Сега ми е на средина. До пред некое време ми беше на страна ама веќе ми досади така. А и мислам дека на лицето повеќе ми одговара патец на средина.
Шета мојот патец, те таму, те ваму. Не, вистина, јас имам долга коса и ја носам секогаш различно. Зависи од комбинацијата, расположението и времето. Често мојот патец е на средина, а сепак често ќе го видите и на најлевата страна или пак најдесната страна од главата. Немам шишки, всушност имам, ама во меѓувреме се неколку сантими пократки од целата коса, па сега ги пуштам да се израмнат во иста должина. Поради тоа, за да ги приберам, секогаш само со раката ги префрлам нагоре, и никогаш немам одредена страна на патец.
Мојот патец пак, е на левата страна... Ми се допаѓа косата само понекогаш прамените ми се префрлаат од обратната страна и тогаш се нервирам , иначе немам таков проблем.. извини што не можев да помогнам
Мене ми е на лева страна патецот веќе некои 5-6 години. Така подобро ми стои отколку на средина, а за на десната страна ич да не зборам.