Зошто би пишувала дека е разведен ако не е разведен? Доколку имате нејаснотии од начинот на кој се изразила можевте едноставно да ја прашате дали разводот е завршена работа или се уште е во тек, немаше потреба да ја потценувате како тој неа ја лаже и се уште има нешто со бившата, како да е девојката глупава за да ја лажат. Од сите разведени парови што ги познавам, ниту еден не се смирил после разводот, вие направивте сценарио како разведените никогаш не се разделуваат во суштина, што нема врска со реалноста. Како намерно да се трудите да и всадите сомнеж, а нема основа за тоа. Човекот сака да формира дом со неа.
Некој чита едно некој друго. Од ова што го кажува таа самата, тој веќе е скоро, кажи-речи, само уште малку, речиси разведен, кој сеуште живее со „бившата„ му жена, додека тие двајца кројат планови за иднина и свој дом. Спојлер Ниту прва ниту последна, чиј дечко се разведува и планира нов живот со новата љубов во блиска иднина.
Мора да се постават граници и тоа јасни - кога таа ,,смее,, да го бара, за која потреба...во кое време А негова задача е ако сака да остане со тебе да ги почитува твоите барања. Ако се потруди тој да разграничи тогаш е спремен за ов брак и нов живот, во спротивно не е. Неможе тој да дозволи таа во секое време за се и сешто да се јавува. Му била жена, ама веќе не му е. Плус...ако имате заедничко дете, ќе се исправат многу работи сами од себе.
Можеби сега детето повеќе денови ги поминува кај него цели, а откако ќе се всели со новата партнерка нема да биде така од некои други причини. Можеби ќе живеат подалеку, можеби така се договориле. Вие фино ќе поставите прашање и ќе почекате одговор, нема да се истрчувате со такви заклучоци, според мене глупави, без лутење. Зашто вие неа ја правите глупава. Таа пишува разведен, вие се убедувате дека не е разведен.
Махери сме да ги извртиме работите,ама кога тоа ќе ни го каже спротивниот пол,одма се лутиме. овде не е тема дали е тој разведен, а можеби и воопшто не бил женет.Девојката ги кажува чуствата, како го прифаќа или не го прифаќа присуството на неговата бивша жена во нејзиниот/нивниот живот. И што сеа драматургии?
Сериозно, сите аналитичари овде, од еден-два збора, и одма добија слика за моменталната состојба во потесното и поширокото семејство за девојката и дечко и. Насловот кажува РАЗВЕДЕН, и тоа е тоа. Нема потреба од докажување на вашата интелигенција дека можете да читате меѓу редови. BTW, за случајов, треба да имаш доверба во дечкото, инаку џабе. Ако живееш со недоверба дека ќе заврши со бившата, нема ништо од вашата врска. Ама се сложувам дека треба убаво да разговараш со него и да поставиш граници, но да знаеш дека тоа дете ќе ги врзува до некој степен.
Абе аналитичари колку сакаш Свезналици -дупло На оваква меродавен совет може да даде само личност која се нашла во ваква ситуација, па да изложи како таа се справила со проблемот. Овде е спротивно..секоја една си зема за право да анализира нешто за кое нема поим како изгледа. Можеби добронамерни се советите, ама ....
Не очекувај од партнер разведен со дете да е како било кој слободен дечко што дотогаш си го имала, па да заборави на бившата жена како дечкото што може да заборави на бившите девојки. Јас лично почитувам партнери кои и после разводот знаат да останат во добри односи, повремено да седнат на кафе како пријатели и слично, отколку тотално да се игнорираат или полошо плукаат еден за друг кај ќе стигнат, затоа што нивниот однос во огромна мера влијае и врз нивното дете. Иако гајле ти е тебе за детето, ти си гледаш само за себе, си го сакаш само за себе, и ако вистина се грижиш за неговото дете, нема да ти смета ако тој е во добри односи со мајката. Од друга страна глумење од страна на бившата дека е најдобра пријателка со бившиот и тебе па ќе ви доаѓа дома да ви помогне во декорации е претеризам. Еве и јас сфатив како имелда дека тој уште живее со бившата, па да не се претпоставки прашувам, заедно живеат или не?
