Имам партнер со кој имам сериозни планови за иднината. Он има дете кое многу го сака и бивша жена. Јас сум го прифатила дека детето ќе биде дел од нашиот живот, но несакам ТАА да биде дел. Ми смета било каков разговор што не е поврзан со детето. Сеуште не живееме заедно но знам дека некои работи ќе ми сметаат многу затоа што ми сметаат и сега. Таа е превртлива, еден ден го колне и му се заканува и него и мене а следниот бара услуги од него да и заврши некои работи и зборва како ќе доаѓала да не советува околу средување на домот. Да ги превезе до негде, да и среди нешто по дома и сл. Како што реков, сакам да имаат комуникација само околу детето. Се плашам дека за се што неа и треба ќе го користи детето како изговор. А он се би направил за него. Сакам совети од некои што имаат искуство, како се одвива животот и односите со бившите сопруги. Како да се поставам. Несакам да помисли дека сакам да го оделам од детето, но неможам да дозволам преку него да го бара за се и сешто. Ако он и ќути се е во ред, ако и контрира нешто одма се заканува дека нема да го гледа детето.
Вака сега,прво ако сакаш да исчезне неговата поранешна жена од вашиот живот неможе,он има дете од неа,значи седни си со мажот разговарајте за све,замоли го да не и иде по ќејф мора и он да биде малце построг неможе да и иде по нејзиниот памет
А колку години имаш ти? Сакала да прифатиш или не, неговата бивша жена секогаш ќе биде дел од вашите животи. Ако тоа од старт ти пречи, подобро не започнувај ништо сериозно. Тие имаат заедничко дете што и не е мала работа. Сега викаш дека го прифаќаш детето и да кажеме дека е така, може и тоа тебе ќе те прифати ама никогаш нема да гледа на тебе како на негова мајка, затоа што веќе си има своја мајка. Таа мајка ако уште сега прави проблеми, по некое време може да почне и детето да го врти против тебе. Ова не е мала работа, напротив. Седнете си со партнерот и расчистете си се дури е време, за да не доаѓа до други непријатности подоцна.А детето е најмалку виновно за се, ама тоа си има мајка која каква-таква за него секогаш ќе биде најдобро. Колку и да даваш и да се трудиш пак ќе биде малку, тоа дете не е твое. На крај никој нема да те разубедува, ако си одлучила биди со тој човек. Но биди спремна за проблемите кои следат, за да не има подоцна кукања. Не викам дека бракот со дечко кој нема предходен брак зад себе ќе биде совршен и тој брак ќе носи проблеми, ама бракот со разведен дупло повеќе. Човекот се развел, незначи дека животот за него завршил. Ама колку години има тој, ги знаеш причините зошто се развел? Овде е битен карактерот на еден човек, повеќе од било што. Ако тој уште сега незнае како да и се спротистави на бившата жена, што останува за понатаму? И не, не те разубедувам само размисли уште еднаш дали вреди ова и секако поразговарајте.
Прво, ви се заблагодарувам на одговорите. Јас на тоа дете не сакам да му глумам мајка, фала богу си има. Сега е уште мало, но во иднина би сакала само взаемна почит. Јас ќе го почитувам како дете на мојот партнер. Свесна сум дека ќе ми биде и таа сенка во мојот живот. Но тоа штл ме плаши е дека знае декаа детето му е слаба точка и ќе и биде изговор за нејзини бубачки во глава. Жената е осамена и не е способна сама да се ангажира за многу работи, научена е друг да и прави се. Што ако рече дојди кај нас детев сака да те види а всушост она да сака да го види него. Што кога ќе побара нешто ако овој ја одбие ќе рече ете за детето не правиш и овој ќе осеќа грижа на совест од нејзината злоба. Мене ми треба совет како да се однесувам во тие моменти. Не сакам да помислк он дека ми смета неговата грижа за детето (зашто стварно не е така), но несакам ни таа да си го бара за се и да го уценува со детето. Сакам конуникацијата да им биде стриктно само околу потребите на детево. Она си сакала да биде самохрана мајка, па нека си се труди сама а не уште да си го планира него да и се наоѓа во секој момент. Знам зашто е дојдено до развод. Го сакам и сакам со него да бидам цел живот. Затоа и сакам совет, искуства од други, како си средиле работите. eloves имам без малку 28 год. Ако нешто значи
Се додека таа не си најде партнер ќе си имаш мака (и после тоа, ама во поблага форма). Сега за сега прифати така како што е и слободно пуштај го да оди, ти зборела не зборела исто ти е, тој пак ќе отиде поради детето. Ако си спремна цел живот да имаш опашка остани со тој човек и големи се шансите да се разведеш од него. Не зборувам на памет само да знаш, од искуство ти кажувам. Можам само среќа да ти посакам и добро да размислиш дали ќе можеш да го поднесеш тој терет.
