Јaс пa не рaзбирaм зoштo пoкрaј тoлку слoбoдни и убaви дечки се упикувaте вo нечиј брaк и семејствo, пa пoсле ќе се прoдaвaaт дрaми нa килo. Еден тaткo, вo случaјoт сo Мaрикa, не би смеелo дa ги прекине кoнтaктите сo свoетo дете, нaјмaлку пoрaди женa, a еквивaлентнo нa тoј фaкт, сaкaлa ти или нејќелa тие кaкo ридители нa тoa дете мoрa меѓусебнo дa кoмунуцурaaт. Ниеднa "втoрa" женa пaк мoже дa гo сaкa тoa дете, сем глумење вo пoчетoкoт oд врскaтa, дaвaјќи му дo знaење нa пaртнерoт декa вo име нa љубoвтa и негoвите децa би ги прифaтиле. Јaс сум сигурнa декa тoa дете, пo извесен периoд ќе пoчне дa ти сметa, пa тек кoгa би имaле свoе сo пaртнерoт. А зa тoa штo не дaвaш кoнкретен oдгoвoр дaли пaртнерoт е рaзведен или е вo фaзa нa "ќе биде" ме aсoцирa нa тoa декa и ти вo гoлемa мерa си влијaелa нa уништувaње нa брaкит. И не сум никoј дa судaм, сaмo ги кaжувaм рaбoтите кaкo ги гледaм ид мoјa гледнa тoчкa.
По мене секој има право да продолжи со животот после разводот и да започне нова врска, да оформи нова брачна заедница, да им дете и се редом. МарикаЕ факт е дека уште од самиот почеток кога си влегла во врска со разведен човек и дете требало да ги знаеш последиците од тоа. На пример факт е дека твојот партнер ќе оддржува контакти со бившата жена поради детето почнувајќи за основните потреби на детето, носење на училиште, гледање преку викенди, празници, одење на одмори и сл или не дај Боже да се разболи од најобична температура тие двајца заедно ќе си го чуваат и ќе се грижат за детето. Следно ќе бидеш во врска со него и сама кажа имаш планови за во иднина со него ти (но дали тој има планови со тебе ) ти ќе сакаш да носиш венчаница но дали тој ќе сака повторно да мине низ ритуали за свадба, брак или ќе сака само вонбрачна заедница? Ти ќе сакаш дете но дали и тој ќе сака и факт првото дете секогаш ќе му биде на прво место. Во ваква ситуација ти си таа што треба да се прилагодиш , најпрво треба да прифатиш дека бивша жена и дете секогаш ќе бидат присутни и да основаш семејство со него пак ќе бидат присутни во текот на целиот ваш живот затоа што верувам тој не би се одрекол од своето дете. Следно треба да изградиш одреден степен на блискост со детето не да му бидеш мајка или да глумиш но когаќе дојди во псоета на татко си доволно е да му дадеш оброк, сокче, да му пуштиш цртани филмови, да си играш со енго , да се понудиш да го изведеш ан прошетка. Детето не мора да те сака како мајак му што си ја сака но доволно е да имате здрав однос затоа што сепак ти си со неговиот татко. И најважно утре кога ќе имаш деца со твојот партнер ќе мораш да ги прилагодиш и воспитуваш во духот да се прифатат едни со други и да имаат здрав однос А тоа дека бившата си давала идеи за креација на станот во кој ќе живете не гледам зошто би го правела тоа освен ако и самата не вложила одредена сума на пари и мисли дека ќе живее во него (ако твојот партнер го планирал за нив две а ти мислиш за вас двајца е) . На крајот доколку и понатаму не ти се допаѓаат некои работи, разговарај со партнерот а ако ништо не се промени и сметаш дека е премногу слободно раскини и барај си нов дечко кој нема да ти донесе дел од својот товар ама па ако тоа љубов е тоа ќе прифатиш се.
Неа не и смета комуникација со бившата околу детето, во врска со детето тие мора да комуницираат а се во што не е во врска со детето - нема потреба. А грешка си дека никоја втора жена нема да сака деца од мажот. Не можи да ги сака како што ќе си ги сака нејзините ама не е исто како било кое друго дете, сепак тоа е дете од партнерот и додека тоа дете е со таткото и таа има родителски обврски кон тоа дете. Затоа додека не си била во таа ситуација не можиш да тврдиш дека е само глума. И тоа дете не би требало никогаш да смета, доколку бившата не го полни умот на детето да прави проблеми во новото семејство на таткото. Во нормална ситуација па тоа дете е врат или сестра на твоето дете нели?
Е ова баш ми падна во очи и не можам да се сложам ама ич. Совесен родител го сака секое свое дете, без разлика дали е прво, второ, петто...без разлика дали е од иста или различна жена, машко или женско.