Фала ви на одговорите. Некои ме насмеаа Како што рекоа некои феминки, нема потреба од анализи и закључоци од типот...да не ме лаже он мене, дали е стварно разведен, со кој живее и слично. Значи муабетот ми е да слушнам искуства од луѓе што се во слична ситуација Партнер, разведен со дете. Како функционирате? Јас сакам они да останат во ок односи, имаат дете заедно и цел живот ќе мора да комуницираат. Но мислам дека треба да има граница, сепак они се бивши партнери и така треба да се однесуваат. Ок е за се околу детето да се зборува и решава. но не ми е во ред за други работи да се меша она, на пр. нашата врска, бизнис и сл. и да очекува дека и за нејзини работи он ќе биде првиот што ќе и помага. Биле заедно и завршиле, треба секој да си се снаоѓа понатака. Значи тоа не ми е ок, не сакам да ја имам неа во било кој сегмент во животот освен за детето да си се договараат и решаваат. Затоа побарав совет како да ги решам тие граници од почеток без да бидам разбрана погрешно. И ете да слушнам мислење многу ли барам?
Божјата воља е секој разведен повторно да се соедини. Не е дозволено да се зема некој кој е разведен. Гаволот сака да го растури бракот , Бог не го сака разводот!
Ако самата не се избориш за тие граници и ако партнерот е уценет (со децата) тешко дека ќе се оддвои лесно. Папани ѓи викам јас тие имам еден таков покрај мене.Пак ќе ти кажам ако можеш да го истрпиш теретот и ако партнерот постави граница тогаш е ок. @aerodrom не тропај глупости.
јас да ти кажам на сопругот брат е разведен со дете и покрај тоа што нема никакви контакти со бившата сепак детето иди еднаш неделно втората негова сопруга го прифати детето од старт но по една година брак започнаја недоразбирања детето влегва во пубертет сака внимание и постојано мегу нив има некоја љубомора ,ти посакувам се најдобро незнам колку год имаш но размисли тие се тешки ситуаци
Најважно од се е да воспоставиш добра комуникаџија колку што се може со детето, зошто ако детето не прифаќа или ако за него си причина за одалееност со неговиот татко тогаш ќе е потешко. За бившата,таа секогаш ќе е дел од неговиот живот, имаат дете заедно, мора се да делат околу случките сонего,тоа мора да го прифатиш. А од мое искуство да ти кажам, ние останавме две возрасни сестри со татко вдовец,поизвесно време тој најде нова жена, која со тек на времего дистанцира од нас и го доведе до ситуација да бира меѓу неа и меѓу родените деца. Па што мислиш, што се случи? Таа исчезна од нашите животи така ко што влезе! Како и да биде,ви посакувам среќа. Сепак, самодецата се тие кои страдаат најмногу и не сваќајќи што се случувалес оим е да обвинат некого.
Ти ги гледаш работите еднострано. ама се работи за имот, пари се сакате ваше да биде, а таа да изигрува бесплатна к*рва домаќинка се. Не те обвинувам, ама сигурно и кај вас не наишла на добар прием. Ех парата го врти светот, а светот нас. Господ нека ви е на сите напомош, барем имам доста искуство со такви заврзлами.
Кажа повторно дека се разведени а не кажа дали уште живеат заедно. Не е сеедно дали се разведени долго и не живеат заедно или е тек на почеток, и ако уште се под ист кров, веројатноста дека ти имаш голем дел во причината за развод е голема. Можеби таа го прави тоа затоа што уште сака да го задржи бракот. И има право да се бори. Ти ја праша неа дали може да комуницираш и спиеш со нејзиниот сопруг? Не. Така и на неа гајле и е дали ти се нервираш што таа сака да комуницира со него. Се зависи од мажот, а ти ако си сигурна во вашата љубов, чему нервози?