Сум била во твоја ситуација ( слична со две поголеми деца) . Мој совет ти е да си зборниш со партнерот да се договорите и со неговата бивша да се има одредени денови дури и саат кога детето оди кај кој родител. Значи незнам каков им е договорот моментално ама ете пример таткото го зема детето секој викенд. Значи секој петок во 5 попладне детето иде кај вас а секоја недела во 5 попладне си оди кај мајка му. Додека е детето кај мајка му нема таа што да го бара бившиот маж ( освен во итни ситуации ) а кога детето ке оди на училиште нормално и таткото ке оди на приредби и сл. Така ке се избегнат многу кавги. Неможи тој да биди достапен за неа 24/7. Нормално за детето е достапен затоа реков во итни ситуации во секое време. А не вие правите план недела одите на вечера со друштво , се договарате една недела унапред и ете таа звони во недела наутро и ви вика" таткото треба да дојди кај мене да намести нов кревет купив за детето" Значи треба да ги откажите вашите планови да и угодите неа? Или последен момент пред да го земи детето се јавува " Јас Маврово сум на викенд и ке останам уште два дена " ! Не оди така, знам дека дете му е (и јас имам две па знам дека за дете СВе правиме) и многупати тоа нема да е проблем , ама ако не се постават тие граници на почеток некогаш и навистина е проблем. Како што кажав можеби вие имате планирано нешто и ке треба да откажите, еднаш два пати ама до кога? И тебе ќе ти скисни да ти зависи животот од некој друг па ќе ти одмили детето иако тоа кутро воопшто не е криво. А следствено со тоа ке си имаш проблеми со партнерот зашто него никогаш нема да му смета да откажи план со тебе ради детето, што е многу нормално.
Ова што го пиша овде објасни ми го нему. Кажи му дека имаш доволно разбирање за него, не си љубоморна ама не е тој на тркалца па да и биде достапен на бившата жена кога ќе и текне. Да бивша жена му била и секогаш треба да ја почитува, безразлика што се случувало меѓу нив затоа што таа е мајка на неговото дете ама отворено нека и каже дека се си има граници и дека тој веќе си има нов живот со друга личност и неможе во секој момент да и стои нејзе на располагање. Членката над мене даде многу добар совет кој може да го примените. Ако детето е постојано кај таткото нека се договорат кои денови или пак викенд таа е слободна и нека си биде детето кај нејзе, ем така вие ќе си имате простор за да останете сами. И тогаш ќе нема причини зошто да го бара освен нешто ептен итно паднало, се разболело, за такви ситуации нема збор. Сега се зависи од парнетот, ако уште сега е стабилен и покаже секому каде му е местото во иднина не ви требало да наидувате на проблеми од ваков тип. Ако уште сега толерира ваков однос, натаму тешко ќе ви биде.
Ах бе бар на некој начин ти се секираш за детето јас сум дете од разведени родители ни дечкото на мајка ми ни жената на татко ми не им е гајле ич ни за мене ни за брат ми... Верувам дека ќе се засакате со детенцето ќе се почитувате а за бившата жена ич да не ти е гајле :3
Ви благодарам многу за сите што одвоивте време за да напишете свое мислење. На моменти ме фаќа страв, никогаш во животот не сум мислела дека ќе ја сретнам мојата втора половина во ваквк околности но тоа е. Затоа и сакав да видам други мислења/искуства зашто немам со некој кој има искуство да прозборувам. Колку и да ми паѓаат тешко некои ситуации кои со тек на време се надевам ќе ги надминам и ќе научам да живеам со нив, толку и ова има позитвни нешта пр. Сум видела како гледа на своето дете. Па еден ден дај Боже да имаме и наше. Јас би сакала колку можам да помгнам на тоа дете, не да се наметнувам како мајка но да речеме како голема другарка. Сакам и он да си се грижи за него како и до сега, знам дека ќе му биде тешко кога нема да биде 24h во иста куќа со него. Чекор по чекор ќе се приспособуваме сите кон новите промени.
MarikaE мислам дека не си спремна за подлабока врска со него,а ќе имаш уште поголема одговорност и разбирање од било кој друга врска.Несмееш да го одвоиш целосно и неможеш.Подобро е за сите да тие двајца имаат нормална комуникација одколку да се во војна и лоши односи. Мислам да не брзаш кон заедничкиот живот,дајте си уште време.
