букви итн. Но дека нема да чита затоа што тоа е моја приватност. Знае и бившиот дечко дека сум зачленета, затоа што имам излезено со некои феминки, но никот и пасвордот не. Мислам дека и да го знае никот нема шанси да отвори и да чита што сум напишала, едноставно смета дека тоа е моја приватност. Но, се разбира јас никот и пасвордот си ги чувам ко змијата нозете
Дечко ми знае дека сум на форумот и знае која сум јас му кажав, но не ми ја знае лозинката.Знам дека ме чита од време на време ама не ми ни смета.
Нц. Додуше виде фемина горе во букмаркс, ме потпраша у стил ете ти ја фемина и јас викам да бе си читкам. И сега не ја гледам причината да му објаснувам и да му кажувам да ете ја тука си читам, пишувам кога ми е досадно, кога треба совет бла бла. Не го ни интересира тоа. Ај ник да дознае мање битно, мислам дека не би ме ни читал. Али лозинка? Глупости во боја. Убаво кажа Сеси, има некои работи се приватност. Ни јас несакам негови, ни он нема потреба од мои! Не дека се крие на тој начин нешто, туку тоа е дел од довербата.
Знае дека сум зачленета и дека пишувам.Некогаш кога ќе дојде кај мене ќе ме затекне на пола пост и без ѕиркање ќе си седне на кревет и чека да завршам и ако гледа дека сум се расприкажала ептен ми вика лелееее како не те мрзи,па ко којзнае што да пишуваш.. А инаку не ми знае ни име ни лозинка,нема потреба,не го интересираат форуми.Знае некогаш да отвори фемина и на страната си читка за љубов за не знам ти што таму,си се едуцира човекот
Знае та, знае и која сум ама никогаш не отворил да ме проверува, нема ни врска што пишувам тука, не го ни интересира. Срце е, а па и што и да прочита се ќе му биде познато .
Мојот знае дека постои форумот и дека по цел ден висам на него, ама не знае што пишувам, не ни знае под кое име сум, барем така мислам :? Знае/претпоставува дека се зборува само за женски проблеми, мода, козметика и други работи што не го интересираат па за тоа не се ни замара што пишувам. инаку морам да кажам дека тој е заслужен за моето откривање на фемина.мк па покрај тоа и на форумот, знае он што ме интересира мене
Знае дека сум регистрирана на форумот и кога сака може да провери што коментирам, но сигурна сум дека тоа не го прави постојано (можеби од време на време, кога ќе му текне). Мене тоа воопшто не ми пречи бидејќи не правам ниту пишувам нешто лошо, напротив, на тој начин уште повеќе може да дознае за некои мои одредени ставови (нормално дека тоа би било ништо доколку ние немаме доволно комуникација меѓу себе. Но, баш бидејќи имаме не гледам причина да кријам. Не сум од оние кои по цел ден седат на форуми, но сепак мал дел од денот поминувам и овде така да би било во ред да знае). Не сметам дека на тој начин ми се меша во личниот, приватен живот. Тоа што знаеме многу еден за друг (во овој момент мислам на сите тие фами околку лозинки и сл.) не значи дека можеме да влијаеме еден врз друг (врз наши сопствени размислувања, ставови, желби и сл.). Се' додека човек има свое Јас и цврст карактер мислам дека никакви лозинки и форуми не би можеле да му влијаат врз сопствениот живот. Во целиот овој случај со дечко ми и форумот ја гледам позитивната страна (на крај и краеви и не коментирам работи што горе - долу тој не ги знае или не би требало да ги знае).
Многу сум против откривање на интимни работи и приватност и не можам да ги сфатам оние кои доброволно го направиле тоа. Никогаш нити сум побарала на некого лозинка, ни сакам некој да ми побара да му кажам таква рбаота, кој и да е нема да си помине најдобро. Едноставно нема потреба. Моја и само моја работа е што пишувам тука, зошто сум се зечленила и сл. Тоа што луѓето околу мене треба да го знаат кажано им е во очи и нема потреба да го читаат и тука. Не кријам ништо, но ете еден пример најпрост. Моментално немам дечко, но кога се зачленив и една година после тоа имав. И што ако тогаш му кажев во наплив на т.н. доверба и искрнеост „Леле срце јас тебе ти верувам 100000% и ништо не кријам од тебе искрена сум повели никот, повели лозинката прави што сакаш“ и по месец-два, еве во мојот случај година, раскинавме и што после тоа ? Го знае никот и после година дена од раскинувањето тој уште да може да чита се што пишувам тука ? А не сме веќе заедно ? НЕ, НЕ и НЕ !! Навистина е глупаво...Не затоа што кријам нешто од моите најблиски.
и мојот знае, а и ми е гајле ако знае па понекогаш и ме прекорува шо цел ден на феминава го преседувам