1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Партнерот и форумот

Дискусија во 'Врски' започната од brunete, 28 јуни 2011.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    Му имам потспомнато нешто, али не е она да знај сигурно :D
     
  2. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Не знае а и мислам дека не ни има потреба да знае...како и да е не се замара со форуми,фејзбук ...итн
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека знае. Ама, и онака нема што да кријам од него. Знам дека и ме чита. :wasntme:
    Ама не сакам да ми каже дека знае, послатко е вака ко си ќутуфкаме :wasntme:
     
  4. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Не знае!Неколку пати се обидов да му кажам,но немав доволно храброст.
    Многу е љубоморен,се плашам дека многу би се налутил...Затоа не мислам да му кажам во скоро време... :) Па и кога ќе видиш па и што има да му кажуваш :?:
     
  5. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Не немам му кажано , и сега за сега планирам вака да биде.
     
  6. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Знае дека често сум на форум, нема што да кријам.
    Ако најдам некое интересно мислење може да му го прочитам, ама не му дозволувам да ми чепка по мислењата. Потребна ми е приватност.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Знае дека сум зачленета на форумов знае дека најмногу време поминувам тука јас му имам кажано а не ми чепка што имам пишувано и како. си знае човекот дека нема да може да излезе на крај со женски работи
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Знае и многу го мрази форумот. Кога се вклучувам од кај него само ццццка и ваков е |(
    Секогаш ме прашува што ни е интересно на куп жени, та сме се собрале и муабетиме.
    Ми го знае и никот, многупати не се ни одјавувам од кај него, ама верувам дека во никој случај нема да седне и да ми чепка по мислењата.
    Не ни можам да замислам какви се тие машки, што им чепкаат на девојките по мислењата на женски форум :puke: Мислам, тотално безвезе...и што ќе постигнат со тоа???? :^)
     
  9. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Незнае и не би сакала да дознае,искрено.Имам и тука и на гламстик профил (тука ми е нов) и нема поим.
    Зашто? Затоа што тука пишуваме тотално за се,за искуства со бивштие,за одмазди и кога нашите дечковци би го читале ова би станале љубоморни или би помислиле дека премногу се замараме со бившите па затоа ги памтиме деталите. :lol:
     
  10. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Знае и никогаш не ми префрлил, дури и на шала кога нешто се чудам и не знаам често ми вика ај ај пиши таму на таа твојата страна белким од толку жени ќе се најди една паметна да ти кажи :lol:
     
  11. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    не знае дека сум зачленета,а и да знае ништо не менува тоа :)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Дозна кога го добив парфемот уште кога бев модератор. Ама сега мисли дека веќе не сум и дека профилот не ми постои :wasntme: Јас така му кажав затоа што во времето кога се зачленував одев со бившиот и не ми е пријатно да чита што сум правела и како сум се чувствувала тогаш . Мада и да знае, не верувам дека би седнал да изиграва детектив, не е таков тип. Сепак што си е сигурно, сигурно си е :)
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Знае ама како да не знае.
    Ме има видено како седам, пошто седевме заедно, и кога е на работа кога ќе ме праша шо праиш дури и му олеснува мислам кога ќе слушне на фемина си седам :D

    Озбилно значи тој е толку ладен тип, не се замара ич за ова, јас сама му кажав, абе додека си на работа друштво ми праи фемина ако не сум испадната, и бар еднаш дневно секако седнувам, па и сам гледа.

    Имам пишено и кога бил до мене, ама главата не ја подади да виде што и на кого пишам, значи сума сумаре не се замара, знае женски работи, знае и дека за него пишам, дури му имам нешто покажано и ми рече КАКО БЛАЖЕ КОНЕВСКИ СИ СО РЕФЕРАТИВЕ :D
    Ама му годе нормално!

    И често знам да дискутираме на некои теми и као од кај го знаиш тоа, ОД ФЕМИНА ОД КАДЕ! :rock:
     
    На Divinebutterfly, AnaKarenina, Nati.P и 3 други им се допаѓа ова.
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Порано ми правеше проблеми,сакаше све да знае,се да прочита.Секако јас се бунев и не дозволував,освен понекогаш ќе покажам дека навистина ништо лошо не пишувам и дека ова не е лоша работа.Но тој толку инсистираше и не ми веруваше што бев приморана да направам еден таков голем скандал,една голема кавга.И конечно попушти и повеќе не му ни текна да праша за тоа.Така да сега сум раат.
     
  15. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    126.444
    Мојот не го интересира ни фб ни фемина знае дека дремам и на едното и на другото ама никому ништо раат сум за се :devil:
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Откако еднаш се имам испуштено пред еден бивши дека пишувам на форум, и откако бев пречешлана со детална истрага, јас веќе устата си ја држам затворена. :!: И тоа не само пред дечко, пред секој. :D Сакам да пишувам без некој да ми виси над глава. Пред бивши, сегашни и идни, никогаш веќе на дечко не би кажала дека пишувам интимни работи на некое место. Капата настрана, си ќутам и си траам. :emo:
     
    На Ognenija, mamita и babybelle им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Прво, појма си немаше што се дешава па мислеше нешто као Фејсбук фазон е форумов та машки фрчат... Ајде запна дај ми пасворд та дај ми пасворд, па му го отворив профилов. Тогаш бев тазе уште да не речам, може 30ина мислења, си читаше секој ден човекот по неколку и виде што има што нема, си сменив пасворд и од тогаш навака не ми рекол ништо. Т.е. неколку пати ме закачаше ама виде дека не е ништо страшно и сеа не ме ни прашува дали воопшто се уклучувам. Напорен беше додека не виде уствари за што се работи, му дојде душата на место :D
     
  18. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Мене ми е форумов баш место за дружба, исповед и советување...мое местенце и моја интима и навистина не би сакала да гледа што пишувам. Нема тука ништо лошо, но ете што и да е од мене да го слушне, а не да чита. Затоа моево не знае и се надевам нема ни да дознае, иако многу пати ми се има испуштено кога за некоја конкретна работа зборуваме и јас девојчињава на форумов вака и вака напишаа ...и во наредната секунда си ја затварам муцката :x :rofl:

    Знам дека е многу љубопитен и 100% сум сигурна дека доколку дознае која сум, се ќе чита! и затоа, ако нешто ме праша, ќе кажам дека само читам а немам профил и не пишувам ;)

    Инаку, по мојот ник тој е единствениот кој може да ме познае во истата секунда доколку го види :rofl: :rofl:
     
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Пишував еднаш на темава. И не би му кажала ник на дечко.
    Сегашниот знае за форумот, никогаш не се заинтересирал и не ме прашал за кој форум се работи, ако праша ќе му кажам, ама ник не кажувам па мајка јана да е. :)
    Инаку знае дека висам на форум, бидејќи ве цитирам бре жени и тоа не можите ни да замислите во какви ситуации. :lol:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Врска нема а и нема да му кажам освен ако не ми излета така како што често ми се случува. Сега за сега се држам :)