Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Партнер разведен со дете

Дискусија во 'Брак' започната од MarikaE, 9 јули 2015.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Види индивидуално е, ако ти можеш друга не може или обратно. Се е до карактерот на човекот и најбитно каква е ситуацијата односно љубовта, планините и тежините што си ги носиш во душава. Затоа од страна сметам дека никој не е компетентен да ти каже што треба да правиш бидејки сите љубови се различни исто како што секој човек има свој карактер.
    Ќе седнеш и ќе си размислиш, што натежнува на вагата на вашата вага, ќе измереш што повеќе ти носи радост, како ќе бидеш ти среќна и исполнета.
    Тешко е да, се прашуваш кој ќе е исходот ако се согласасиш и одбереш било која опција ама па се во животот е ризик и мора да ризикуваме за да дознаеме а секогаш имаш опција ако не ти чини и не се пронаоѓаш во таквата ситуација да со време седнеш и објасниш на партнерот дали ти можеш или не можеш да се носиш и живееш со тој факт во животот.
    Не е лесно. Ама познавам луѓе што се избориле прифатиле и уживаат во животот, фунционираат заеднички, ама треба да се има некаква разбирачка, компромис да се направи, љубов и многу слога. Не секој го може тоа, не секој може да се носи со таква ситуација. Размисли си, каков однос имаш со детенцето дали си среќна покрај тој човек заедно со неговата душа што ја носи во него итн.. треба да имаш отворено срце и многу разбирање..
    Ако не можеш од се ова откажи се, ако од се ова не си ти ич не ни почнувај нешто подлабоко.. треба да воочиш што чуствуваш покрај тоа дете како се тоа ти го доживуваш.
    Или пак откажи се и барај си слободен.
    У суштина рсзмисли добро и премери на кантар.
    Имам пријателка која што прифати 3 дечиња и имаат краајно пријателски однос.
    4 то роди нејзино.
    Од страна изгледаат супер.
    Ти посакувам среќа.
     
    На Someonespecial, ♡BuBaLe♡, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Јас лично за мене можам да одговорам дека не би сакала партнерот да ми е со багаж-негово дете.
    Е сега не би сакала,ама што би морала/што би можела да прифатам во иднина тоа никој не знае.
    (Може во брак утре на врата да ни затропа негово вонбрачно дете нели?:lol:)
    Нели се за љубов:l:.
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Не би ми сметало, ако го сакам него, ке сакам и се што доаѓа со него. Под услов да нема рекла казала ситуации, препукувања, оговарања со мајката на детето. Не би трпела да бидам измегу нив.

    Можеби во срцето нема да го сакам на рамниште како да е мое дете, како што тој нема да ме сака како своја мајка, но нема за ништо да биде одделено од моите. Доста патело тоаа дете заради развод на родителите, или заради гибење не еден родител, не би сакала да му го зацрнувам животот дополнително и да изигравам лошата маќеа од Пепелашка. А мислам дека децата тоа на крај го чувствуваат и признаваат, кога некој искрено ги сака .
     
    На carangigia, SuperGirl24, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Што и да се пише на темава или гласно да се размислува паѓа во вода се до оној момент дури не се осети на сопствена кожа.

    Сега размислуваш дека тоа дете би ти било товар, но што ако се застапени силни чувства и емоции кои не ти даваат мир во душата се дури не се сретнете повторно, или кажеш дека не би ти сметало, па покасно да не можеш да го издржиш тој товар или притисок?

    Така да никогаш не вели никогаш се до моментот на искушение
     
    На Lolipop23, makedonkamak, zalosna и 9 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Точно. Не можеме да кажеме ништо се додека не дојдеме до таква ситуација. Оти едно е теорија и наше мислење односно став а друго е пракса, што не снашло и како ќе ни е длабоко во душата. Факт е.
    Комплексна е темава за да се изразува нечиј став оти во моментот кога искусуваш се би паднало во вода. Друго е па тоа во каква фамилија ќе стапнеш, како тие фунционираат каков им е карактерот итн..
    Не можеш да кажеш ништо оти не знаеш каква е ситуацијата, тука играат улога и мајката на детето и самото дете дали прифаќа и самиот татко односно будучи сопруг на дотичнава како би ја гледал неа и како би опстанал ток компромис и пожртвуваност.
     
