1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патолошки лажговци (Pathological liars)

Дискусија во 'Психологија' започната од Noemi, 24 април 2011.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Овие ми се најсмешни они продолжуваат да лажат ама си мислат дека не се приметува , а тоа само што отвориле уста се гледа дека е нова лага
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Истиот случај и овде.Ко матица ни беше ,сите не оставаше со подзинати усти со нејзините приказни.

    Ама секогаш ,буквално секогаш таа имаше по некој интересен "факт" да ни соопшти ,да не просветли ,да не насмее ,море како патувала низ светот со нејзините родители ,како имале тие огромно богатство ,ама го криече дури во Грција...(*Смајлишосекрстисолева)

    Секоја чест :clap: ,којзнае колку долго не лажеше..

    Ама болката беше кога ја откривме , никој не остана покрај нејзе повеќе.
    Комплетно прекинавме секаква комуникација,without possibilities of parole. :)
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Не е проблем кога ќе налеташ на патолошки лажго или лажга кои тоа го прават без зла намера туку си се такви си лажуцкаат дека е посилно од нив ама кога ќе налеташ на таков кој свесно те лаже со месеци а ти од тоа лажење трпиш штета и после дознаеш дека те влечеле за нос којзнае колку време ти иде да побесниш.

    Е таквите треба да имаш осет да ги познаеш од старт и да расчистиш со нив што побргу.
     
  4. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Луѓе кои лажат, не ги сакам. Имав една другарка која за се ни правеше филмови, демек на неа и било нај убаво со дечкото ( а тие двајца само се караа ), па дека и пееле серенади, добивала дома букети од разни дечковци... бла бла.... ...
    Според мене тие лажат бидејќи се срамат да кажат кои се всушност тие .... и така беше и таа, но од коа ја дознав шо човек е .... не ја сакав толку многу, ако си другарка, јас сметам дека нема потреба од лаги, поздрав ... :*
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Патолошките лажговци сами си се убедени во лагите дека се вистина. Имавме еден другар кој во очи не лажеше како дипломирал, како се вработив во МВР а ова врска нема. Маж ми ја сретнал мајка му и и рекол честито дипломска, работа а женава сирота врска нема и се издала дека син и лаже.
    После го научивме дека е патолошки лажго,а отвори уста а излаже.
    И најстрашното е дека луге што не го знаат мислат дека зборува вистина. Најде една девојка во Охрид отиде да живее со неа, па ја лажел дека има дипломирано, дека работи во агенција за разузнавање па бил на тајна мисија и на крај го открија и му ја удрија клоцата.
    Искрено и јас некогаш знам да кажам ситна лага на пример кога ке ми се јават гости а не ми е до гости ке речам на роденден сме вечер и крај, но да лажам за крупни работи боже пази. На лагата и се кратки нозете, точна е поговорката.
     
  6. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Жално е, зошто повеќе и тие самите не свесни дека лажат. Сум имала такви личности во мојот живот, и моментално имам една. На почеток неможев да ги приметам, зошто имав доверба во нив. Али сега и малку смешно е, зошто дојде до степен каде што самата таа личност се вплетнува во лага и не знае како да се извлече. Кога ќе надополнам со прашање, чекај не ми е јасно? Одговорот што следнува, ајде нема врска. Пошто веќе не знае што да одговори.

    Незнам искрено дали е во внимание, така кога се кажува нешто да се надополнува да се измислува колку да е поинтересно, да се обрати внимание.. да се создаде драма. Само знам, дека ствара проблеми.
    Бидејќи според мене има такви патолошки лажговци, како што спомнав за внимание, како што и претходно неколку од феминките напоменале, ваму сум бил/а, тоа сум правел/а итн итн. Али тука се и другите, кои баш неосетно си подлажнуваат и пренесуваат муабети низ другар/ки и како што спомнав стварат проблеми. Кога тогаш, се открива што е проблемот, но сепак..
     
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    166.694
    Пол:
    Женски
    Имам и ја ваков случај во друштво.
    Која е потребата од ваква лага: "еј денеска слегов до продавница купив мастики" ?? Сфашта |(
    Ама шо ќе праиш.. за еден патолошки лажго тоа е душевна храна. Иронијата е во тоа шо, нивните лаги најчесто не не повредуваат, со тоа шо тие се склони да ги измислат или евентуално преувеличат нивните секојдневни дешавки, или нечии други теоретски да ги присвојат, и нормално преувеличат истите.
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Имам една таква на работа.Ваквите луѓе се неподносливи.Мислам дека проблемот им лежи во фрустрациите и комплексите.Значи она со такво лажење од никој и ништо стана некој во фирма.Толку добро лаже,што да не ја знам и јас ќе и поверувам :D Лаже,суши,ми вреѓа интелигенција :!:
    Значи везе кога лаже,и во момент смислува ако нешто ја фатиш .И тоа какви приказни филува,па со податоци,па со факти тоа како и работи мозокот ,чудо невидено :geek: .
    Мразам вакви луѓе и не ги сакам во близина ,ме иритираат.А и никогаш незнаеш ако некогаш ја кажува вистината :D
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Моментот е кога ја знаеш вистината, а тој упорно и упорно... :tmi:

    Обично на крајот секогаш излегувало дека тие се срамат од самите себе, не само што не си се сакаат, туку ја мразат и својата личност. А како да сакам некого, без разлика на кој начин, ако не се почитувам себе си ? Дури мислам и дека можеби ова треба да се лечи.
     
