Патецот го носев на левата страна, но сега повеќе не. Сега најчесто ги фаќам шишките со шнолче нагоре
Моментално ми е на десната страна. Неможам да го наместам поинаку затоа што по него ми е шишана косата. А и кога ќе се избањам, тој секогаш си стои каков што е.
Борба водев порано со патецот. Отсекогаш ми бил насредина и еднаш некој ми рече дека сум била ко отворена тетратка во главата. Оттогаш мака мачев на некоја страна да го терам. Ама тој се запна, нејќеше. Ни лево, ни десно, само право. Видов-не видов, појак беше од мене, се откажав и сега си го оставам да си тера право.
Прво ми беше патецот на средина...Потоа ми здосади и направив промена Сега го носам асиметрично,нешто накосо настрана Вака нешто:
Патецот ми е на десна страна затоа што така подобро ми стои. Сега планирам да сменам малку, да го затерам на средина. Ама незнам.
Наводно патецот на косата можел да биде машки и женски. Барем така фризерката ми кажуваше... Само не запамтив кој патец од која страна беше. Мене моментално ми е на левата, со тоа што често го менувам, особено во летниот период.
Го носам на левата страна а мразам патец на средина. И не мислам да го менувам бидејки најубаво ми стои на левата страна. И не се замарам тоа машки женски патец, нема врска кој каде сака ке си го носи.
Кога имам рамни шишки како сега, патецот ми е на средина, а кога шишките ми се долги и ги носам на страна и патецот ми е на страна(десна).
Моментално ми е на страна- на десната. Често правам промени.Понекогаш го носам на средина,некогаш ги фаќам шишките нагоре ама ептен ретко,побекогаш на лева понекогаш на десна страна...
кога ми беше на степен де на една де на друга страна ама добар беше. сега од коа се ишишав прилично рамно на средина ми е и се обожавам коа ќе се видам во огледало. некој ќе рече што ти мења патецот ? ама незнам ми ја смени формата на лицето преубаво ми стои, многу си се свиѓам и ќе си го носам така додека не ми здосади
Порано ми беше у раздељак те љубим. А сега ми е овака нешто. Ама често, знае да ми фати кривина, некогаш дури ми е и цик-цак. Зависи.
На средина. Сум ја носела и на страна и секако. Но сега со овој сум задоволна. Немам ни потреба да го менувам бидејќи и да сакам многу тешко би го сторила тоа. Имам густа коса па и после миење патецот си останува каков што сум си го направила пред да се избањкам.