Од неκолκу κρатκи ρеченици одма до заκључоκ дојде. Κолκу и да пишам паκ нема да ја доловам целата ситуација. Само ќе κажам, двете бевме големи, едната мажена дρугата на фаκултет, богатства нити имаме за финансиите да се пρичините, ама женава од дρуг гρад, си се упиκа κај татκо ни, го убеди да се пρесели κај неа тој и му бρанеше да ρазговаρа и нс тел со нас, демеκ големи се тие остави ги... нема ни што да дообјаснувам , од тогаш имало и дρуги жени со κои сме биле во ноρмални односи. Целта ми беше да напоменам деκа децата се битни многу, пρед сеκоја жена детето ќе биде сеκогаш.
Пушти ме мене, јас од стари работни навики ќе прочитам брзо неколку страни текст и ќе извадам една реченица. Тоа што не ја негираш или објаснуваш твојата што сум ја подвлекла...ај сите заедно да се смееме може ќе ја снема Не важи кај сите разведени со деца едно правило на однесување. Се си зависи од човекот. Или поточно од сите инволвирани. Еден пример не значи дека сите го следат оти имаа заедничко нешто, како развод. Колку двојки имаат нешто како брак заедничко, па пак на едни им цветаат ружи на други им растат трње. Пример... Сечие индивидуално однесување во голема мера е предвидливо. Такви сме претежно сите обични луѓе, проѕирни и предвидливи ако се потрудиш да обрнеш внимание. За тоа како би тој бил, како би се однесувал кога вие двајца ќе/би биле заедно и би да стварате свој дом и свое мало семејство, и каков би бил односот помеѓу него и бившата, ќе знаеш доволно до некоја мера во зависност од тоа како тој, таа, и ти севкупно се однесувате сега, во оваа ситуација во која што сте сите, а тука има голема улога тоа, како ти ги употребуваш термините разведен, бивши и бивша, дали во сегашно или идно време, и кој со кого живее сега, и те како е важно во тој дел на, како да го кажам, првична евалуација еве. Доколку бараш совети ќе переш, доколку не, тогаш ок, трај си и свиркај си. Но зошто тогаш би отварала ваква тема? На форумов има доволно жени со секакви искуства во животот од кои сите можеме да научиме нешто, без разлика дали јас, трет, или ти ќе примениш совет, ама добро е да видиш, да чуеш, оти ќе ти вреди. Вака за твоето, никој не може да ти даде баш конкретен совет кој би ти бил од добра корист како да се справуваш во иднина доколку бившите (тогаш) партнери, хипотетички зборено, комуницираат на степен на кој тебе не ти е прифатлив и би те повредило.
@MarikaE има многу разни примери ќе слушниш ама секоја ситуација со различни детали и ниту една не е иста. Така и твојата ситуација си е уникатна и ти можиш најдобро да си ја процениш. Имам порано пишувано тука за бившиот, а накратко сега да ти кажам дека имам син со него. Син ми ќе полни 8 години а дотичниот последно го виде син ми во Јануари 2010. Син ми не го познава него, ниту пак има некои спомени од него, како никогаш да не постоел. Син ми го знај мојот сопруг како татко и така ке остани засега додека не е доволно голем да ја сфати целата ситуација. Па така да и татко се решава да не види дете никогаш повеќе. Се надевам дека твојот партнер е татко во вистинска смисла и секогаш ќе биди татко на тоа дете а и на вашите заеднички деца во иднина. Зборот ми е не ги сфаќај сите совети здраво за готово. Значи сум била во твојата ситуација ( деца од партнерот) а сега сум во обратната ситуација и многу добро знам некои работи. Пиши ми во ЛП ако сакаш. Поздрав и се најдобро.