1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патолошки лажговци (Pathological liars)

Дискусија во 'Психологија' започната од Noemi, 24 април 2011.

  1. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Инаку заборавив да кажам имав една другарка што беше патолошки лажго и тоа многу голем.

    Поради нејзиниот бескрајно мизерен и досаден живот, и фактот што беше баш лесна девојка,но никој не ја сакаше почна да измислува приказни, измислуваше приказни како таа цел живот патувала (а бидена е само на едно место во друга држава да го посети татко и) и имала толку авантури и насекаде каде и да поминела врски се расипувале сите машки по неа бе еј! Ама само богати ја сакале раскажуваше како некое презгодно момче било дојдено од Англија ама знаело македонски и било некоја славна личност и имало телохранител се запознале така што оваа го сопнала телохранителот и тој се струполил и така успеала да го насмее, па оделе на часови по цртање толку бил талентиран бре еј! Била и во Дизниленд и таму некој се заљубил во неа. Потоа фантазираше за едно популарно момче кое не ни ја гледаше и купуваше мечиња и викаше дека тој и ги подарувал со натпис Те сакам. Потоа бендиса еден,а тој само да смува некоја и толку и овај виде оваа трча по него па ајде и возврати ајде да се муваме и оваа гревкава да рекла ама таа сфатила мување без без односи ццц. Тој една година поголем ,а како што е со законов книгите од постарите се даваат на новите што се сега таа година и сега оваа за да почне муабет му рекла јас ги имам твоите книги и нешто не се искинати супер се,а мене пак ме најде бељата зошто јас ги имав и недостасуваше еден учебник и сакав сега да го прашам на детето зошто така, ама ајде.
     
  2. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    сега ми текна и на една бивша другарка која е бескраен патолошки лажго :rofl: ми текнува на муабетите кога кажуваше како нејзинотот куче кое го чуваат по дома имало резервирано место на масата покрај нив на секој оброк,јадело од чинија со лажица супа и сл :rofl: како нејзината желка која беше од оние големите искачала сама од аквариумот као демек ќе прошетала низ стан и пак ќе си влегла внатре :rofl: Исто така се случуваше кога ќе бевме на нечиј роденден,собиранка или било каде цело друштво да дојде и околу полнок да си оди као ја чекале друго друштво па ќе одела ваму-таму што ти ја знам,а уствари вистината беше дека немаше излез од дома :rofl: замислете тоа го кажуваше 20 годишна девојка :D
     
  3. Tedy.Bear

    Tedy.Bear Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Една другарка од основно е гоооооооооолем лажго. Понекогаш лаже за глупости за кои мене не би ми ни паднало на памет.Еднаш на мојата најдобра другарка и направи цела приказна како еден од нејзин клас ја свиѓал а детето никад не ни слушнало за неа. Не можам да поверувам дека постојат такви луѓе али баш ми е гајле нека лаже ако така се осеќа поубаво..:D
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.204
    Извини вака ама незнам како можеш да се замараш дотолку за ваква личност. Едноставно исклучија кога ќе зборува а не да и запамтиш се што кажала на која дата и во кое време.. Ако олку памтиш, кога тогаш ќе полудиш ..
     
  5. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Аууу многу лоша работа. Имав порано еден другар што афтоматски со секој изустен збор кажуваше лага. Уште на почетокот кога почнавме да се дружиме лажеше буквално за се и сешто за најбанални работи. И после кога ќе каже нешто вистина купил или му се случило сите реагираа аха добро, додека не видам не верувам. После тоа почна да ја лаже женска му баш за се (не дека не дозна и дека имаше потреба да се лаже) . Лажги од типот каде живее, на кој факултет учи, каде живее, што работаат неговите, каква кола вози.. и не само дека патеше од комплекс да има повеќе... значи ништо од работите околу него не биле за потценување ама ете, лажењето е посилно од него... сега веќе не се дружиме (дружењето престана заради тоа лажење зошто смета) ама претпоставувам дека уште си лаже, нема лек за тоа
     
  6. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Јас не сум, но имам познаничка која е. Има само 15 години а 90 % од работите што ги кажува се лаги. И тоа знае дека повеќето приметуваме дека лаже ама пак си продолжува и е гајле.
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Знам еден патолошки лажго!

    или подобро да кажам лажга! Лаже - суши!

    тетка ми е, ама има 15-16 години.

    Бев на настап у Холадндија.
    Бев у Њу Јорк.
    Стаила на фб слика од Париз, т.е. Ајфелова, и пишала - најубаво си поминав!
    Она е од друг град, и им кажувала таму дека ќе оди во Скопје во нејзиното студио да снима песна! А дојде кај мене на гости.

