Јас си го менувам патецот, но најчесто ми е на средина бидејќи имам прави полурамно исечени шишки. Кога го менувам птаецот обично и шишките ги вртам на таа страна.
Мислам дека немам патец. Не знам. Обично кога ја средувам пред огледало ставам патец на средина и потоа со прсти од едната страна префрлувам на друга и не е видлив никаков патец.
Пред некое време ми беше асиметричен,ама сега пак се вартив како порано на прав патец.Поубаво ми го оцртува лицето
моментално ми е на левата страна али некогас го менувам на десна,не ја оставам косава многу преиод на една страна,си мислам да нее е подобро да си ги менувам
До пред некое време ми беше настрана ама сега со последното шишање замина на средина како што е редот. Филмски е коа ќе видиш некоја со долга коса со патец на средина, пеглана косата, нежен пролетен ветар и коа ќе ти се заврти флип нели ?
Имам прав патец на страна, долга коса! Никогаш не сум го сакала патецот на средина, а и не ми стои убаво. Сум пробала и бев ко тетрратка во косата.
Ми почнува над средината од десното око (точно истото место од кога почнав да ја носам со патец на страна), а назад патецот ми завршува на темето. Ја носам косата вака од 15 години и веќе сама се двои на тоа место без проблем Кога имав шишки на страна ми почнуваше малку повеќе кон аголот на лицето, ама кратко беше тоа, еднаш ги ишишав и после ги израснав шишките пак.
Има начин да немам патец , онака строг , по секое миење сам што се прави ? Сакам да си ја соберам косата во коњско опавче , и колку и да ја влечам назад , над челото ми е многу строго дефиниран патецот не можам да го скријам .