Мислам дека пола од вас не разбирате што значи ПАТОЛОШКИ ЛАЖЛИВЕЦ. Ако некој кажува обични мали лаги е само лажго, ништо повеќе. Патолошки лажливец би рекол, еј преѓе ручав со Бред Пит, или Ти мене не можеш да ме лажеш, татко ми е агент во ЦИА и ќе те уапси. Сфаќате која е разликата. Лагите на патолошките лажговци се смешни, зошто се познава дека се лаги, тие не се трудат да излажат, тоа го користат како одбрана или како фалење, а не како лага.
Уау! Е, добро е да се знае Ама даааа, тие што ги споменав така некако лажат, кога ќе размислам... Се вадат со тоа или сакаат да се покажат/докажат па измислуваат ова купиле она купиле , вака ќе било онака ќе било, тоа се случило она се случило а уствари нема врска
Да не заборавите, патолошки лажливец е исто толку опасен како што се социопатите и шизофреничарите. Сите за во лудница се под соодветна терапија.
Јас сум само лажго, но лажам само по потреба и да сокриам чуства.Никогаш не би лажела за такви банални работи, но познавам девојчиња што за се лажат како они биле на одмор во Дубаи, а немаат пари за леб.
Еве што вели Википедија за тоа што е патолошки лажго - Митоманија е термин кој означува болна опсесија на одредени луѓе да измислуваат приказни за неверојатни случки, како и да ја извртуваат вистината и да претеруваат во опишувањето на вистински случки, со цел да се прикажат самите себеси во поволно светло. Кај децата со ран развој, митоманијата е нормална развојна појава, додека пак кај возрасните, најчесто, потекнува од суетата, бујната машта, емоцијалната незрелост и потиснатото чувство на мала вредност.
не познавам до толку таква личност но знам дека има уште едно има за ова се вика синдром на барон минхаузен
Ц ц ц ова е опишан Татко ми на почетокот од темата. Лаже буквално за се и кога ке го фатам на лага ете и друга... Да со години веке мислам дека чоекот не му се овците на број ама нема што да се прави! Само му кажувам дека знам дека лаже па што сака нека вика јас не му верувам!
Полошо нешто од вакви личности нема,искрено до пред неколку години немаше да верувам дека ги има и такви ама се уверив,имено на сопругот брат слободно можам да го вбројам во оваа категорија,на почеток му верував заа се што кажуваше но со тек на време сватив дека човекот буквално за се лажи и тоа некој глупости дури незнам како да реагирам значи не ми е мака што лажи туку што мисли дека му верувам и јас и сите околу него.Човекот еден брак уништи баш за тие лаги ,попатно ми прави некогаш кавги со свекрвата баш со тие лаги .
Имама еден колега патопошки случај. Тој буквално застануваш 3 минути муабет да правиш и почнува, јас издадов книга, бев на ручек со Иванов сега, јас ова јас она..Значи истиот муабет е секој пат, не прекина со лажење. Ама во ред е и тоа е дијагноза па не у заметува никој. Друго порано имав една другарка, лелее лажење, некогаш толку непотребно лажеше, а бе буквално се што ќе каже ќе излаже. Е тоа е веќе болест исто така, и не се смени уште е иста џабе и години и се.
Патолошки лажговци се најчесто луѓе на кои ништо не им се случува во животот па имаат потреба да лажат за да привлечат внимание. Со кажувањето лаги мислат дека се поинтересни личности и дека така ќе бидат полесно прифатени од другите. Патолошките лажговци имаат ниска самодоверба и најверојатно некое психичко нарушување.
Јас имав таква другарка. Абе за секоја ситница ме лажеше. Кога некој лаже кај мене на лицето одма можеш да видиш дека не ти верувам, кога ќе завршеше кје ми речеше: МЕНЕ НЕ МИ ВЕРУВАШ??? и така кје се испокаравме заради сите лаги шо ги изнакажа. Се испотепавме и сега пак сме во одделение ама ни збор не си кажуваме.
Jas sum rabotela so kolega patoloski lazov. Covekov ima i druga bolest sto mislam deka lekovite mu se pricina za lazenje. Site bevme nogu kulturni i go toleriravme, nikogas ne zborevme za negovite lazgi no koga kazuvase nesto site onaka nenamerno se poglednuvavme. Strasno bese da se raboti so covek 50god ,a laze kako malo dete. Lazese se i sesto i ne birase kogo, klienti, gazdata, drzavnite institucii... ama idi reci nesto. Zastiten si e od drzavata.
Имам една другарка таква, а зине - лаже. Сака да се прави жртва по секоја цена. Од кога ја знам живее во свој свет. За жал,некогаш може стварно ќе е така - ама нема да и поверувам...
Имам внука 8 години и кога и да дојде дома се нешто лаже, дали за дома, дали за другарките, дали за на училиште....се чудиме како и текнуваат такви лаги....во стилот дека таа била Турција на одмор со стрикото (а тој навистина беше на одмор 7 дена), па опиша како летала со авион, па како се возела со лифтот во хотелот, како се капела во базен.... мислиш девојчево вистина таму - дури до тоа што и купиле подарок кој таа сама си го одбрала. Родителите се смеат им е интересно....и само се надевам дека ќе и е фаза од детството
Јас не верувам дека е фаза и малку родителите треба да се загрижени, детето што повеќе расте толку повеќе ќе лаже.
Ми треба ваш совет незнам дали прашањето е за овде ама нз каде да се обратам... Имам најдобра другарка се дружиме веќе 5години за личност ја сметам за најдобра во сите тешки моменти таа беше до мене за се буквално ми помагаше а и за секој би направила добро ,меѓутоа прееемногуу лаже секој втор збор и е лага ама буквално за се и за најмала глупост сите околу себе ги лаже за се и сешто ... и мене исто дури ме уверуваше дека излегува со дечко кој не постои-имагинарен беше и другарка измислуваше дека има па направи и профил од неа лажеше дека се дружат измислуваше и другарки ... ако продолжам нема крај Тоа кај неа најмногу ме нервира,довербата скроз ја изгубив.. незнам веќе како да постапам Помош?
Мислам дека познавам 2ца патолошки лажговци, за едната не сум сигурна баш, ама другата дефинитивно е. Би рекла дека се прилично токсични луѓе кои можат да ти го уништат животот во голема мера, не мора да значи, но барем јас имам такво искуство. Откако се тргнав од нив се преродив како одново да сум започнала дел од животот и да не ја исклучуваме опцијата дека откако ќе се тргнете од нив ќе почнат да кажуваат лаги наоколу и за вас...
Знам патолошки лажов..ја знам доволно добро и доволно долго. Искрено мислам дека на ваквите луѓе им треба стручна помош ама најозбилно.Да лажеш 24/7 за било што мора да ти фали жичка во главата или са имаш вишок жичка. Сите лажеме да, и јас знам да излажам ама ако има причина, а не а зинат лажат. Why???