1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Партнер разведен со дете

Дискусија во 'Брак' започната од MarikaE, 9 јули 2015.

  1. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Јас не би прифатила партнер со дете.
    Да се грижам за туѓо дете не можам , исто така тоа дете да живее со мајката, тој повторно има куп обврски спрема тоа дете.
    Еден ден наследно правни проблеми, кавги и.т.н.
    Да треба да се премажувам сосе дете пак би размислила, оти не сум сигурна дека не би била двоена и не би имала проблеми, особено ако тој веќе има деца.
    Себично е знам , ама и Есма Реџепова да станам никој нема да ми префрли орден. Колку покомплицирани врски, толку покомплициран живот.
    Не можам да се носам со целиот тој товар.
     
    На Mikica_89, m.i.g, poenta и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.600
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не би ми било проблем.
    Во животов секој помалку или повеќе си има свој “багаж”. Сите нешто носиме со себе. А дете е благослов, не багаж. Ако тој човек е добар, грижлив, стабилен, со свои вредности, знае да ги постави работите правилно меѓу старата и новата ситуација, не гледам зошто детето негово би ми преставувало пречка.
    Моите деца секогаш ќе ги учам како што и самата сум била воспитана, да ги прифаќаат сите луѓе еднакво без разлика на се, да знаат и да не им е никаков проблем она што го имаат да го делат прво со помалку среќните, а потоа и со сите останати. Не гледам зошто едно такво невино битие како дете да страда само зошто јас не сум го родила и зошто да не биде третирано како и моето дете.

    Исто, иако сега ми е прекрасно, не знам утре животот што ќе ми донесе. Ако се разведам, не мислам да останам сама. Еден ден сите ќе си заминат по свој пат, не планирам живот со 28 мачки. Сакам партнер, небитно дали ќе имам 35, 45, 55, 65... со кој ќе си бидеме муабет, поддршка и друштво, посебно во деновите на крајот од овој пат.
     
    На Outlook, kala21, *Ench@nted* и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Duri i da dojde do ne daj boze razvod i nekogas da razmisluvam da se premazam, toa bi bilo eventualno koga decava kje mi porasnat, pa ete da si baram druska za po stari godini.
    Ne sakam ni jas tugji deca i uste toa tugjo dete da bide ramnopravno so moite, jas da stvaram i da rabotam cel zivot da im stvoram na moite, a toa dete da bide ramnopraven naslednik na seto toa, ic ne mi ide vo glava.
    Ili jas i mm vo naseto semejstvo da rintame dvajcata, namesto za nasite deca da rintam, treba da razmisluvam deka on treba alimentacija na toa dete da mu plakja, od pari so i jas rabotam na primer.
    Da e razveden bez dete, vo red, se desil brak od X pricini, se razvele i nisto vise ne gi vrzuva, ama dete... Koe kje bide cel zivot i posle zivotot da nasledi ramnopravno so moite deca edno golemo NJET.
    Nesakam da navredam i povredam majki koi se razvedeni i imaat deca od tie brakovi, moe mislenje samo, poprvo bi sprecila, otkoku da lecam.
     
    На Luciferovog zlo♧, Rebecca_R, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Кога немав дете велев не ми смета партнерот да има дете, ќе го гледам како мое дете и.т.н и.т.н.
    Но , кога веќе имам скроз го сменив мислењето.
    Да се случи да се разведам, би чекала детето да фати свој пат, додека е мало и ранливо не би пристапила кон тој чекор, а за време на пубертет да не правиме муабет. Партнерот кога би имал деца со него, јас со моето, воопшто не би сакала да живее во таа средина, не можеш да знаеш за какви деца се работи, дали нивната мајка ќе влијае негативно на нив, а жртва да биде моето дете? Јок, не ми треба маж, по цена детето да не ми биде среќно.
    Е сега би прифатила само во еден случај, крајно себичен и бизарен, но искрена сум, би прифатила само ако таа личност ја знам многу добро, кога би ја сакал малава како своја,малава многу да го сака ,под услов да нема деца и да не може да има.
    Е само тогаш можеби би се решила. Јас повеќе поштувам сингл мами, жени кои одлучиле да родат без партнер (тоа е друга тема да не бидам офф) отколку се омажила мома, да не седи дома, да не седат млади без маж и детето да има татко, каков татко, еден е татко и една е мајка. Интересите и психофизичкиот развиток на детето пред се!
     
