1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патолошки лажговци (Pathological liars)

Дискусија во 'Психологија' започната од Noemi, 24 април 2011.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Патолошки лажач (Pathological liars)- личности кои по навика,компулсивно кажуваат лаги, кои може да бидат толку бизарни и претерани што упатуваат на ментално нарушување. Патолошките лажговци лажат 24/7. Кај нив ако порано ја детектираш лагата тие измислуваат нова за да се одбранат. Лажат за најразлични работи од тоа што јаделе за ручек, до тоа каков автомобил поседуваат.
    Познавате ли некои вакви личности? Какво е вашето мислење за патолошки лажговци? Како се однесувате кон нив? Дали го сметате за ментално нарушување?
    Јас познавам една личност која е дефинитивно патолошки лажго, лаже за сосема не битни, а и за некои големи работи. Имам пробано да и сугерирам дека знам дека зборува лаги преку "фаќање" во лага, но тогаш смислува нова лага за да се извади од ситуацијата. Јас го сметам за ментално нарушување, кое влијае на социјалниот живот на единката.
     
    На bibiiii и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  2. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    хахахахах.. е моите дома велат дека сум патолошки лажов :D зошто за се што кје стигнам ги лажам.. ама искрено јас не се сметам за патолошки лажго бидекји знам да бидам многу искрена.. а за лажговци ги познавам многу но мислам дека не сум сретнала некој што е лажго до толку.. хахахаххаа :rofl:
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Не сум запознала до сега некој паталошки лажго и не ни мислам дека ќе сретнам освен ако под некакви услови не се најдам во лудница. Дали некој дозволува овие луѓе слободно да се шетаат низ нашата околина без да и се пружи помош?
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Па тие луѓе не се луди па да ги затвараат.Патолошка лажливост е квалитативно растројство во помнењето,кога под дејство на сопствената фантазија,субјектот измислува нови настани,случки или доживувања,односно фантазијата ја прикажува како сеќавање. Баш во прва година на факултет учевме за патолошка лажливост и сите карактеритиќи ги препознав кај еден другар. Тој е оромен лажго што лаже да банални работи и само од лага во лага тони. Патолошките лажливци во своите лаги веруваат како да се вистина и така ги доживуват.
     
    На crazylady, Aleksandar1212, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Ако е патолошки лажго оној кој има потреба да лаже и за најмала ситница тогаш познавав една таква личност.
    Ми беше колешка на факултет и баш ова беше причината поради која престанавме да комуницираме.
    Бидејќи имаше добра душа и навистина не беше злонамерно нејзиното лажење сакав да бидам фер и да и кажам дека ми пречи тоа што лаже за ситни работи.
    Се засрами и ми призна.
    Бев дури и изненадена дека признава. Се извади со тоа дека не морале сите да ја знаат вистината.
    Ми беше драго што ми призна, сфатив дека и значам и дека не сака да ме изгуби како другарка.
    Јас и кажав дека заборава што лаже и дека сите колеги веќе забележале по неколку нејзини лаги.
    Се налути и ми кажа дека на време сум требала да и кажам. Можеби и имаше право, кој знае.
    После муабетот ништо не се смени, ми изгледаше како воопшто и да не се труди да се смени.
    Почнав да ја игнорирам и дури и здраво престанавме да си кажуваме на факултет.
    Сега немаме апсолутно никаков контакт.

    Нејзините лаги беа: Купив јаболка 150 денари килограм.
    Блузава ја купив 800 и после уште на 3 колешки ќе им каже 3 различни цени. (ги забораваше сопствените лаги)
    Притисокот и беше 50 со 30 (што е невозможно еден човек да функционира со толкав притисок)
    Леле има уште еден тон непотребни лаги што ги има кажано :x
    Пак ќе кажам девојчево ми беше супер другарка, за се беше коректна, никого немаше повредено ама ЕПТЕН лажеше. Едноставно неможев веќе да издржам, мачно ми беше да и посочувам дека лаже па после следуваше правдање и се така.
    Невозможна беше дружбата со неа.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Во ред никој не е совршен секој барем еднаш има кажано лага во животот некогаш мораме за да ги заштитиме блиските,да не повредиме некого дури и по цената да се повредиме себеси. Ама за постојано да лажеш за небитни работи? Тоа ми е како психолошки проблем како што на некои крадењето им станува навика така и лажењето,а и двете работи се слични односно се лоши. Не се сметам за патолошки лажго доста сум искрена,а за некогаш некоја лага да кажам еве си признавам ми се случува ама ретко! Сфатив дека искреноста е голем фактор во животот и дека треба да ја чуваме како најретка птица во која треба да се има доверба да се пушти од кафезот верувајќи дека нема да избега. (Не знам што ми стана денес со метафориве ццц ама веројатно сфативте што сакам да кажам) :* Поздрав до сите анти-патолошки лажговци.
     
    На Mikiciki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Епа кога веќе тие имаат квалитетно растројство треба да се лечат, а се знае тоа во која установа се прави.
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Очигледно не го разбираш поимотот патолошки лажливец! Да се лекува ама со помош на психијатар, а не да се сменсти во установа! Како така лесно си ги сваќате работите? Некој си има било каков психички проблем и одма оп во лудница.
     
    На anamarija65 и galapce им се допаѓа ова.
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Само имам едно за кажување...
    Господ нека им е на помош (смајлиштосекрсти) ... Нив тоа им е веќе влезено во крвта и неможе да се одвикне...
     
