хахахаххахах и мојот знае (пошто нон стоп сум тука )иако не ми ја разбира поентата од сето тоа.......иначе не се плашам дека ке ми ги проверува коментарите пошто се си знае
Знае, јас се претставувам тука онаква каква што сум така да не глеам причина за да кријам.. Не коментирам онолку колку што читам али битно редовна сум Само не обраќа нешо големо внимание, најнормално му е ..
Знае.. му кажав уште кога се зачленив. Ништо страшно за да кријам од него. Не ми ги чита постовите, не ми фо знае пасс, ама знае дека сум активна на форумов. Многу работи кои сум ги прочитала овде, после ги дискутирам со него, така да супер е.
знае му кажав дека сум зачленета и толку но дечкоми добро се потрудил да ме сети која сум бидејќи сум потполно иста и го дозна профилот мој пак си се изначита многу бев тажна и нервозна но потоа кога размислив сватив дека нема врска и си продолжив да си пишувам на форумот :geek:
Колку знае не знам, знае дека сум на форумов, ама мислам дека не знае под кој ник..а и да знае баш ми е гајле, знам дека никогаш нема да земе и да чита. А и нема што страшно да прочита. И така ме знае доволно за да знае што би можело да пишувам. Но, тоа не значи дека мора да ми знае лозинка и слично, ако му е толку мерак нека си се регистрира.
Мислам дека незнае, не дека е тајна, туку не сме паднале на таков муабет па да му кажам нешто, или спомнам. Кај мене горе во букмаркс е фемина и еднаш на мојот комп седеше и ме зафркаваше нешто демек дај да влезам да ѕиркам малку женски мабети и му викам влези бе....и он абе иди бегај, гајле ми е мене за женски муабети, доста ми се твоите и толку. Не верувам дека знае ник или пак дома дремел и ме барал која сум и изигравал инспектор. Ако му речев неможе, тогаш можеби би проверувал, нели она што е недозволено е најинтерсно
Се сложувам со Алиса Дечко ми порано викаше ај да прочитам нешто да видам што пишуваш и викам де бе па не ме знаеш , мораш да читаш ? И намерно ќе ми висеше над глава а после викаше како ок ти ветувам нема веќе и јас ај бе да читаме сакаш , седни ајде .. Или сакаш и лозинка да ти дадам ? Ама јас мртва озбилна И вика а бе не џабе фемина се вика и толку
Ме знае од неодамна. Нешто уз муабет спомнав дека пишувам на фемина и ми запна, кажи ми та кажи ми која си. Нормално не кажав. Сам ме откри, како немам појма. Се изјасни дека ме познал по стилот и темите во кои најчесто пишувам, ама па од друга страна баш ме интересира како толку брзо ме најде во толку членови. Не ми беше баш по ќеф што ме дозна која сум, ама не влијаеше тоа врз мене воопшто. Не се пазам што пишувам, нема нешто што не го знае или па кријам. Плус од тогаш наваму наводно не читал повеќе еднаш било си ја задоволил љубопитноста - ко је луд нек верује. Еве оти не чита ќе му кажам - златце не читааааааааааај!!! И те сакам
Пошто сега сум кај негоо па некогаш кога седам на ком тој доаѓа и еднаш ме праша што е тоа што пишувам ама му реков еве некои женски работи И ништо повеќе не е прашал
Не гледам причина зошто би знаел дечкото што пишувам по форуми. Колку пати само го имам јавно испцуено, па совети барање па ова па она брука сум... ако сакам да ме тресне од земја некој ден ќе му кажам Нема право да ми се меша што сакам ќе правам, не му должам објаснувања. Не ни знаеше за фемина и такви работи, никогаш му немав спомнато. Ако спомнам гарант ќе се заинтригира, среќа што модни критики е скриена па ќе му треба многу работа за да изиграва детектив и да ме најде Незнаеше и се надевам дека нема никогаш да дознае
Знае, живееме заедно, а во лето кога одам кај него се логирам од неговиот компјутер. И никот ми го знае, и стално ми вика да го сменам. Пасвордот, пак стално ми го заборава. Иако и пред него се логирам на фемина и на фб , а понекогаш му треба нешто од мојот профил па му кажувам пасворд и сам се логира. Никогаш не ми чита муабети, ниту пораки од другарки, а камо ли да земе и да ми пребарува мислења. Чат- пат се смееме заедно на некои смешни мислења и бараме заедно рецепти . Јас ништо не кријам од него, и не ми е битно дали ќе ми знае пасворд или не. Моите приватни работи ги почитува, па затоа нема потреба да кријам. Мојата приватност си е безбедна, тој има доверба во мене, па никогаш не ме проверува.
Секако дека знае... Се интересира за шо се разговара , како , штоо... Само му кажувам е на фемина го прочитав ова и ова .. Ххаахахха
Мојот дечко не знае а нема ни да му кажам затоа што ако знае одма ќе почни да разгледва низ форумов и послем ќе ми кажва некој правила..."види овде вака пиши и кажува дека е во ред"...и еден куп глупости....затоа подобро е да не му кажувам
Па релативно нова сум на форумот, ама сеуште не знае дека сум на Фемина. Нема ни зошто да знае.. Што се пишувам.. Подобро да не знае
Па на почетокот не знаеше ништо. Но понекогаш кога сме правеле мообет и нешто сум спомнувала и така дозна, ама не ми го знаеше никот. После чепкал и случајно ме пронајде и ми бараше пасворд ама јас не му го дадов. На почетокот ме прашуваше зошто го пишувам тоа, но јас му реков тоа си е моја работа колку и што ќе пишувам таму. Зошто воопшто отвараш? И така после не ми беше гајле дали ќе читал или не.
иако сум релативно нова на форумов и немам којзнае што пишувано сепак знае дека сум член и дека имам почнато со пишување ама незнае под кое име сум хаха ама ко што гледам не го ни интересира нешто посебно па којзнае може ке заборави целосно дека сум станала активна
Дечкоми воопшто и незнае дека сум логирана на форумов, знае дека редовно го читам сајтов, но не и дека сум логирана така да .... зи пишувам што ми лежи на душата... Ове имаш милион пријатели кои делаат мислење со тебе и ти помагаат во се, па не мора тој се да знае .... Го сакам сајтов ...