Знае дека сум зачленете на форумов...но не ми го знае никот. Е тоа не го кажувам па што сака нека биде...
Знае дека сум зачленета на форумов,понекогаш му кажувам што пишувам т.е му кажувам она што ќе напишам во темата Што би му кажале.
Маж ми знае, ми го знае и никот и пасвордот. Немам што да кријам од него, така да подобро да си знае се.
Знае и ептен му текнува да види што има ново. Го интересира што пишувам во "Што би му кажале...", па затоа понекогаш го посетува форумов.
Знае дека сум често на форумот и ме знае и која сум,но не верувам дека ми ги чита мислењата. А и да ми ги чита немам што да кријам,сеедно ми е!
Знае дека цело време седам на фемина. Но, незнае дека се имам регистрирано. И искрено да кажам , не сакам никогаш да го дознае. Ова е моја интима. Мене нема да ми биде исто да пишувам овде, ќе се чувствувам како под лупа... Немора да значи дека постојано ќе ме надгледува, но доста е еднаш да седне и да ми ги прочита сите мислења Како на пример темата, кого би сексале денес? ахаха
Не ни знае дека постои Фемина,не го интересираат него вакви страни.Па така да не ни знае дека сум зачленета и пишувам овде.А кога би знаел за фемина сигруно нема да му го кажам никот,тоа си е моја приватност.Има работи кои ги пишувам што не треба тој да ги дознае.
Знае за форумов и ми го знае никот, ама никогаш посебно не се заинтересирал, мисли дека се пишува само за „женски работи“, хаха, не се замара
истото баш сакам да отвори да прочита што сум пишала, да види за што сум го пофалила, за што сум се пожалила...
Знае дека пишувам на некој форум ама незнае на кој, не го ни интересира. И често кога сум кај него он си гледа фудбал на тв ја на фемина си читкам и никогаш не ме ни прашал шо правиш на форумот или сл. Претпоставувам дека не ни знае шо се се пишува/дознава тука па дури и дека за него има по темиве
Знае лично јас му кажав, и ми го знае и никот и пасс. но не верувам дека некогаш би се вклучил за да чита
Знае, а се прави дека не знае. Т.е му имам кажано, ама има заборавено. Чудна работа не ме праша ни за корисничко име ни за ништо. Знае дека седам со саати на Фемина. Барем раат му е, знае дека не сум на Фб. Не се распрашал за никот. Се нема ни сетено. На еден друг форум ми го знае никот. Ама овој би си го задржала во тајност. Мислам....не би можела да си пишувам со отворена душа овде, ако знам дека ме надгледува од некоја страна.
Никогаш не ме прашал ништо, а знае дека доаѓам тука. Програмер е и не би му било проблем да дознае ама не се интересира
Не сфаќам едно...Ајде ник некако и сфаќам да му кажите (не сфаќам и тоа, ама ок ваш избор), ама пасворд?? зошто му кажувате пасворд? Да се логира и да пишува во ваше име? Не сфаќам и него зошто му е пасворд... Инаку кажав и претходно дека сегашниот дечко знае дека сум на форум, не знае на кој, ништо не прашал, а и да му кажам џабе ќе биди. Мака му е и еден краток виц да прочита, а не па сите мои мислења. А му пуштив еднаш пост што го напишав во „Што би му кажале“ и тоа така подолг и искоментира за она што го пишував, а ништо околу тоа дека е пост од форум. А еднаш многу се пронајдов во пост на форумџивка од „Што би му кажале“ не знам која беше и му го ископирав и тој ми вика „Ааа ова сигурно ти го имаш напишано“. Цел наопаку е.