    На Someonespecial, zuto, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  6. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Секој најдобро знае за себе,тешко можеме да кажеме за друг,но можеме да кажеме за себе.Ете јас кога бев девојка не можев да замислам такво нешто.Сакав старт под еднакви услови,сакав со човекот кој ќе ми биде сопруг,заедно за прв пат да ги доживуваме предизвиците кои ги носи бракот и родителството,така и беше,но сепак бракот заврши.Сега,после пропаднат брак,со дечиња,некако не сум сменета по тоа прашање,во смисол јас сум партнерот со „багаж“,некако ми е нефер за другиот.Звучи можеби глупаво,но ете така го доживувам тоа.Инаку има доста девојки што прифаќаат,а обратно тешко.Во околината,тие што ги познавам,се со втор брак на мажот,а прв на жената и има најразлични примери,со супер бракови и многу добро прифатени деца од првиот брак,кај други постојано им смета детето од претходниот брак,па и вештачко одржување на бракот,дека на едниот му е втор,па што ќе кажат луѓето.Што се однесува до прифаќање партнер со дете,сега во ваква ситуација,полесно би го прифатила детето,потешко партнерот:D. На крај пак се сведува дека сите сме различни,со различни убедувања и секој нека го прави она,што го прави среќен.
     
    На Bjutii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Би го прифатила детето секако.Со тоа што го прифаќам него ги прифакам сите негови предности,маани и несовршености.Ако го сакам ме сака детето нема да пречи воопшто.
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Уф..тешко прашање....но ако треба да одговорам како свекрва, нели ако синот ми донесе снаа со деца од претходен брак...ДАМЛА ќе ме мане, нема да ми биде по ќеиф..но кој ме прашува..

    ако треба да одговорам како баба која ќе добие зет со негови деца од друга жена, не од ќерками...уф..исто дамла ќе ме мане......Не е пријатно..но има случаеви разни...

    дефинитивно е дека јас сум против:!:
     
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Точно нели љубовта е таа во теорија. Ама што ако во праксата детето нема да те сака и упорно ќе ве отрга од себе? Ќе биде тажно и анкциозно? Што ако бившата жена се меша тука во односот? Што ако едноставно детето нема да ве прифати?
    Зборот ми е не е се така црно на бело. Теоријата е таа љубовта над се ама понекогаш праксата со се плановите паѓа у вода..
     
    На cresa-jagoda, Feminka22 и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.146
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Не можам ништо да кажам се додека не дојдам до таква ситуација, додека не осетам на своја кожа. Вака само може да кажувам дека можам да прифатам партнер со друго дете или не.
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам да ме засака бар малку.Обожавам мали дечиња секогаш сум се снаоѓала, ќе пробам да се снајдам макар и 10 и 17 год. Да има ќе пробам да воспоставам некој однос во фирмата.
    А мајката ако се меша ќе смислам нешто.
     
  12. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Не би можела да поднесам дефинитивно,ретко кој маж може да се справи со товарот повеќе деца од различни жени.како финансиски така и психички
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.043
    Допаѓања:
    21.679
    Пол:
    Женски
    Ама ако некој не прифати жена со "багаж" тогаш тој не е човек.
    Не е темава така наивна.
    Зошто да не прифатам. Еве имам дете, се разведам во нормални услови, секој на своја страна, а животот мора да продолжи. Зарем никој не треба да не сака?? Зар детето после развод станува "багаж" на родителот.
    Не, не би ми пречело. Што во случај на смрт на родител?? Зар другата страна треба да остане сама? Ако двајца се сакаат за се ќе најдат решение.
    Иако секој има право на мислење, едино што не се сложувам е кога дете се третира како багаж. И никој нема право нечие дете да третира така.
    Ми е гајле за имот, ми е гајле за родендени, издржување...пошто што ако мене ми се деси?
    Само, секако, таквиот родител му е најтешко, треба да ги задоволи сите подеднакво.
    Јас имам зет, со дете од прв брак. Исто и братучетка ми(има 2). Тоа дете ме сака исто како и другите. Ме гушка исто како другите. Сепак е само дете. Детето не е виновно за постапките на родителите.
     