    Ме отече!

    Мислам дека се исклучив тотално, само „ Да?“, „Ахам, и?“ и слични изрази ги повторував несвесно. Некој да ме прашаше колку е саат, јас ахам да ќе му одговорев.

    Исто така лажеше дека била у Охрид 4 дена, настапувала со Слаткар, после ќе одела у Холаднија 2 недели, со Елена Ристевска.

    И плус нешто. Се гледаме на камера ( у нејзина соба познав веднаш по завесата) И и викам као:
    -Кај си?
    Еве, у Холандија се спремам за настам, вежбам!
    -Ахам кај ќе настапуваш?
    Па незнам го чекам МЕНАЏЕРОТ да дојде у собава, да ми донесе коктел, и он ќе ми каже.
    -И јас ааааа, а извини у хотелот исти завеси имаш ко дома?
    Не беееее! Не сум у хотел, у мојата куќа сум, у Холандија, иста соба си направив, да не бидам носталгична.
    -Ахам...ок. Ај јас одам да се јавам на мајка ми.
    Чао.

    И зиам телефонот и и вртам на домашен. Ми се јавува Ало, кој е таму? - Дејзи. Нели си у Холандија бе? - Па да, само ми се пренасочува телефонот!

    И јас од тогаш, се откажав тотално! Ни ја викам на гости, ни ништо! Такво дете неам видено!


    [​IMG]
     
    На okcenzi и naturally им се допаѓа ова.
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    познавам такви луѓе :$ :$ кревам раменици не ги разбирам навистина како така функционираати како во глава си ги сервираат тие нивни лажни филмови информации дешавки :swear: :swear: :swear: :swear: понекогаш мислам дека тие можда и не можат да разликуваат лага од вистина тие едноставно веруваат во тоа што го лажат :( :(
     
  9. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Имав една другарка која мислам дека спаѓа во групата на патолошки лажговци.Незнам,но по работите кои ги збореше и измислуваше,си мислам дека и таа самата си веруваше во нејзините лаги.Ни кажуваше работи кои подоцна излегуваа на виделина дека всушност нема ништо од тоа што таа претходно ни кажуваше.Ај мислев,тогаш бевме средно,може дека тинејџерка,сака да се направи важна...но таа продолжи да лаже и на нејзните 24-25 години :) за исти и слични работи како и претходно.
     
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878

    исто така...само за жал сум сретнала многу личности кои се баш лажговци
     
  11. zara

    zara Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28

    Да можам ќе и ставам ЛАЈК на сликата дома во скопје ахахахахахахахахахах
    која патологија :)
     
  12. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    И јас познавам еден таков тип.Постојано,несвесно лаже без разлика дали за некои ситници или пак големи работи.Тие што го познаваат воопшто не му веруваат,го оставаат да си каже што си има па некогаш дури и го подбуцнуваат.Понекогаш(почесто)со тоа што лаже сака да биде центар на внимание.Најтрагичното е што глупости збори.

    Еве една случка.
    Тој,девојката негова и еден негов другар се шетале покрај кеј и овој му вели на другарот:Брат ти текнува кога Вардар заледи и излегоа пингвини?
    Девојката поверувала што е најтрагично.

    Лошо,многу лошо..И смешно.
     
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Јас знам едно девојче сто премногу лаже и свесно и несвесно.Постојано лаже.Кога ке ја фатат во лага со брзина на светлината смислува нова.95% од тоа што го кажува е лага.Навистина незнам како да го дефинирам ова-како навика или како болест? Во некои ситуации можеби помага,но воопшто не е пријатно за околината :worried: А јас каква тапа сум за лажење.Абе воопшто незнам да лажам :tmi: Еднаш се обидов и целата се исплеткав и од тој ден се откажав од мојата лажачка кариера :D
     
  14. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Сум имала така пријателки што лажат, али не се до тој степен. Иако имам братучетка-20 години има и секогаш, ама секогаш ги преувеличува работите и си подлажува, на пр. за некое искачање, сите дешавки што се случиле она ги преувеличува и после кога ќе зборам на пр со некој друг другар он ми кажува како „не бе што ти е?“ и не само тоа, ми се има и случено да ја викнам на пр на доручек кај мене и викам бирај што сакаш и она сакаше мусли да јаде, и после вечерта кога бевме излезени со друштво он збореше као ЈА сум ја терала да јаде мусли и слично, онака едноставно ја преувеличува прикаската за да стане поинтересна и она да биде во центар на внимание.