    На m.i.g, Offspring, ЕденЧлен и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.600
    Пол:
    Женски
    Оној демек “суптилен” момент ако не си во брак не знаеш како е да си во брак, ако немаш деца - пак ништо не знаеш. На некои ама ништо не им се погодува и никој ништо не знае освен ним.. нели.

    Посебно оној момент кога некажан збор ќе го речат како да си го кажал. |( Оти ние што би се премажувале излезе дека ќе биде врз среќата на нашето дете. Пошо нели, оние што не би.. само тие се жртви за децата и само они си ги сакаат.

    Не смеат да се изостават детали оти најебо си. Простор оставаш за манипулација и тоа во 100% од случаите дискретно ќе биде искористено против тебе.


    Јбг. Не сме сите себични. Некои од нас имаат љубов и за надвор од стандардните граници без на никого ништо да не му биде ускратено. Да, возможно е. Правилно воспитување на детето не може да го направи несреќно.
     
    На Цвет88, *Ench@nted*, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  6. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Некој може да се носи со таа ситуација, некој не, секоја чест на тие што можат.
    Јас не можам да се носам , премногу е комплицирано за мене.
    Не осудувам нити сметам дека родителот што размислува спротивно од мене му мисли лошо на детето.
    Некои деца полесно прифаќаат новонастаната ситуација.
    Моето дете е премногу чувствително, можеби затоа размислувам вака.
    Кој како сака нека си прави.
    Како прстите на рацете што не се исти, така и луѓето, а со тоа и размислувањата.
    Тоа е тоа.
     
    Последна измена: 12 февруари 2018
    На m.i.g, Offspring, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.788
    Пред да оформам сопствена фамилија цврсто стоев на ставот дека не би била со партнер кој има дете. Постеше ментална блокада и следејќи го истото правило го најдов и сегашниот сопруг.

    Но, денес, од оваа перспектива, морам да кажам дека го имам променето мислењето по ова прашање.
    Хипотетички зборено, мислам дека да, би била способна да ја барам среќата и после развод и да прифатам партнер кој има деца. Сигурно не би чекала полнолетство на децата или да напуштат дом.

    Љубовта нема и не треба да има граници. Верувам во сопствената проценка и во тоа дека тој евентуален иден партнер би бил човек на место. Не би барала втор татко на децата, тие си имаат, би барала партнер.
     
    На Milobebence, kalinaka, tina-63 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Не би се мажела по вторпат. Врска можеби би имала ама подалеку од очите на децата. Заедничко живеење на постари години кога веќе ќе си го најдат својот пат -може, порано не. Не оти сакам жртва да глумам, туку оти поинаку едноставно не можам да замислам. Не би донела туѓ човек во куќа да живее со мое дете, па уште и свои деца да има. Пријател кој повремено доаѓа на кафе е веќе друга приказна.
     
    На Belgin1, mal.ecka, tina-63 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.844
    Допаѓања:
    19.538
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би прифатила партнер со дете .... Едноставно јас сум себична личност , сакам јас да сум на прво место , кога тој има дете , детето секогаш ке му биде на прво место ..... Немам јас предрасуди кон другите луге , слободно нека си се земаат кој кого сака , но лично за себе не .