    На Monik999, Lady..M, Mari-Ja и 7 други им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Секој има различно размислување за ова прашање.
    Лично, не би прифатила партнер кој има дете од претходен брак.Предизвиците и интересите за брак и семејство не ги гледам со човек кој има свое потомство. Потребите и родителските заложби ги разбирам, но јас не се пронаоѓам во една таква брачна заедница. Свесна сум дека таа бара многу посветеност, одговорност и пред се огромно меѓусебно разбирање кое значи честопати отстапување од некои свои принципи со цел зачувување на семејната хармонија за што не сум подготвена.
    Зад мене имам еден неуспешен брак во кој стапив на 37 години, но немам дете. Не сум личност која може да прифати и да сака нешто што не е мое.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Можеби подобро би било да нема такви обврски, ама, во ред, ако има пород, тоа сигурно не би ме оттргнало од партнер.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јас не би.
    Сега сум мажена веќе, ама и предходно, неможам јас да поднесам таква жртва, за незнам каква љубов, уште во моментот кога би ми рекол дека има веќе дете, мене во мозокот ми е забрането и понатаму не дискутирам, би останало само на тоа едно излегување на кафе и тоа е тоа. Не би ни излегла повеќе, а камо ли развивала нешто повеќе. На чисто сум со себе дека едноставно несакам да си го комплицирам животот.
    А и има разлика и во сето тоа. На пример еве, мм каде што работи неговата газдарица има вонбрачно дете со некој човек кој што не го признал тоа дете/девојче. Девојчето има презиме како мајка и моминското, со т.н. татко човекот кој ја направил нема апсолутно ништо и тоа е во ред. тој човек не постои во нивните животи и не се прашува за ништо. Сега тоа девојче има 2 полусестри, функционираат совршено, очувот не ја двои од своите две деца, и живее со нив и се. Исто знам и за една девојка 18години има, остана трудна и едноставно несакаше да го запише дечко (кој веќе и беше бивш кога дозна дека е трудна) и како татко на детето (пропалица, ебиветер кој само ќе им гокомплицира животот) и тоа ми е исто во ред, она и да се омажи утре, за тоа дете одлучува само она, нема мешание од бивши партнери и.т.д.
    Додека од машка страна е малку потешко, обично мајките идат во пакет со децата, ретко која мајка си го оставила детето или се одрекла од него, па само таткото да одлучува за него, едино ако останал вдовец не дај Боже.
    Сакам да кажам, децата како деца не ми сметаат, би била јас можеби со некој кој има дете, ама да нема бивша жена која ќе постои до крајот на нашите животи, тоа е ту мач за мене :D

    А еве сега на пример моите се разведени, секој по свој пат си тргна и тоа ми е во ред, и мајка ми да се премажи, јас и сестра ми не сме и багаж, оти и ние сме си сами за себе веќе, т.е. она во нашите животи не се прашува за ништо, ни па е должна повеќе. Истото и за татко ми важи.
     
