Не дошло муабет за да му кажам за форумов, но со оглед на тоа што од денеска сум член набрзо ќе дознае.
Знае дека читам нешто нон стоп по форумиве, но не знае дека имам ник на фемина ...недај боже да дознае, тука имам кажано дека сакам да го изневерам хахаха
Дечко ми знае дека сум регистрирана на форумов ,ама со оглед на тоа што знае дека Фемина е женски сајт ,нешто посебно не покажал интерес да дознае што пишувам по форумов
Маж ми е добро запознaeн со фемина со оглед на тоа дека на неколку пати јади подзагорен ручек . Нема покажено некој особен интерес што имам пишувано, сепак ова си е мое местенце.
Па што мора се да знае, а и ова не е нешто од што треба да се плаши. Ако му кажам глава сечам дека и тој ке се зачлени и ке досаѓа.
Знае дека сум регистрирана на форумов и дека киснам на него. И он кога има слободно време си читка по нешто. Може и ме прочитал негде зошто ми го знае никот
Знае дека читкам женски сајтови и форуми, ама не конкретно кои. За форумите не знам колку ми го има регистрирано муабетот.
Никогаш не сум му кажала, но редовно ја оставам странава отворена, па и логирана, па можеби некогаш читнал нешто. п.с. јас би сакала да налетам на некој негов форум
Да де, тајно си е форумов. Не е дека 100000 луѓе во Македонија го знаат. Тука се прават женски муабети и не е дека можат да видат го мажине. Они увек порно гледаат.
Незнае дечко ми дека дремам по цел ден на форумов! И поради тоа често знае да ми се налути, пошто кога ќе се слушнеме и кога ќе ме праша што правам јас ќе му кажам ете на нет и одма ааа ти на скајп, на мсн се допишуваш незнам што !
Знаеше дека читам на форумов, па после му кажав и дека сум регистрирана, и најголема грешка ми беше што му кажав дека уште малку цела година пишувам на форумов. Али ни на крај памет не ми беше дека ќе почне да си претка. И се регистрирал, почнал да им ги чита мислењата на тие во тој период зачленети и ме нашол ...... Повеќе од тогаш кога ми кажа дека ме нашол на форумов, ме нема изнервирано , ми идеше да го задавам , оти сепак е копање по мојата приватност. И имаше остра караница околу тоа, али што да правиш , сега си чита се што пишувам, а и интересно му стана, си чита и тој по форумов . Позз душо, знам оти и ова ќе го прочиташ, уште сум ти малце лута, да си знаеш
Незнае за форумов, а и да дознае мислам ќе се изначуди, не е по такви ствари он Нема што да знае за тоа, моја приватност си е, а кога би знаел ако сака одма ќе ме познае по мислењата така да не му кажувам
Знае и знам дека ме чита често и ми иде да го задавам али ај нема везе, забрането му е строго да ми коментира што било или да ме прашува зошто сум напишала нешто, зошто сум кажала така, зошто мислам така и тн и тн
Знае дека дремам на фемина, али кој ник сум незнае пошто сега се регистрирав, а и да дознае немам ништо лошо пишувано па за да кријам
Му имам кажано да не си го пика носот кај што не му е место, а Фемина сигурно не му е. Си го сакам форумот и настојувам да е дел од мојата приватност, така да нема зошто да знае.
знае само дека дремам на форумов а не му е јасно зошто не знае дека сум регистрирана а и да дознае немам ништо лошо пишано за да се плашам или незнам шо, сеедно ми е
Му немам кажано. Не гледам причина и зошто би му кажала. Едноставно сакам да си имам мала приватност па и да станува збор за Фемина. Плус никогаш не би разбрал со која цел дремам на форум . Затоа едно време додека бев кај него изчезнав од форумов. Добро е што се вратив.