  10. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    имам една комшика што навистина е патолошки лажго!!!жената е во години но често да не речам секој ден ми доаѓа на кафе :lol: проблемот не е тоа,се е онака фина,културна и често знае да ми помогне,но сепак има страшна потреба да лаже за работи кои што мене и воопшто не ме интересираат.Пример ми вика ќерка ми замина за Италија за празников (заедно со маж и и детето) за да наредниот ден ми рече како зетот и се јавил да дојде до кај него во фирма.Или пак лаже за банални работи,како,лепчињава ги купив во фурната специјал(ја прачав бидејќи на девојчето мое многу му се допаднаа за да знам од каде ги набавила)ми вели 6 во паковање одат и чинат 200 ден. :lol: Одам барам,се глупирам,опишувам лепчиња во специјал,а вработените за такви и не слушнале,за случајно кога влегов во кам маркет да ги видам таму а и цената им беше околу 40 ден :lol: како и да е на ваквите хронични лажговци им треба и тоа како помош !!!
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    добро во право си, ама јас стварно го сметам ова за нешто многу сериозно и нешто страшно. Каков е животот на тие луѓе што се лажат самите и другите цело време?

    а и имам гледано еден филм, каде главнио актер е во лудница и во соба е заглавен со паталошки лажго и од тогаш ми е тоа внесено во психата :)
     
  12. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Познавам ваква личност, на почетокот мислев дека вистина кажува, послето сватив дека се што кажува е лага. Би можело да се каже дека е некаков вид ментално нарушување, не е по нивна воља, не го праат тоа свесно, немаат никаква лоша намера со тоа што ќе излажат али сепак лажат. Коа почнав на личноста во очи да и кажувам дека не е така тоа што го кажува, и и кажував се како што навистина беше таа се одалечи од мене а подоцна ми кажа дека и сметало тоа што не сум имала поверење у неа.
     
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Познавам многу вакви личности. Повеќе би рекла упаднати у филм, сакаат само да се фалат и не знаат уште што не да измислат да испаднат по интересни. Лажат и забораваат што кажале. Седи до мене ми кажува едно, после доаѓа друг и го кажува во друго издание |( е тогаш ми се се*е. Како на шала им го плескам во лице. Пример: Ај договори се едно кажи а не од прееска во 10 верзии :D . Со таквите ич не се замарам, нека продолжат да си режираат, барем мене не ми штетат.
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    До сега не сум ја имала таа "среќа" да запознаам ваква личност. И покрај тоа мислам дека е ужасно да си заглавен во сопствените лаги. Сите сме се нашле во ситуација да мораме да излажеме ама ова е веќе премногу и ненормално. :x
     
  15. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Познавам ваква личност, што е најтрагично е млада, всушност е прва година средно. Во основно учев во ист клас со неа и постојано лажеше за се и сешто, лажеше што и се случува во семејството, од каде нешто купила, не лажеше нас, ги лажеше нејзините родители, ги лажеше наставниците.. едноставно сите ги лажеше. Сега искрено не знам што се случува со неа, дали сè уште лаже како и порано, а не ме ни интересира. Сите од класот знаевме дека не лаже, така што се смеевме на нејзините лаги и постојано и повторувавме дека не е убаво да не лаже и дека нема ништо лошо во тоа да ја каже вистината, бидејќи кога тогаш ќе ја фатиме во тесно кога ќе заборави што кажала претходно.
     
  16. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Мене најискрено ми се плачи од вакви, познавам една и се чувствувам буквално како будала од самата помисла дека си мисли дека и верувам, ужасно многу ме нервира, а уште повеќе ме нервираат тие што им веруваат, познавам една таква и е доста умешна да смисли нова лага за да се извлечи од старата, ако и речеш дирекно тогаш само тебе лошо ќе те снајде, ќе измисли еден куп лаги, ќе плачи, ќе цимоли и на крај ќе сврти еден куп луѓе против тебе, некогаш ја подбуцнувам, ама џабе, пак се вади на нешто, затоа и најчесто избегнувам разговори со неа..
    Ја знам од мала и отсекогаш била таква мислам ни дека нема да се смени, туку сосема спротивно, лажи се повеќе...за дотолку мали ситници како од каде си купи, што си купи, колку си купи и ја немам фатено во лага, можеби затоа што не ни ја прашувам, а и останатите претпоставувам, ама глупости, глупости, имам слушнато од неа, не знам што се обидува да направи со тоа што кажува еден куп лаги за ништо, онака...дефинитивно има бујна фантазија, ама и мозочни проблеми

    едит:
    сега се сетив, а знам дека и вие се сеќавате, па и на форумот си имавме патолошка лажга :!:
    и сеуште си ја имаме, ама овојпат помирна :!:
     
  17. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    хаха а јас одев со патолошки лажго .... сега станав алергична на лажговци . :envy:
     
    На O.l.i.v.a му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Мене некогаш навистина ме воодушевува начинот на кој функционираат во сопствениот свет на лаги. Патолошките лажговци толку самоуверено ве убедуваат во своите лаги што дури и се спремни да се караат со вас зошто им се спротивставувате. Апсурдно, но на крај ви наметнуваат дека вие сте виновни што не им верувате на лагите.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Познавам вакви личности, за жал и ми биле блиски. Али јас откако ги научив, им верувам само на едно "здраво , како си? "
    Кога еднаш ќе почнат, тоа им останува за цел живот, исто како зависност од цигари. Не можат да прекинат да лажат, тоа ги исполнува и крај. Испраксирани се, и во моментот можат да ти смислат убедлива приказна. Кога ќе ги фатиш дека лажат, во никој случај не признаваат и продолжуваат со нови лаги. Ужас, се чудам како не им е мака, ум треба за тоа бе. Дефинитивно им треба лечење за таа "болест".
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас имав ваква другарка порано. Секогаш беше интересно со неа, за какви не доживувања раскажуваше, нешто за што обично не би ни слушнала. Многу ја сакавме, омилена ни беше.