    Еднаш бев мн гласна во кажување дека не сакам ниту брак ниту деца туку само заедничко живеење со партнер , и еден разведен со дете одма скокна и ми вели :Па мене тоа ми одговара |( Му реков само дрско :- Извини но не сакам партнер со приколици :doh:
    Едноставно бидете внимателни со вашиот избор на партнер, не е злато све што сјае ;)
     
    На Alisa22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Женски
    Јбг.Не сме сите себични како шо кажа една членка.Ако не можете да сакате туѓо дете само затоа шо во главата ви стои тоа дека не сте го родиле,тогаш никогаш никој ни вашето дете нема да го сака како свое.Ако сте со отворено срце и отворени за љубов,секое дете ќе биде ДЕТЕ,и ќе го сакате како дете.Со онаа енергија која ја имате ,привлекувате иста таква енергија.Ако сте разведени и имате дете,а сте со таква енергија дека не сте спремни за "туѓ багаж",верувајте само такви парнери ќе среќавате во животот ,кои исто така не се спремни за вашиот багаж.И никогаш нема да најдите партнер да ве сака вас и вашето дете ако потсвеста ви вели дека тоа и вие не би го прифатиле.Потсвеста и мислата ви го креираат животот.Ако не сте отворени за љубов,нема ни да најдете партнер отворен за љубов.Не на 60,ни на 160 год.Светот би бил поубав кога би се ширело љубов,наместо предрасуди
     
    На *Ench@nted*, tina-63 и zalosna им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ete vidis, ti mislis deka nie so nejkeme partneri so dete, imame predrasudi.
    Se lazes, jas nemam predrasudi, ednostavno nesakam da go kompliciram mojot, i zivotot na moite deca od pricini koi mislam deka spored mene se opravdani. Ne teram nikoj da misli kako mene.
    Predrasuda e nesto drugo, predrasuda e da sednam i da im sudam na site razvedeni so dete. A jas na primer ne go pravam toa, koj sto saka neka pravi, krajno sum otvorena po toa prasanje, ama vo mojot zivot i zivotot na moite deca, maz razveden so dete sto podaleku.
    Eve sega moite se razvedeni na primer, jas imam 27, sestra mi 31 godina. I nemam nisto protiv mama i tato da si najdat druski po stari godini da ne bidat sami. Ama da mi donesese mama ili tato, maz odnosno zena dodeka ne go fativ svojot pat vo zivotot, neznam stvarno kako kje si pominese. Tatko mi vo toa vreme (pred 7-8 godini) otide od doma da zivee so druga zena pa ic ne si pomina ubavo, a ne pak da ja donesese doma.
     
    Последна измена: 13 февруари 2018
    На Belgin1, Rebecca_R, P.S.love и 3 други им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.134
    Зошто да не? Ако двајцата се сакаат, а децата им/му се убаво воспитани, односите со бившата партнерка средени, тогаш не гледам ништо лошо во ова. За мене лично полошо е да бидам во дисфункционален брак мислејќи дека се жртвувам ради децата, кога всушност е обратното - тие ќе бидат сведоци на моето незадоволство.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да пишам во темава.
    Моето размислување се сведува на тоа дека не сум себична.
    Доколку случи да ме запрати таква судбина, да имам партнер со дете а јас немажена и доколку тоа што го имаме е посилно од се - мене детето не ми е никаква пречка.
    Секако ќе го прифатам како дел од себе, се разбира како втора мајка ( маќеа) но се зависи и колку детето е спремно да ме прифати и мене.
    И да родам дете, детето на мој маж нема да биде запоставено, ќе ги сакам неизмерно и двајцата.
    Дете е тоа, не е ништо виновно.
     
    На stetoskop и zalosna им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.267
    Пол:
    Женски
    Единствена ситуација каде ова би ми бил проблем, би било само ако неќам да имам дете воопшто, ни дете на партнерот, ни посвоено, и пак родено од мене. Во спротивно - воопшто не ми менува. Дете е, ако е под мој покрив ќе се обидам да не му фали ни влакно и ќе го сакам како мое.
     
    На Цвет88, Dadusicka, stetoskop и 2 други им се допаѓа ова.