Уште кога си влегла во ваков да не речам триаголник требало да знаеш кон што ке води сето ова. Нормално е да имаат комуникација. Не е тој твоја сопственост за да му забрануваш да комуницира за било што ( со исклучок овде за детето). Тие имале заедничко минато и веројатно долг период биле заедно а ти си се појавила овој период. Мошне себично е од тебе што бараш од него тоа. Што ако тој се гледа со нејзе скришум и да и завршува некои работи а не сака да знаеш ти а таа сепак му се заканува со детето? И не може да му се заканува дека не може да гледа своето дете, за тоа постои суд кој одредува таа може да зборува само. А ако тој е одлучен во своите постапки, сакала или нејкела мораш да го трпиш тоа. Немој да ме сфатиш погрешно но немој на крајот да испадне дека твојот партнер помисли дека сакаш да го одвоиш од неговата слаба точка. Гледај како ке одат работите и како што ти рекоа не донесувај се уште брзи одлуки за кои би се каела подоцна а гледам штом тоа уште сега ти пречи не сакам да помислам како би било ако утре би биле во брак. Размисли дали сакаш да имаш заеднички живот со него ако не си спремна да прифатиш.
Многу зависи и тоа дали ти имаш влезено во неговиот живот уште пред да се разведат или после разводот.
Се лажеш ако мислиш дека вината е во неа. Верувај дека тој да сакал, по кратка постапка ќе и ограничел до каде смее, (впрочем затоа и служи разводот, но не го направил тоа бидејќи му годи. Зошто убаво му е вака ти да мислиш дека е она за се` крива. А контактот меѓу нив двајца да се сведеше само околу детето (што е нормално после развод), тебе воопшто не би ни те тангирале нејзините карактеристики. И оние приказни дека ќе дојде да ви го уреди станот, дај ти се молам, не биди наивна. Декорацијата која може да ви ја постави на полицата или ѕидот се само Спојлер мадиња од бик или рогови, и ништо повеќе. П.С Повеќето пријателски односи после брак во голем број случаи треба да бидат ставени под прашалник. Истото важи и за наоѓање изговори за исполнување на потребите на бившата, надвор од извршувањето родителски должности.
Немој да бидеш љубоморна, ако имале некаква заедничка иднина ќе останеле во брак. Не се замарај со неа, ќе и помине. Гневна му е затоа што тој не е сам, а таа се уште е. Дури и да и помага и да и врши некои работи не сфаќај трагично, можеби е толку осамена да нема никој друг во животот, тажно е бившиот маж да ти биде најблиската личност од која можеш да побараш помош.
...bivshata kolku e bivsha koga tie dvajca seushte zhiveat vo ista kuka? Toa deka sega 24h saata vo ista kuka so deteto, a majka mu go chuva. Pa i na hartija da se razvedeni, pod ist krov nema muabetot da im se sveduva na deteto. A kolku si sigurna deka taa mu e nemu bivsha?
Автоматски со детето и неговата мајка ќе биде присутна меѓу вас. Некогаш ќе ја спомне, а може да има потреба да се слушнат за истото.
Како што разбрав, детето живее со мајката. Значи во твои раце се уздите. Кога ќе треба да биде кај вас, ќе си го пречекаш убаво тоа дете, сепак е дете. Со детето воспостави си коректен однос, сакај го, а на мажот држи му ги уздите, кога веќе сакаш да му бидеш жена. Според тоа што го читам, и не е некој одлучен тип. И немаат во главите ни двајцата расчистено дека се разведени. Ти кажувам од искуство, ако има потежок период од разводот, тоа е времето кога си разведен а се однесуваш како да не си.. Ама фала Богу сичко поминува Ти можеш да му помогнеш да ги постави рамките, кога веќе се развеле и кога сака да гради иднина со нова жена.. Ако сакаш, се разбира.
Δ Devojkata reche, znae zoshto e dojdeno do razvod. Ako nekoj reche brakot mu e dojden do razvod toa ne znachi razvod. Ima luge shto sekoja nedela se zakanuvaat so razvod i frlaat tavi eden po drug a sepak imaat podolgi brakovi od luge shto do vchera se gushkale pod eden chador. Toj zhivee so soprugata seushte. Prashanje e dali voopshto ima razvod, razvod vo tek, razgovor za razvod voopshto, megu tie dvajca. Se nadevam ne stanuva zbor deka ja zafrkava i koristi i prodava evtini prikazni, oti devojkata go saka, a nejziniot muabet e koga jas i toj bi zhiveele zaedno kako, taka, onaka da se spravuvam so baranjata na negovata bivsha zhena.
Ако пишува разведен, сфатете го тоа како разведен. Да не ја уназадуваме дискусијата со нелогични заклучоци.