  10. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Јас ја познавам една и им прави проблеми во врските на машките, еден мој братучед е во сериозна врска, она викаше дека се мувал со неа и дека ке се вереле а он врска немаше која е таа па излегувале на вечера и што не друго, на еден друг исто така дека излегувале заедно а типов верен беше и на многу други. Па одела на свирки и се мувала со кој најсе, алиштата се и биле "марка" лаже и за ситници и за глупости. На некој им е интересна на а јас имам едно здраво и ништо повеќе не би сакала да бидам дел од нејзините сплетки.
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    јас избегнувам да лажам, а познавам луѓе кои стварно се патолошки лажговци. Мислам дека на сето тоа има влијание детството и воспитанието :D
     
  12. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    1.694
    Уште како мала имав ''дарба'' да чувстувам лага, осеќам трепет и го читам лицето на личноста и не ми е во моменти на нормала во такви ситуации. Имам колешка, дефинитивно патолошка лажга. Но,работата е тоа што,почнав да го сфаќам како нарушување, како менталност. Не знам како да објаснам,не знам како да помогнам и уште помалце да се вмешам кога знам кога некој лаже. До сега не сум зборувала отворено на оваа тема бидејќи ова го знаат луѓе кои се бројат на една рака и се свесни дека нема потреба да ме лажат. Инаку, колешкава ми е многу драга, мила и супер е како личност која не ја познаваш, ама како друго ништо. Лаже на факултет, лаже дома, лаже за било што во било кој момент. И што е најлошо, не знам како да и помогнам иако длабоко во мене има грутка што мисли дека нема лек и тоа е што е, волкот не го менува карактерот, туку само влакното...
     
  13. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    Интересни ми се патолошки лажговци, за психолошки анализи. Никогаш не се врзувам за некоја таква личност, обично после втора лага ги бришам, па кој и да е. Ама интересно ми е со дистанца да ги посматрам. Како влегуваат од лага во лага мислејќи дека се извлекуваат од првата. Имаат храброст во очи да те гледаат и да те лажат без да трепнат. Ама скоро секогаш се откриени, зашто ретко паметат што излагале. Не сакам такви личности во мојот живот. И секако мислам дека е во прашање некое психолошко нарушување.
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Патолошките лажговци уствари уопште не се опасни и неумеат вешто да ве излажат затоа што се многу предвидливи и обично нивните лаги се неверојатни, несекојдневни, чудни... T
    Tаквите личности добиваат статус на луѓе на кои што не може да им се верува, дури и кога ќе ја кажуваат вистината џабе им е.

    Имав другарче у маало кој што е патолошки лажго, не убедуваше како чува лав у подрум, како на некое дете му го извадиле срцето па пак му го вратиле и оживеало :D и сеуште е таков слушнав неодамна лажел дека добил на лото. :D
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Море и тоа како се опасни ако самите се убедени во тие лаги што ги кажуваат. Да видиш какви проблеми можат да настанат, цели семејства се растураат, ако излажеш дека прв братучед на другарка ти се обидел сексуално да те нападне.
     
  16. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Да, ама не за долго, обично тие имаат статус на лажговци и ретко кој им верува освен ако ти е сосема непознат, а во непознати личности никој нема доверба...
     
  17. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Јас имам другар/комшија кој не знам баш дали е за во оваа категорија. Дечково се фали само за богатство и пари. Живее во 2 собен стан со родителите и сестра, а кога се запознава со некој ( најчесто со девојка) лаже дека има куќа во Охрид, дека во Скопје има стан од 120 квадрати, дека има Х5, Хонда Цивик и Пежо (забораив какво), а устврари има едно Тико, што мислам ќе се распадне побрзо од Украина. Често знае да се изнафали дека има фирма и дека татко му ретко е тамо и му ја оставил на синов да ја води. Инаку со нас останатите си е искрен. Не знам дали со тоа сака да импресионира некоја девојка, но често и го напуштаат. Ете упорно си ја прави истата грешка.
     
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Ја читам темава внимателно и мислам повеќето не ни разбираат што е патолошки лажго. Таков човек треба да оди во лудница, луд е, ваков, таков...не, не треба во лудница туку мал разговор со психолог ќе заврши работа.
    Некој станува патолошки лажго за да добие поголемо внимание. Пример, гледа дека не му се случува ништо интересно, секојдневието му е монотоно, не добива внимание и тогаш почнува полека да измислува некои лаги. Кога ќе успее да го добие посакуваното внимание тогаш почнува да измислува уште лаги, па уште, и уште, за на крај да почне да кажува бесмислици, па луѓето околу него ќе почнат да се сомневаат.
    Едноставно му годи тоа внимание што го добива, сам си се величи и сака да изгледа како интересна личност, како супехерој....и што е најтрагично сам си верува во тие лаги.
    Лагите ги кажува со емоции, навлегува во детали...како стварно тоа да му се десило.
    Почнав да ја читам темава пошто приметив некои знаци кај другар. Пред некој месец раскина со девојка му, и така почна да измислува дека пред некоја недела го барала, дека се виделе, дека не знаел што да прави повеќе, дека му треба совет...ама го фатив дека лаже ( му давам до знаење дека знам за лагите, ама тој си тера).
    Мислам дека тоа го прави за внимание. После лажеше дека баба му е болна (на приемр таа има настинка, а тој преувеличува), па лаже за некои други девојки и настани. (измислува)
    Не знам дали и другите го приметиле во друштвото, не сме зборувале околу таа тема. Стварно сакам да му помогнам....ете да речеме мене не ми смета и да ме лаже, ама понатака во животот ќе има проблеми.
     
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Не сум имала можност да запознаам ваков тип на личност, но доколку се случи тоа не би се замарала многу со нечија потреба за лажење. Таквото однесување е провидно, лесно воочливо и за кратко време детектирано. Веројатно тоа е психичко нарушување штом некој се карактеризира со такви препознатливи манири на лажење дури и кога лагите се сосема излишни и смешни од психолошка анализа.