колку и да звучи себично кога би била во тква ситуација јас никогаш не би можела да прифатам туѓо дете.така да ако партнерот ме сака ќе мора да прекине секакви контакти со нив.како никогаш да не постоеле во неговиот живот. знам дека е себично,но никогаш не би можела да прифатам.или ќе биде само мој или воопшто нема да биде мој.
Повеќе звучи патолошки отколку себично. Ништо чудно што делуваш како да немаш среќа на љубовен план. Треба да гледаш пореално на работите, потенцијални партнери има многу и никој нормален не остава дете затоа што партнер/ка така сака. Кога ти би имала дете, би го напуштила ако новиот партнер ти рече да го напуштиш?
@MarikaE Многу врева околу ништо. Сум во ситуацијава и не гледам никаков проблем, супер стојам со детето, со бившата жена што сака може да збори, кога сум сигурна во неговата љубов кон мене прва јас нема да дозволам да не биде во контакт со некој со кој што има дете, пошто тоа дете треба да почувствува слога помеѓу родителите, а не да се мразат. А за тие што нагласија дека „не ти треба таква врска“, занемари ги како да не постојат. За тој што го сакаш треба да имаш разбирање за некоја негова животна ситуација, како што верувам дека и тој за тебе има за други работи. Тоа што се развел е добра работа, а не по она сељачконо „ќе останам ради детето само“. И има право на живот со нова личност, но треба со организираност да пристапи за и двете страни да бидат задоволени со внимание (ти и детето). И се ќе биде ок.
Како бе - ако сакаш да бидеш со мене напушти го детето Не е ова себичност - ова е психолошко растројство. Како може да речеш не сакам да го делам партнерот со неговото дете?! Мислам што има тука за делење? Тој на детето му е татко а тебе партнер. Каква поврзаност има тука па да треба да се дели. Патем.... Ова е тежок пат... не секој е спремен за прифаќање на туѓо дете. Не е лесно претпоставувам но мислам дека психички стабилна и зрела особа би можела да одржи ваква врска. А и не мора да значи дека бившата ќе прави кавги користејќи го детето. Ако решиле да се разведат под нормални услови не гледам зошто би правела кавги?! Битен фактор е тоа дали ти сакаш да имаш дете со партнерот. Бидејќи кога ќе дојде тој ден нормално е да си повеќе наклонета кон своето дете па така да ќе го запоставиш неговото. Тогаш ќе биде многу тешко за цело семејство, кавги, љубомора и сл. Јас искрено БИ прифатила дете од партнерот...
Znaci kolku znaeme da bideme zlobni koga e vo prasanje davanje sovet koga nekoj ke pobara. Vo situacija sme da gi isprevrtime zborovite i da napravime nova situacija samo i samo da se samovelicime. Zarem malku temi za samovelicenje pa mora i na vakvite? Se slozuvam so feminkite so koi odaleku se gleda nivnata dobronamernost za da ti dadat sila da si prodolzis so covekot sto si go sakas. Odnosno vo se ona sto imas napisano,pokazuva deka sama si svesna kako treba da postapis,prodolzi si taka.Otvoreno razgovaraj so nego i kazi si se kako sto si mislis,nema da zgresis. Dokolku ne naidete na sporazum podobro da si go znaes toa uste sega.
лесно е совети да се делат.само реалноста е поинаква.јас убаво се познавам.и знам дека толкав товар не би можела да издржам.а сите што делите совети овде почувствувајте го тоа на своја кожа па потоа коментирајте.воопшто не е лесно тоа.
Јас не делам совет туку давам свое мислење, изнесувам свој став! Според мене не гледам на кој начин партнерот би се делел меѓу дете и партнерка. Можеби вниманието кое треба да се посвети и на двајцата ќе биде ПОнаклонето само кон еден пр. дете ама па партнерот во случајов партнерката да биде љубоморна на тоа е апсурд! СПОРЕД МЕНЕ! Исто и во бракот е. Има моменти кога буквално го запоставуваш сопругот поради обврските кон детето, домот, работата и сл. па ако тоа сопругот не може да го издржи - не знам што да речам. Или тогаш е оправдано зошто детето е ваше а во случајот детето е само негово. Х.Вага - мило ми е за тебе што точно знаеш колкав товар можеш да издржиш и до негде е коректно тоа што го кажа.... ама според тоа може да се претпостави дека си емотивно лабилна особа. И не се фаќајте ко ќорав за стап читајте се од прво до последно!
јас не сум емотивно лабилна личност.не знам по процени.знам што сакам во животот и не сакам да си го усложнувам и доплителни проблеми да правам. имав таква врска.ја знам тежината и знам кој проблеми произлегуваат од таа врска. едноставно некогаш не вреди со глава преку ѕид. за сите што се во таква врска убаво нека размислат и нека проценат.одговорноста е голема. толку од мене.
