Здраво девојки, мене боледувањето ми почна на 18ти мај, после пред да истече бев на комисија и ми го продолжија до 30ти Јуни… сега не ми е јасно како оди со исплатата… за јуни ќе земам од фирма плата или од фондот треба да чекам..?!
28 дена си под фирма после тоа си под фонд. Значи за мај ќе земеш од фирма и дел од јуни ќе земеш од фирма дел од фонд.
Девојки на патолошка бременост сум, 5ти месец имам бактерија уреоплазма и се боцкам со клексани поради генетски мутации. За 10 дена ќе правиме свадба, само црква и ресторан а два дена пред тоа матично. Ве молам кажете ми како да се заштитам денот на свадбата да не ми се случи нешто? Веќе си испланирав да си купам лиснати кросани и кока кола да си имам со мене во кола хахаах е сега за играњето ми е страв ајде совет. Фала ви
Ќе си облечеш ниско. Ако немаш потреба од лежење во кревет ради патолошката ќе свртиш еден круг и толку пут под нозе и накај дома. Јас бев целодневна така и наредниот ден болки доле си викав што е сега и ми кажаа одмори малце и намали со движење. Затоа не би ти препорачала да се замараш за играњето оди заврши си работа па на крштевка на дете ќе се изнаиграш и за свадбата
Неможам пут под нозе и накај дома затоа што е наша свадба хаха затоа и прашав. Па планирам да носам ниско и така нема да ми се гледа од фустанот и ќе си одмарам повеќе деновите пред и после свадбата
Здраво. На 23+5 ме пуштија итно Скопје на болница, цервикс 1,8 и водењакот и бебето многу долу. Ја имам бактеријата уреаплазма ми рекоа од нејзе е. Па сега лежам и мирувам на болница 34+3 сум. Можно е серклаж да ми правеле . Дали некоја има искуство и дали е опасно и колку време би лежела на болница?
И јас ја имам оваа бактерија и многу ме плаши, дали примаше некаква терапија за нејзе? Ако да што? И колку и е вредноста? Ти благодарам. А за другово не би знаела да ти одговорам, се надевам се ќе е добро.
https://forum.femina.mk/threads/Уреаплазма.28809/page-19 Мислам дека оваа тема повеќе ќе ти помогне.. се надевам ќе бидете добро со бебо
Јасно ми е дека е твоја свадба но ако условите не дозволуваат да стоиш на нозе сигурно нема да ризикуваш. Јас за тој еден ден со одмарања хематом си направив. Затоа ти викам пази се прво здравје на бебе па се понатака.
На 23+5 ме пуштија итно Скопје на болница, цервикс 1,8 и водењакот и бебето многу долу. Ја имам бактеријата уреаплазма ми рекоа од нејзе е. Па сега лежам и мирувам на болница 24+3 сум. Можно е серклаж да ми правеле . Дали некоја има искуство и дали е опасно и колку време би лежела на болница? На претходното ги имам згрешено неделите наместо 24, 34 сум напишала
Zdravo Do ponedelnik mi e patoloshkata i treba da prodolzam uste mesec no sakam da pocnam so rabota ( imam dozvola od lekar) t.e da ja prekinam. Ste prekinuvale patoloshka?Kako odi procedurata?
Никаква процедура. Не одиш на комисија и тоа е. Само да знаеш дека матичниот гинеколог нема да може да ти отвори ново боледување во рок од еден месец откако ќе го затвориш.
Здраво би сакала да прашам за издавање извештај од специјалист и конзилијарно мислење од ГАК, оди со упат од матичен гинеколог така? Во кои амбулатни на ГАК се вршат прегледите и дали многу се чека за преглед?За издавање на конзилијарно мислење на ГАК, како е процедурата?
Упат треба од матичен, и за специјалист и за кнзилијарно. Заборавив која амбуланта беше, пишува горе на упатот. И обавезно со мој термин да ти го даде матичната, затоа што со приоритетен кје ти прават проблем ќе те остават да се изначекаш последна ќе влезеш. Некогаш има мнгу гужва, некогаш побрзо оди.
Ќе лежиш колку што треба да лежиш, нема ништо дискутабилно овде. Ако ти правеле серклаж нели треба да ти кажат, у болница си така? Прашај доктор што се случува, нели доаѓаат на визита, мора да знаеш што се случува??? Со лесно нека ти е.
Другарка моја правеше свадба исто со патолошка бременост меѓутоа не беше на строга лежење туку само мирување. За венчавката побараа од попот во црква да трае што е можно пократко, да не е на нозе многу време. Во ресторан за време на сликањето и таа и зетот седеа на столици, гостите си се редеа околу нив. Го изигра само првиот танц и едно оро почетно. Останато време скоро цело го седеше.