    На SV1911, cresa-jagoda и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Не фала за партнер кој веќе има дете. Тоа е мое размислување и јас немам желба да бидам со таков. И најголемата љубов да е во прашање сепак би се дистанцирала од некој кога би ми признал дека има дете, ќе го преболам со тек на време. Искрено, многу би ми пречело да сум во брак со човек кој веќе има дете, не би ми било пријатно тоа постојано да доаѓа во мојот дом и тој да има контакт со неговата поранешна сопруга. Тука исто така голема улога имаат и финансиите. Тие во бракот се заеднички и наместо да си ги плинираме за нас и за нашето дете, тој секако ќе има обврска да плаќа издршка и за другото дете од претходниот брак. Епа нека звучи себично колку што сака ама немам намера да работам за туѓи деца, ако даде Господ ќе си имам свои и за нив ќе се борам. Какви и недвижнини да заработиме и купиме, еден ден наместо да припаднат на моето дете ќе се јави и друг насленик кој ќе ги дели. Друго е да имам и јас дете од претходен брак, така би биле рамноправни ама како слободна девојка да се омажам за некој таков не доаѓа во предвид.
     
    На SV1911, Mikica_89, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам: Чим размислувате на начин дека не би прифатиле партнер со дете,дали знаете дека тогаш ниту вие нема да бидете сакани од ниеден доколку сте од страната разведена со дете.Ајде ставете се барем 20 секунди ,затворете очо и замислете дека имате детенце од претходен брак.Зар не би сакале некој да ве сака сепак? Да го сака вашето дете ? Да биде покрај вас? Ќе сакате ќе сакате...ќе ве јаде желба да ве сака некој кој е без предрасуди.Не размислувајте дека не би прифатиле,тоа шо мислите тоа привлекувате.И бидете сигурни дека ако сте со став " Никако со партнер со дете" бидете сигурни дека нема ни вие да најдите партнер шо ќе ве прифати ако сте вие од разведената страна.Не судам никого.Менталитет е во прашање ништо друго.Јас сум разведена со детенце,и имам прекрасен дечко.Наскоро здравје Боже и сопруг.Како од сон да сум го извадила.Ама одсекогаш бев отворена на оваа тема,и ете за мене е нешто нормално.Ако поимот " дете" се сфака како пречка или багаж,тогаш не се сфатил тој поим вистински.Поздрав и секое добро ;)
     
    На Monik999, Rhaenys, *Ench@nted* и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Комшика од старо маало: мажена на 17 год, детенце добиле, се развела.
    Дечко фаќа на 24 год кој ја прифаќа со детенцето, тој има 30, почнуваат заедно да живеат, останува бремена, раѓа детенце, после неколку мес типот го фаќаат добива 8 год затвор. Мислам дилал.
    Сега има 27 год, сама со две деца. Мајка и и доаѓаше повеќе како на гости отколку да и се најде околу децата.

    Родителите од вториот маж не го признаваат детенцето, а првиот маж не плаќа алиментација, живее во друга држава. Никогаш не ни плаќал.

    Мислите ќе се мажи пак и некој ќе ја прифати?

    Мое мислење, да, само доколку мажот има деца од претходен брак.

    Толку млада и несреќна во љубовта да речам.
     
    На TutiFuti, Justicija и makedonkamak им се допаѓа ова.
  20. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Дете како дете, не двојам. Постојат многу ситуации различни и еве една таква: Братучед ми е оженет со жена која претходно имала брак и има девојче. Не се од тука, не е ни битно. Овде кога слушнас дека стапил во таква врска беше оговаран и потценуван. Зборот ми е овде беше така, менталитетот е тој.
    Дојде време дадојдат на гости во Мк. Девојчето е едно што просто не е возможно човек да не го сака. Прв пат не запозна и се поврза со нас како тука да е растено. Добив и внук исто така и не ги делам , исти се и двете. Братучед ми е среќен, прифатил таква жена кој не била ни малку виновна што претходниот сопруг физички ја малтретирал. Што требала таа по ваше- да се затвори дома и бел ден да не види натаму дека има дете. Супер направила, ете си живеаат нормално како и сите.
    На крајот, се зависи од смите луѓе и од тоа кој и колку е спремен да даде и продолжи.
    Можеби да останеа овде да живеат, немаше ни да успеат заедно. Секако ќе се мешаа тетки, вујни, баби итн.
     
    На Monik999, *Ench@nted*, Dust и 7 други им се допаѓа ова.