Аууу девојки па да знаев дека толку негативна дискусија ќе развиете воопшто немаше да пишувам Благодарам на исклучоци кои читале што пишувам и реално ги согледале работите и ми дале свое мислење/искуство. И се позитивни зашто разбираат дека не е лесно да бидам во ваква ситуација. Другиве што сте толку во лоши филмови, ми превртувате зборови.... не знам зашто сте такви. Значи да ги разјаснимд работите: 1. Темава ја отворив во момент на слабост, ми требаше подршка дека ако сакаме и се трудиме ќе успееме да создадеме фино семејство кое ќе функцонира. 2. Јас не сум причината за нивниот развод, така да коментари од типот дали јас сум ја прашала дали и сметало комуникација па за да имам право да се бунам мене што ми смета сега нивната конуникација... глупости и смешки. 3. Како што реков погоре, јас НЕ сум причината за разводот, така да да ми коментирате што не сум нашла слободен.. е крајно глупаво. Секако секој сонува да има партнер кој нема таков "товар" позади себе, ама никогаш не знаете во какви околности ќе го сретнете човекот на вашиот живот. 4. Јас нигде не реков дека не сакам да комуницираат. Треба да комуницкраат и да имаат коректен однос заради детето. 5. Сум го прифатила тоа дете и ќе се трудам да бидам фер и коректна спрема него. Тоа дете е на човекот кој го сакам. 6. Јас со партнерот планирам и брак и деца. Значи заедно сакаме и планираме а не ја сама се филмам како што се обидоа некои да ги извртат работите. Не сум луда И веќе не ми текнува што друго имаше да искоментирам... За крај, се е в ред! Јас имам нормална комуникација со партнерот, зборуваме за се. Планираме иднина. Имаме стравови и јас, и он а сигурно и она. Ама полека со нормален разговор ќе ги решиме и ќе се прилагодуваме на целата работа. Нормално на никој не му е лесно, секој од нас си има свои стравови. Но сме возрасни луѓе и ќе се договориме. Како што пишав, темата ја отворив во момент на слабост, да чујам други искуства.... ама некои членови ја раширија работава со еден куп умислени работи Фала на сите, посебно на оние реалните и позитивните
Nie sme malku zatucana sredina realno, sekoj na sekoj pamet soli a ne si go gleda svojot zivot......ne za site, za poveketo, Moj sovet kako sto i nekoj pogore ti pisal......treba da si psihicki spremna.....ke imas mnogu problemi realno ti go kazuvam ova, dali mozes da izlezes na kraj so problemite ...ti si najubavo znaes........Gledaj go tvojot Odnos so idniot soprug....kakov e,dali mnogu go sakas,vo raspravii kako reagira....znaci se ispitaj zlatna........ako si spremna na se Togas so Sreka,Ne se zamaraj so nicie mislenje, ne obrnuvaj mnogu vaznost na Sredinata, Gledaj kako ti e na tebe i nemu......i Srekno
Ме интересира какво е Вашето размислување за брак или врска со партнер/ка која веќе има дете од претходна врска или брак. Каков е Вашиот став околу тоа? Дали би го прифатиле или не? Дали тоа би била причината иако се е идеално да не продолжите понатаму? Или воопшто не би ви сметало тоа?
Мене не би ми пречело. Ако со таа личност испадне да сме компатибилни нема да го откачам заради тоа. Плус таман јас нема да морам да раѓам хахах
Искрена да бидам, јас не би можела да бидам со човек кој има дете/деца од претходен брак. Поради неколку причини: -Финансиски мора да го помага детето -Мора да поминува одредено време со тоа дете (редовно неделно гледање, но и кога е болно, кога му е роденден или кога има некоја друга причина како приредба и слично...) -Мора да контактира со бившата сопруга, за сѐ што е поврзано со тоа дете -За тоа дете никогаш нема да можам да бидам заменска мајка, ниту јас ќе можам да го сакам тоа дете како свое. А тоа дете може да ме гледа како пречка меѓу неговите родители, дека поради мене, неговите родители нема да може никогаш да се смират. -Не сакам нашите деца кои би ги имале да го делат имотот со тоа дете, кое е негово, а мене не ми е ништо.
Не би ми пречело да бидам во врска или брак со партнер кој има дете. Доколку го сакам партнерот треба да го прифатам и неговото дете. Тоа не подразбира дека ќе му бидам замена за мајка, но на секој начин би се потрудила да се зближам со тоа дете. Не би ми пречело партнерот да поминува време со тоа дете, не би ми пречело детето да живее со нас, ниту би ми пречело финансиски да го помагам. Јас самата би инсистирала партнерот да поминува повеќе време со детето. Јас тоа дете би го чувала како да е мое и никогаш не би дозволила да почувствува празнина.