    Инаку мислам дека патолошката лажливост настанува од мн мала самодоверба- лажат за да сокријат какви се, колку имаат и слично. Сето тоа лажење каде биле, што правеле, со кого биле е резултат на тоа дека сакаат да го имаат али го немаат и имаат потреба да си се полнат со лаги и да си се лажат самите себе... Лек единствено некој да ги има на контрола и да не мрдаат и да им помогнат, ретко има случаеви во кои сами се откажале, иако има секако нели...

    :)
     
  15. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Јас познавав личност која лажеше неверојатно многу. Страшно дури. Не ме лажеше само мене, ги лажеше сите и другарките и домашните, за најразлични работи, понекогаш прилично големи и важни. Во еден случај ја фатив во лага и ја соочив! Броев, кажа 10 нови лаги, не претерувам, цели 10 нови за да проба да се извлече... и на крај се откажа и се што можеше е да се насмее. Верувам дека не беше патологија во прашање.

    Она што мислам дека беше причината е немање храброст и верба во себе за да се соочиш со вистината. Тоа се лабилни личности кои работите не можат да ги прифатат какви што се па лагите им се еден вид ескапизам од обврските и од секојдневните животни удари. Премногу се слаби. Едноставно не веруваат во своите квалитети и дека би можеле сето тоа да го поднесат.

    Најпатетични ми се оние кои лажат за да се направат нешто повеќе од она што се па се китат со пердуви што не се нивни. Страшно мизерно... Вистината, колку и да е болна, секогаш се цени далеку повеќе од која било лага.
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Талентов (односно болеста) се учи, т.е. се здобива од мали нозе.

    Пример, дечињата кои ги чувам некогаш на мајка ми и трубат - М ме тепаше!!!
    Онака, баш реално, со тажна фацка.
    Мајка ми - Кога?
    И малава - Утре.

    Ете ти.
    Неивентивност и неснаодливост од сам старт во градење на кариерата наречена патолошки лажго.
    :D

    А некои други малечки се толку убедливи и веродостојни, како можат да ти го збиберат, ќе те направат насилник, нетокму со ум. :^)
    Брррррр, страва се луѓево, што мали, што големи.
     
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Лажговци имало и ќе има.Мене лично ми е забавно да ги слушам додека ме лажат,па уште и кога ќе ги занесам малку во муабет,па кога ќе почнат да се губат,абе гревчиња,да ти е жал да ги гледаш.

    Недај боже некоја таква да ја поденеш за некоја нејзина лага да ја прераскаже пред други,ќе почне да филува,да додава и се во очи ќе ме гледа ;)

    Па ајде,доколку не лажат онолку колку што е доволно за да не насмеат ,во ред е ,ама ако со лагата се обидува да ми згазне на семејството или работното место е тогаш нека му ја мисли. :^)
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Ух, јас имав една другарка таква. Се кај неа беше марка, и се шиеја фустани којзнае каде и којзнае колку коштаа со Сваровски за една свадба и на крај беше со обични кратки панталони и маичка, кои не беа ни нејзини туку на братучедка и.(тие навистина имаат пари, не дека немаат, ама претера со такви слични лажења). Сега има дечко и ни рече дека бил модел и за св. Валентин, до кој не одеа ни 15 дена и купил некој си таму парфем од 3-4000 денари (заборавив кој беше)
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Си имам работа со еден таков. Ако, нека си мисли дека верувам. :D
     
  20. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Значи сестра ми лаже како ѓуптин :@
    Беше на одмор во Египет и на сите слики кои што ги покажуваше по куќи беше сама. А јас во компјутер најдов слики со еден турчин каде што биле заедно цело време.. Ама не кажува дека има дечко. Туку сака за себеси да остава впечаток дека е single and fabulous |(
    A замислете зема само 18.000 плата, плаќа стан во Скопје, во центар и тоа :!: А за шопинзи во Солун и Италија да не правиме муабет.
    Кога ќе дојде дома оди по фамилија и комшии и се фали како од работа ја пратиле на одмор во Египет, има лимит на телефон и до 20.000 ден (инаку 2 пати и го одзедоа телефонот поради пречекорување на лимитот)
    И нема врска.Најмногу што ми смета е тоа што мене ми иде да полудам кога ќе ми речат „леле сестра ти е многу паметна, прошетана,си го живее животот“ , „Ти не си на одмор? Види сестра ти прекрасно си поминала“ А во една прилика ми вика „Ти не одиш некаде на езерце барем“? :@ А со дечко ми беа колеги и знае колку се зема плата...ц,ц,ц,.... :@ :@ :@
    Ја фатив во лага во врска со типот, а таа упорно си лаже и лаже...
    Се откажав више од намерата да ми признае...За ова и х други причини не зборам 1 година со неа :emo: